хроно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Dec 2018 08:43:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хроно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Водителот Жанко „З’ш“ Голабоски бара девојка… „по хроно“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelot-zanko-z-sh-golaboski-bara-devojka-po-hrono-foto/ Fri, 14 Dec 2018 08:38:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63039

Охридскиот радио и ТВ водител Жанко „З'ш“ Голабоски важи за голем љубител на природата, ама и за голем шегаџија. Познат по неговите „З'ш“ авантури на возење велосипед, пешачење, планинарење... на себесвојствен начин ја развива еко културата во Македонија и е еден од ретките кај нас што го прави тоа:  ужива во природата, а при тоа  ја пази, чува и негува.
Патем, не ја пропушта можноста некоја од своите шеги да не ги интегрира и кога е во акција, на пат, на терен во некоја од своите еко авантури.
Арно ама, спортскиот живот бара и специфична, здрава исхрана. Па како што на Жанко му летаат „пеперутки во стомак“ кога е на некоја од своите авантури во природа, така му влезе и чивијата дека треба  да го промени и својот начин на исхрана.
А пустото, сам ниту се јаде, ниту се пие, па затоа Жанко наш, решил да си најде друштво. И тоа не било какво, туку женско. Девојка „за озбилно“... За дружба при јадење... За оброци во двојка!
Девојка за кркање во двојка - ДА, ама не било каква. Жанко бара „девојка по хроно“!  Па на социјалните мрежи пуштил оглас. И сега понудите ги чека во инбокс.
Во меѓувреме веќе има две пријави: Едната е ќерка на касапот од  „Даљан“...
...А другата е моторџика... на оној, мајсторон за ауспуси од „Рача“!
Засега изборот е тесен, ама има време... Конкурсот е отворен.  Останатите пријави се очекуваат до Нова година во инбокс. Дотогаш, охридскиот радио и ТВ шегаџија ќе мора да се храни - соло! И тоа како ќе му дојде! З'ш таке морат! Епа, наздравје!
]]>