хроничар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Sep 2020 12:14:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хроничар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Замина Данило Коцевски, хроничарот на Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-danilo-kocevski-hronicharot-na-skopje/ Tue, 15 Sep 2020 12:14:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167079

Скопје нема да биде исто без Данило Коцевски. Без препознатливиот лик со шешир кој често можевте да го забележите на градскиот плоштад, низ малите улички, низ сокаците на Старата скопска чаршија, кои тој ги гледаше на поинаков начин, свесен за минатото и времињата што поминале. По кратко боледување, Данило Коцевски почина во Скопје, градот во кој не беше роден, но од кој црпеше инспирација целиот живот. Денеска беше погребан на гробиштата во Бутел. Ќе остане запаметен како писателот и хроничар на Скопје. Роден е во 1947 година во Куманово. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. На Интердисциплинарните студии по новинарство на скопскиот универзитет држел вежби по теорија и практика на новинарството. Бил еден од иницијаторите за основање на Институтот за македонска литература, заедно со Георги Сталев, Слободан Мицковиќ и Душко Наневски, на почетокот од осумдесеттите години. Станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1973 година. Со група еминентни македонски писатели го основал Здружението на независните писатели на Македонија, во текот на 1993-994 година.
Во 1967 се вработил во редакцијата на весникот „Млад борец“, а во 1973 година преминал во културната редакција на тогашната Радио-телевизија Скопје. Бил член на редакцијата на познатото списание за уметност и култура „Разгледи“, а потоа и негов главен и одговорен уредник. Од 2008 до 2012 година ја извршуваше функцијата директор на Струшките вечери на поезијата.
                                                                                                       Данило Коцевски / Извор: Youtube
Коцевски беше дел од редакциите на многу весници. Првата книжевна творба ја објавил во весникот „Нова Македонија“ во 1962 година. Познат е, пред сѐ, како книжевен критичар и теоретичар. Но пишува и проза, поезија и драмски текстови. Објавил триесетина дела од најразлични жанрови. Освен книгите, пишува и драми, од кои неколку се изведени и наградени.]]>