христос се роди денес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Jan 2020 17:50:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png христос се роди денес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Божиќна песна – „Христос се роди денес” ( ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bozikjna-pesna-hristos-se-rodi-denes-video/ Mon, 06 Jan 2020 17:50:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127547

Во најрадосно исчекување на Бадникови поворки и во пресрет на Празникот на светлото Христово Раѓање, возобновената божикна песна “Христос се роди денес”. Сите проекти се изработени во Бигорскиот манастир. За песната се заслужни маестро Владимир Димовски за аранжманот на музиката; до оркестарот музичари: виолина – Владимир Костов, Елена Талевска, Петар Тасески, Ѓоргина Поповска, Марија Јанчулеска, Владимир Цветковски, Коста Андоновски, Бранислав Автовски, Момчило Куфојанакис, Игор Милевски; виоли – Марија Димитријевиќ, Александар Стојчевски, Александар Лаовски; виолончело – Кирил Јосифов, Паскал Краповски, Љупка Манчевска Каевиќ; контрабас – Митко Иванов; кларинет – Петар Христов, канон – Тимко Чичаковски; харфа: Симона Богоевска. Диригент и синтисајзер: Иван Еминовиќ. Режијата, монтажата и продукцијата на видео записот беа во рацете на Даниел Јовески; песната е во изведба на Вера Милошевска и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а е снимена во студио „Фаме’с“, микс – Игор Василев и едит – Теодора Арсовска. До сите нив неизмерна благодарност, почит и љубов. Во севкупното остварување на овој проект учествуваа над 80 души, меѓу кои и познатите македонски актери: Јоана Поповска, Дубравка Киселички, Владо Јовановски, Горан Илиќ, Љупчо Бојковски, Владо Дојчиновски. Прекрасната костимографија ја направи Жаклина Крстевска Караѓозоска, а за шминката се погрижија Викторија Бурсак и Маргарита Миновски. Христос се роди денес Добровечер, домаќини, ако има во вас желба, да раскажам за светото раѓање на Христа Бога. Христос се роди денес во Витлеем јудејски, небесата се веселат, сета твар се радува. Во пештера се раѓа, во јасли на животните, Царот на небесата и Творецот на вселената. Мноштво на ангели пеат: „Слава во висините“ и достојна за восхит е верата на пастирите. Од Персија доаѓаат, тројца мудреци со дарови, ги води светла ѕвезда, без да ги задоцнува. Во овој дом што пееме, камен да не падне, домаќинот на куќава, долго жив да биде. И добра ноќ, одморете, па во црква брзо појдете, на светата Литургија со многу побожност и радост. И дома штом се вратите, на трпеза да каснете, дајте и на сиромаси, за никој да не снема. Дајте ни нам што пееме, колку има во вас желба, и Христос Бог наш секогаш помошник да ви биде. ]]>

Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ возобновија уште една божиќна песна – „Христос се роди денес“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljubojna-i-tradiciskiot-oddel-pri-dmbuc-ilija-nikolovski-luj-vozobnovija-ushte-edna-bozikjna-pesna-hristos-se-rodi-denes-video/ Sat, 14 Dec 2019 14:34:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123974

Традиционално, и оваа година, како што наближува Божиќ, се интензивираат активностите на Здружението „Бадникови поворки“, чија што цел е, да го подготви нашиот народ за достоинствено празнување на Христовото Раѓање – Божиќ. Една од најважните активности на Здружението, која се практикува веќе 4-та година по ред, е возобновување на православните божиќни песни кои што некогаш се пееле на ова наше поднебје, а денес се згаснати и останале само во сеќавањето на повозрасните граѓани. „Христос се роди денес“ е насловот на овогодишната каланда односно божиќна песна која потекнува од некогашна Смирна. Станува збор за стара песна од нашата православна традиција, која нашите повозрасни граѓани ја пееле на ден Бадник во попладневните часови. Најпрво децата од рано наутро со песната „Вечниот Бог“ или „Дева денес“ оделе од куќа на куќа и го најавувале Христовото Раѓање, за попладне тоа да го направат возрасните, токму со оваа песна „Христос се роди денес“. Од втората половина на 20-тиот век, традицијата на пеење на оваа песна, згаснува, за оваа година, на иницијатива на отец Партениј од Бигорскиот манастир, одново да се врати и да го радува нашиот православен народ. Довербата да ја овековечат во студио, им припадна на група Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. – За мене, оваа е втора година по ред, како сум дел од Бадниковите поворки, и втора година како заедно со целиот мој православен народ, свечено и достоинствено, низ цела манифестација на настани, се подготвуваме да го празнуваме „Христовото Раѓање – Божиќ. Особено сум почестена што токму јас како бренд на Љубојна и една поголема група прекрасни луѓе од традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, го добивме благословот на отец Партениј од манастирот Св.Јован Бигорски, со чија што љубов и посебно чувство на естетика, се сплотивме и ја возобновивме оваа четврта каланда или коледарска песна која ќе остане за навек, а носи наслов „Христос се роди денес“ – вели Вера Милошевска – „Љубојна“. – Оваа песна е со византиски происход. Тоа може да се забележи од раскошниот и специфичен начин на изведба. Ние како наследници на богатата византиска традиција, треба да се гордееме што имаме вакво богатство во наследство, додава аранжерот Владимир Димовски. – Лично посакувам, како што децата со голема радост и свечен тон ја пеат „Вечниот Бог“, така возрасните повторно да почнат да ја пеат „Христос се роди денес“ – изјавува Тимко Чичаковски, како еден од учесниците во проектот. ]]>