хризантема – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Nov 2019 08:21:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хризантема – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хризантеми – најубав есенски украс https://arhiva.vistina.com.mk/hrizantemi-najubav-esenski-ukras/ Thu, 14 Nov 2019 13:45:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118469

Хризантемата потекнува од Кина, каде многу е ценета и се смета за симбол за долг живот. Во Јапонија е национален цвет, па по тој повод имаат и Ден на хризантемата кој се слави на 9 септември. За одгледување на преубавите примероци на хризантема во облик на грмушкаста топка потребно е многу знаење и умешност. Но постојат видови кои без проблем може да се одгледуваат на балконот или во градината. Хризантемите се садат на сончево место на раздалеченост од 30-50 cm и тоа закоренета резница или младо растение кое изникнало покрај матичното. Најдобро е да ги посадите во средината на април. Ако садите хризантема која расте високо, веднаш ставете стапче покрај неа за да и служи како потпора кога ќе расте. Кога ќе се закорени младото растение потребно е да се откине мекиот врв за да се постигне грмушкаст облик. Во текот на летото полевајте ги редовно, тие треба постојано да бидат влажни. Во доцна есен кога ќе прецветаат и ќе паднат температурите, одрежете го стебленцето на околу 15 cm. Покријте ги со слама и листови за да може без проблем да ги преживеат ниските зимски температури. Има потреба од многу влага, па не дозволувајте земјата целосно да се осуши бидејќи листовите прво ќе омлитават, па ќе пожолтат. Прихранувајте го на секои две седмици со течно ѓубриво за растенија кои цветаат. Им одговараат светли или полуосветлени места .]]>