христијан мицковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Jan 2021 09:58:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png христијан мицковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Двојна радост за Божиќ во домот на семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dvojna-radost-za-bozikj-vo-domot-na-semejstvoto-na-liderot-na-vmro-dpmne-hristijan-mickoski-foto/ Thu, 07 Jan 2021 09:53:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184178

Именденот на Христијан е во центарот на прославата на божиќните празници во семејството Мицкоски. Неговата сопруга Рози е задолжена за декорирање на домот и за подароците, а мајката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за традиционалните јадења кои секоја година се дел од бадниковата вечера и божиќниот ручек. Во пресрет на најголемиот христијански празник бевме гости на госпоѓа Мицкоска, со која, освен за празничните подготовки и ритуали, разговаравме и за нејзините професионални и семејни обврски, за „новото нормално“ што ни го донесе пандемијата, а се разбира и за тоа каков е приватно лидерот на најголемата опозициска партија…, објавува Вечер. -Минатата година беше мрачна и стресна, пандемијата однесе многу животи, а и нашето семејство помина низ тежок период. Имавме навистина тешка година. Затоа, во Новата година, би сакала сите заедно да влеземе внимателно, со маски на лицето, но со отворена, чиста љубов во срцата. Ако ништо друго, пандемијата нè научи дека не е важно што има на трпезата туку дали сме сите на број, вели Рози Мицкоска, која без збор го прифати предлогот да ѕирнеме во нивниот дом и на читателите на весникот Вечер да им ја пренесеме празничната атмосфера. – Ова се празнични денови кои го исполнуваат домот со радост и топлина и ни подаруваат сигурност и сила. За Бадник на трпезата ќе ги имаме сите традиционални посни јадења, гравче, сарма, макало, суво овошје, ореви, лешници и печена тиква. Во центар на вниманието е погачата со паричка, која е највозбудливиот момент, бидејќи сите очекуваме да видиме во чие парче ќе се најде, бидејќи, кај нас нема  местенка со паричката. На крајот на вечерата, како што е адетот, трпезата не ја собираме туку ја оставаме да преноќи. За Божик, пак, се готви подварок, печење, салати, кифли… Мојата свекрва е експерт за готвење и месење, така што моја обврска е изгледот на масата и сервирањето, вели нашата домаќинка. Таа додава дека вистинска радост е подготовката за малите коледарчиња, кои со коледарска песна утрото на Бадник, го навестуваат Христовото раѓање. „Во знак на благодарност за убавата вест ги даруваме со бонбони, јаболка, ореви, чоколади, лешници, костени, парички“. Традиција за семејството Мицкоски е и тоа што на Божиќ, на именденот на лидерот на опозицијата, утрото се оди на литургија во Соборниот храм и се носи украсена празнична погача на благословување. Минатите години, вечерта, имале и гости, но годинава поради пандемијата ќе се прославува според протокол. Целиот текст прочитајте го ТУКА. Фото: Петар Стојановски
]]>

Мицкоски за Радио Лидер, во опуштено издание до граѓаните: Бидете во добро здравје, среќни мотивирани и успешни, славете по дома и не ги кодошете сограѓаните https://arhiva.vistina.com.mk/mickoski-za-radio-lider-vo-opushteno-izdanie-do-gragjanite-bidete-vo-dobro-zdravje-srekjni-motivirani-i-uspeshni-slavete-po-doma-i-ne-gi-kodoshete-sogragjanite/ Thu, 31 Dec 2020 12:54:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183592

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше новогодишно јавување во радио Лидер, во кое лидерот на опозицијата можевме да го видиме во малку поинакво поопуштено издание, со малку шега, смеа и во многу добро расположение. Секако, кога станува збор за лидер на политичка партија, не може да изостанат политичките прашања, или во најмала рака примеси на политика, па прво прашање беше што ќе му посака на својот опонент, господинот Заев во новата година? Мицкоски на Заев му посака пред се' добро здравје, и  истиот да биде повеќе мотивиран да ги брани интересите на граѓаните, во периодот додека се' уште е претседател на владата. Но, пред се', добро здравје за него и неговото семејство. На прашањето што ќе им посака на граѓаните Мицкоски рече: „Имам чувство дека народот е уморен од лажливи политичари, од политичари циркузанти и акробати, кои би рекол се социопатски зависници од внимание на социјални медиуми, па и ограничени јавни настапи. Мислам дека народот сака порака на надеж, на народот му треба јасен план дека оваа држава може да успее. А ние политичари сме тие кои што сме најодговорни за тоа, па затоа мислам дека пораката која што ја упатив преку социјалните медиуми преку мојот профил, сметам дека треба да допре до секого. Бидејќи и јас сум силно мотивиран и се обидувам да ги мотивирам и соработниците, за да во годината која што следи да го дадеме најдоброто од себе, да оставиме срце на терен за најпрвин да ја поразиме оваа влада, која што според мене води длабоки погрешни политики, а потоа да почнеме со примена на нашата програма, за која што ценам дека ќе донесе една нова надеж за една поуспешна Македонија. Но, тоа е во втор план, се разбира најпрвин на сите наши сограѓани им посакувам добро здравје за нив и нивните семејства, да бидат среќни, мотивирани, успешни, затоа што една ваква композиција навистина прави добри соседи, колеги, пријатели и другари. Тоа е мојата желба за граѓаните на Македонија“. Мицкоски доби прашање, кое како што кажа водителката најверојатно никој не му го поставил до сега: Да каже виц, кој според него ќе не насмее сите за да ни тргне годината. „Има еден виц, кој не е толку виц, колку што е реалност. Вчера во парламентот имаше поставување прашања, односно пратенички прашања до претседателот на владата и тоа беше еден од тажните, но можеби и реални вицови, кога господинот Заев излезе на говорницата и кажа дека е најголемиот патриот од сите нас! Тоа малку ме збуни и делуваше вицкасто“, кажа Мицкоски. Како што кажа тој, ова ќе го раскажува како еден добар виц, но работата како што рече,  не е до вицови, туку треба да се зафатиме за работа. За крај не изостана и шегата, која е неминовна во предпразнични мигови. Согласно препораките Мицкоски кажа важно е сите да останеме по дома, но да не се кодошат сограѓаните, да се остават да се забавуваат една ноќ, за да не им се полни егото на овие политичари, кои тоа го сакаат. ]]>

Христијан Мицкоски кај Жаре во „1 на1“ математички пресметано погоди што ќе се случи на 12-ти април: „We will rock You“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/hristijan-mickovski-kaj-zare-vo-1-na1-matematichki-presmetano-pogodi-shto-kje-se-sluchi-na-12-ti-april-we-will-rock-you-video/ Thu, 16 Jan 2020 18:17:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129425

Христијан Мицкоски во недела, на 19-ти јануари во 18.30 на ТВ „Канал 5“ ќе му биде специјален гостин на Жаре Димитровски во шоуто „Еден на еден“. Во опуштена атмосфера, насмеан и расположен лидерот на ВМРО ДПМНЕ раскажува многу интресни нешта  што луѓето за него до сега не ги слушнале и не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници. Отворено и одблизу со политичарот, лидерот, професорот, сопругот, родителот, граѓанинот... Христијан Мицкоски во едно поинакво светло, каков што досега не сте го знаеле. Затоа не пропуштајте да дознаете колку Мицкоски се разбира во музика, да видите кој ќе победи „1 на 1“ во фудбалче на маса, а кој на 12-ти април и која песна ќе се пее тој ден... И сетоа во „Еден на еден“ со Жаре, во недела, на 19-ти јануари во 18.30 на ТВ „Канал 5“. ]]>

Христијан Мицкоски во „1 на 1“ кај Жаре на муабет, за нештата кои луѓето за него не ги знаат (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/hristijan-mickovski-vo-1-na-1-kaj-zare-na-muabet-za-neshtata-koi-lugjeto-za-nego-ne-gi-znaat-foto/ Thu, 16 Jan 2020 10:27:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129292

Спортски облечен, во фармерки и во џемпер, каков што не го знаеме на официјалните настани, Христијан Мицкоски дојде на снимањето на „Еден на Еден“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше опуштен и расположен во студиото со Жаре. „Не е проблем, сликајте ме додека се подготвувам, ама не знам дали без наочари, луѓето таков не ме знаат“, рече Мицкоски додека се подготвуваше. Во емисијата тој раскажува многу приказни што луѓето за него не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници. Имаше и игри кои беа интересен предизвик за Мицковки. И малку музика...
Во недела, на Канал 5 од 18.30 нѐ чека уште една забавна „Еден на Еден“ емисија со Христијан Мицкоски. Извор: 1на1

Христијан Мицкоски присуствуваше на концертот на Ерос Рамацоти (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/hristijan-mickovski-prisustvuvashe-na-koncertot-ne-eros-ramacoti-foto/ Tue, 01 Oct 2019 08:30:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109995

Во рамки на својата светска турнеја која започна во февруари оваа година, италијанскиот пејач Ерос Рамацоти вчера одржа и спектакуларен концерт во „А1 Арена“ во Скопје. На концертот присуствуваше многубројна публика, како личности од светот на шоубизнисот, така и од областа на јавниот, културниот и политичкиот живот во Македонија. Меѓу нив и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој  заедно со негова сопруга Рози вчеравечер присуствуваа на концертот на големата италијанска ѕвезда, покажувајќи дека светските културно-музички вредности им познати и блиски. Двојката уживаше во познатите хитови на еден од најдобрите вокали, а од таму си заминаа со позитивна енергија, воодушевени од атмосферата и она што како музичко-сценски перформанс го понуди италијанската музичка ѕвезда. Инаку,  Ерос Rамацоти исто така на концертот во Скопје го промовираше и најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n’e“.  ]]>