хрвати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 06 Jun 2019 06:26:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хрвати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наместо поделби на ваши и наши, домашни и странци, Срби и Хрвати… во „Вардар“ соиграчите стануваат пријатели, другари, браќа, шампиони!   https://arhiva.vistina.com.mk/namesto-podelbi-na-vashi-i-nashi-domashni-i-stranci-srbi-i-hrvati-vo-vardar-soigrachite-stanuvaat-prijateli-drugari-brakja-shampioni/ Mon, 03 Jun 2019 12:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91170

Вардар е европски ракометен шампион. На врвовот на Европа по втор пат за само три години. Иако соочени со сите проблеми, златните вардарови момчиња покажаа дека за шампионска екипа не се потребни само пари... Дека може и без нив да се  биде најдобар на стариот континент, ако имаш силна волја, изразена желба за успех, тимски дух, ако си екипа сплотена,  која  дише и функционира како еден организам! Но, шампионската европска круна на „Вардар“ покажа и нешто друго, нешто што само овде, во Македонија е можно. Да ги сплоти професионалците не само како тим, туку како вистински другари, како браќа иако доаѓаат од различни земји, припаѓаат на различни националности, религии, култури...
Различните знамиња на рамениците, околу појасот или во рацете на играчите на шампионскиот трон, или уште повеќе, прегратката на Србинот, Дејан Милосављев и Хрватот, Игор Карачиќ по финалниот меч се слики кои говорат повеќе од илјада зборови. Овековечени моменти кои покажуваат и докажуваат дека колку до вчера неможното на „крвните непријатели“ од балканското воено лудило, само македонското срце и душа можат како со волшебно стапче да ги претворат во најдобри пријатели, во другари, браќа, шампиони...! Затоа „Вардар“ и не е само обичен клуб, а Македонија обична мала држава на југот од Балканот... Затоа „Вардар“ е клубот од соништата, а Македонија земјата на чудата... И спортски и човечки. Каде сплотеноста на душата и срцето се посилни и од парите и од нациите и од политиката! Затоа Вардар е еден, а Македонија – вечна!]]>

Речиси гола пред настап, во хотелска соба во Загреб: Рада Манојловиќ ги збудале Хрватите (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/rechisi-gola-pred-nastap-vo-hotelska-soba-vo-zagreb-rada-manojlovikj-gi-zbudale-hrvatite-foto-video/ Sat, 17 Nov 2018 10:22:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58408

Српската фолкерка Рада Манојловиќ спаѓа меѓи најзгодните и најатрактивните пејачки не само во Србија туку и пошироко - во регионот. А истиот тој регион таа оддамна почна да го освојува и со гласот и со стасот, односно изгледот. И ако заради добро позбатите односи, само малкумина од српската естрада можат да настапуваат во Хрватска, за Рада не беше никаков проблем да го покори Загреб.
А, кога веќе стигна таму, уште пред настапот во ноќниот клуб „Х20“, Рада ги збудале Хрватите. Имено, таа направи серија провокативни фотографии од хотелската соба, на кои  српската фолк убавица го истури сиот свој сексапил, па онака доволно разголена откако ги постираше на социјалните мрежи пред настапот, им го „сврте умот“ на своите обожаватели.
На нив, во ултракусо црно фустанче испресечено од сите страни со мноштво шлицеви и реси, расната пејачка повеќе покажува отколку што покрива од своето вито тело и долгите нозе.
Напрчените пози се само дополнителна провокација... А, Рада и тоа како има  што да покаже кога ќе се напрчи, па кога ќе се напрчи, на мажите „во главата им брмчи“!
Ја пијат со очи и и' ја соблекуваат со поглед и она малку облека што разголената убавица ја има на себе.
„Блазе си му на фотографот“ - беа некои од коментарите... Но, за да нема недоумици, претпоставки и нагаѓања, Рада реши да ја разреши целата дилема, откривајќи кој стоел зад објективот што го овековечил мигот. Па така откри дека „виновна“ за жешките пози е нејзината „десна рака“, нејзината сестра Марија, која е нејзина верна сенка и без која пејачката никаде не оди и речиси ништо не прави. Или речиси ништо...
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marija Manojlovic (@_marija_manojlovic_) on

]]>