христина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 19 Nov 2020 08:10:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png христина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Влатко стана татко… по втор пат: Македонскиот фудбалер доби уште една ќеркичка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stana-tatko-po-vtor-pat-makedonskiot-fudbaler-dobi-ushte-edna-kjerkichka-foto/ Thu, 19 Nov 2020 08:04:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176804

Некогашниот македонски фудбалер, играч на Вардар и неколку други македонски и странски клубови и државен репрезентативец, а сега помошник тренер во У-21, Влатко Грозданоски за разлика од повеќето од нас оваа 2020 година ќе ја памети по добро. А има ли подобра и поубава вест, отколку тоа да станеш родител. Влатко стана татко... и тоа по втор пат. Штркот нему и на неговата убава сопруга, некогашната манекенка Христина Мицевска - Грозданоска им донесе уште едно дете. Уште една ќеркичка, уште една преубава принцеза покрај онаа првата, Мила, која ја добија пред неполни две години. Радосната вест прв ја обзнани фудбалерот на социјалните мрежи, на Фејсбук и своите Инстаграм приказни. „Денес, 18-ти ноември 2020 по втор пат станав татко. Мојата сопруга Христина Мицевска Грозданоска на свет ја донесе нашата втора ќеркичка Ива. Мила си доби сестричка. Да си жива и здрава ќерко“ - беа зборовите со кои Влатко откако одново стана статко и посака добредојде на овој свет на својата втора  ќерка, пресреќен што двете сестрички ќе растат заедно. Раѓањето на своето второ чедо не пропушти да го обзнани ни мама Христина, која се огласи преку својот и Фејсбук профилот на својот сопруг: „Денес станавме побогати со уште еден член во нашето семејство .Ни се роди нашата втора гордост, нашата ќерка Ива. Пресреќна сум и благодарна на Бога што ни подари ваква среќа и радост во животот. Да ни бидеш жива и здрава ќерко моја да ми те пратат само убавини во животот, да ни бидеш најсреќна, а ќе бидеш најсакана од мама, тато и твојата дада Мила“ - сподели пресреќната манекенка, сега мајка на две преубави малечки принцези, пред која сега се двојно зголемени мајчинските обврски, а на ред е веројатно и... втора тетоважа? Бројни честитки стигнуват од сите страни. Најблиските, роднините,другарите, пријателите, колегите... Безброј посакани убавини на едно место, најчесто лично, но и преку социјалните мрежи заради задолжителната „социјална дистанца“! Инаку, Влатко Грозданоски стана татко за прв пат пред речиси две години кога неговата сопруга Христина на неговиот 36. роденден на свет ја донесе малата Мила. „Мојата сопруга ми го даде најубавиот роденденски подарок што можам да го замислам. Се роди нашата ќеркичка Мила“ - обзнани тогаш фудбалерот на социјалните мрежи. Инаку, со Христина се венчаа во 2016 година, а претходно беа долги години во врска. Кум на Грозданоски е неговиот колега од теренот, некогашниот фудбалер и репрезентативец, сега фудбалски тренер Александар Васовски, кој и ја крштеваше малата Мила. На Влатко Грозданоски и неговата сопруга Христина, нека им е со среќа приновата во семејството!]]>

Димитар Андоновски ја покажа својата нежна страна, па јавно и се обрати на сопругата: „Ти си ми мотивација да се борам секој ден!“ https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-andonovski-ja-pokaza-svojata-nezna-strana-pa-javno-i-se-obrati-na-soprugata-ti-si-mi-motivacija-da-se-boram-sekoj-den/ Wed, 28 Oct 2020 08:44:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173317

Македонскиот пејач Димитар Андоновски во 2015 година заплива во брачните води со неговата сопруга Христина. По две години од бракот, нивното мало семејство се збогати со уште едн нов член, односно нивниот син Михаил кој веќе сега има три години и ги радува мама и тато. Неодамна, Диме во интервју за ммс.мк откри дека карантинот придонел неговиот брак да биде уште посилен од претходно. -Благодарение на карантинот мојот брак се зајакна и стана посилен. Уживаме во секој миг со Михаил и Христина и му благодарам на Бог што ми благословил да се баш тие дел од мојот живот. Бракот се состои од вистинска и чиста љубов и мислам дека само таквите бракови ќе се зајакнат и ќе опстанат во сите искушенија. Како викаат: “Оној што е силен и истраен во тешко време, станува уште посилен кога ќе помине“, вели пејачот. Тој е активен на своите профили на социјалните мрежи, а овој пат ја покажа и својата нежна страна, односно јавно и се обрати на сопругата. „Не можеш да замислиш колку ми помогна да станам подобра личност и добар татко и сопруг. Ти си мојата мотивација да се борам за тоа секој ден!, напиша Андоновски во описот на заедничката фотографија. ]]>

Денеска е Света маченичка Христина https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-sveta-machenichka-hristina/ Thu, 06 Aug 2020 09:35:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162157

Света Христина по род беше од градот Тир и беше ќерка на царскиот намесник Урбан, незнабожец. Воспитана во истиот дух таа сепак, гледајќи ја убавината на созданието, дојде до познание на Бога и во една прилика ги искрши празните идоли во својот дом. Кога татко и го виде тоа, ја фрли в затвор со намера да ја предаде на смрт. Но, се случи така што истата ноќ Урбан нанадејно умре. Новите намесници, Дион и Јулијан, ја ставија света Христина на маки и откако ја увидоа сета бесмисленост на нивните напори да ја поколебаат во верата наредија да и се отсече главата. Света Христина пострада за Христа во третиот век.
]]>

Кога Лина Пејовска „ќе ти пушти јазик“, не знаеш дали е таа или сестра и, ама затоа се знае од кого ја наследиле убавината (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-lina-pejovska-kje-ti-pushti-jazik-ne-znaesh-dali-e-taa-ili-sestra-i-ama-zatoa-se-znae-od-kogo-ja-nasledile-ubavinata-foto/ Sat, 12 Oct 2019 08:52:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112151

Млада, убава, згодна, талентирана... Една од оние нови надежи на македонската естрада кои допрва доаѓаат, а веќе почнаа да го „тресат“ и регионот со своите настапи на регионалните музички талент шоуа. Од „Пинковите ѕвездички“ преку „Ѕвезди - летен хит“, дуетите со Петар Грашо и Нина Бадриќ, отпеаните кавери и сопствените песни, на „Макфест“ и надвор од фестивалите, Лина Пејовска покажа дека има и глас и стас и харизма, далеку да дотурка, дури до најголемите естрадни височини. Се уште тинејџерка, Лина и понатаму се развива... и физички и духовно и гласовно. Фотографиите од плажа што летоска ги сподели на своите профили на социјалните мрежи, а и оние најновите покажуваат дека русокосата прераснува во вистинска расна убавица. На една од најновите  фотографии кои деновиве осамнаа на нејзиниот Инстаграм профил Лина како фотокопирана и тоа во необична фото - поза: Со исплазен јазик! И таа и нејзината двојничка! А кога Лина Пејовска ќе ти пушти јазик, не знаеш дали е таа или сестра и? На фотографијата обете речиси идентични во идентична поза... Освен што едната има малку помалку шминка, ама сеедно! Лина и сестра и Христина дефинитивно не се близначки, ама толку многу личат, како да се! И на заедничката фотографија и на нивните фотографии одделно! „Како да се 'правени' на фотокопир, само не во ист ден“ - шеговито искоментираа некои посочувајќи ја неверојатната идентичност, но и убавина на двете млади девојки! Особено Лина, која повеќе не е она слатко девојченце со преубав глас и малку вишок килограми, туку таа сега е прекрасна и згодна девојка која каде и да се појави привлекува внимание со својот изглед. Но ништо помалку и сестра и која покрај популарноста на Лина ја промовира исто така својата убавина, секако без тенденции „да и го украде шоуто“ на попознатата сестричка. Но убавината не паѓа од небо, туку има свој корен, свој ген кој и тоа како се пресликал кај двете русокоси убавици од нивната мајка! Совршениот сестрински пар едноставно се слика и прилика на нивната мајка Тереза, на која неодоливо потсетуваат и личат. А мама, иако веќе средновечна госпоѓа, слободно може да се каже дека се' уште може да се носи со своите наследнички, кога се убавината и атрактивноста во прашање. Лина и Христина се секако млади, згодни и убави, ама мајка Тереза... Дефинитивно, се' уште изгледа повеќе од атрактивно!    ]]>

Фудбалерот Влатко Грозданоски стана татко: Мила се роди на неговиот роденден https://arhiva.vistina.com.mk/fudbalerot-vlatko-grozdanoski-stana-tatko-mila-se-rodi-na-negoviot-rodenden/ Thu, 31 Jan 2019 07:51:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70255

Македонскиот фудбалер Влатко Грозданоски и неговата сопруга Христина станаа родители. Поранешната манекенка на својот сопруг му подари ќеркичка и тоа за неговиот 36ти роденден. На својот профил од социјалната мрежа Фејсбук Грозданоски се пофали дека станал татко на девојче и дека не можел да добие поубав роденденски подарок. Христина се породила во една приватна клиника во Скопје, а бебето го доби името Мила.
-Мојата сопруга ми го даде најубавиот роденденски подарок што можам да го замислам. Се роди нашата ќеркичка Мила, се пофали фудбалерот на социјалните мрежи. Инаку, убавата Хтристина и Влатко се венчаа во 2016 година.]]>

Честит именден Христо, Христина, Божин, Ристо, Ристана… https://arhiva.vistina.com.mk/chestit-imenden-hristo-hristina-bozin-risto-ristana/ Sun, 07 Jan 2018 08:28:51 +0000 http://vistina.mk/?p=9024

Денеска е Рождество Христово – Божиќ, празник на радоста и надежта. Именден празнуваат Христо, Христина, Божин, Ристо, Ристана, Ристовка… Името Христос е превод на еврејското Месија, што значи Помазаник. Овој Помазаник, овој Христос, на луѓето им беше ветен уште од времето на Адам. За него пророкуваа многу еврејски пророци, а неговата појава во тоа време ја очекуваа и многу други народи. Пророците го прорекоа како времето кога ќе се роди, така и местото Витлеем. Во тоа мало гратче во Јудеја, денешен Израел, се роди Исус, наречен Христос, т.е. Помазаник, и тој беше исполнување на пророштвата. Подоцна се откри и стана позната низ целиот свет надумната тајна на неговата богочовечка личност. Исус Христос на човештвото му ја даде силата и власта да ги победи гревот и смртта. Заради тоа Христа го нарекуваме спасител. Уште повеќе, влегувањето на Бога во историјата значеше почеток на откривањето на сите тајни и на радоста на вечниот живот.