хрватски пејач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 04 May 2023 06:56:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хрватски пејач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатиот хрватски пејач ја изгуби битката со тешката болест: Почина Јасмин Ставрос https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-hrvatski-pejach-ja-izgubi-bitkata-so-teshkata-bolest-pochina-jasmin-stavros/ Thu, 04 May 2023 06:51:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300520

Кралот на забавата како што го нарекоа хрватските медиуми, пејачот Јасмин Ставрос почина на 68-годишна возраст во клиниката за белодробни заболувања Јордановац,  потврдија неговиот менаџер Љубо Шепериќ и лекарите на КБЦ Загреб. Тој се борел со тешката болест, ракот на коските и се лекувал во болницата „Ребро“. За пет децении на сцената помина низ се - долго време одржуваше 120 концерти годишно, а само последниве години, а по сопствена одлука речиси десет пати помалку. Уште од првите денови од кариерата, која ја започна како тапанар и тоа добар, беше и остана познат по својата професионалност, но и по подготвеноста да зборува на сите теми од кои многу познати личности бегаат. Не сакал да крие ништо, па затоа бил секогаш отворен кога се работи за семејството, љубовта и животните битки кои тој и неговите најблиски ги воделе.   Никогаш не пропуштил да ја спомне сопругата Жарка, љубовта на неговиот живот, со задолжителната забелешка дека самиот Бог му ја испратил. Свиреше во групата „Море“ и живееше напорен живот како музичар, а очајно сакаше да најде љубов, жена која секогаш ќе биде покрај него до последниот ден. Тој и неговата сопруга Жарка имаа два сина. Постариот Мило е музички продуценти има син, кој исто така се вика Мило од врската со телевизиската новинарка Ана Мишчевиќ. А популарниот дедо својот внук го обожаваше. Помладиот син Крешо, кој сега има 44 години, речиси цел живот има здравствени проблеми. Како дете го преболел менингитисот, подоцна било утврдено дека има хидроцефалус, а поради компликации  многу пати бил во болница и бил подложен на серија операции. Ставрос пред да почине поради компликации на белите дробови од Одделението за онкологија во Ребро во Загреб е префрлен на соседната Клиника за белодробни заболувања во Јордановац, а причина за префрлувањето во друга болница е, како што дознаваме, таложење вода во белите дробови. Лекарите морале да му стават дрен на Ставрос за да ја смират состојбата. Вечнаја памјат на хрватскиот крал на забавата со потсетување на еден од неговите најголеми хитови, песната „Жено“: ]]>

Во тешка сообраќајка загина познатиот хрватски пејач (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-teshka-soobrakjajka-zagina-poznatiot-hrvatski-pejach/ Wed, 04 Mar 2020 11:49:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137470

Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во Сплит. Според информациите од хрватските медиуми, загинатиот маж е познатиот пејач, фронтменот на групата „Smile“, Игор Нешиќ. „Сношти трагично не напушти нашиот драг колега, пејачот на бендот “Smile”, Игор Нешиќ. Драг колега, сега пеј и галопирај по бескрајните небесни патеки и почивај во мир. Сочувство до семејството, објавија неговите колеги на Фејсбук. Како што се наведува, несреќата се случила во 00: 45. Освен што беше музичар, Игор беше и инструктор по јавање. Извор: Курир.мк Фото: 24 часа.хр принтскрин]]>