христијан мицкоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 Jul 2022 10:09:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png христијан мицкоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мицкоски на средба со Орбан: ЕУ интеграциите се неопходни, но достоинствено и со зачувување на идентитетските обележја на народот https://arhiva.vistina.com.mk/mickoski-na-sredba-so-orban-eu-integraciite-se-neophodni-no-dostoinstveno-i-so-zachuvuvanje-na-identitetskite-obelezja-na-narodot/ Mon, 25 Jul 2022 10:09:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260048

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор др. Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски денес во посета на Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан. На средбата се разговараше за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакна ставовот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ дека интеграцијата е неопходна, но таа да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот. Забележано беше дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси. Претседателот Мицкоски нотираше дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси. Исто така нотирани беа и предизвиците од мигрантската криза која е проблем како за Македонија, така и за ЕУ.]]>

Новогодишно обраќање на Христијан Мицкоски: 2022 ќе биде година во која промените и проектите ќе донесат конечна победа и триумф на вистинските вредности https://arhiva.vistina.com.mk/novogodishno-obrakjanje-na-hristijan-mickoski-2022-kje-bide-godina-vo-koja-promenite-i-proektite-kje-donesat-konechna-pobeda-i-triumf-na-vistinskite-vrednosti/ Fri, 31 Dec 2021 12:16:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233404

Почитувани сограѓани, годината што заминува ни остави различни емоции. Ковид пандемијата, енергетската криза, економското уназадување, трагедиите во Тетово и Бугарија и неспособната и неодговорна власт предизвикаа тага и болка, голем револт, разочарување, неизвесност… Но и конечно освестување и одважување дека работите мора да ги промениме ние, самите. Заради нас, заради нашите семејства. 2021 беше година на големи предизвици, но и на големи промени. Промени кои ги донесовте – вие!, вели во Новогодишното обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Промените кои носат нова, подобра и поубава иднина се наша голема обврска. Работата е темелот на нашиот успех. Проектите кои ги реализираме чекор по чекор ќе донесат развој, стабилност и успеси. Успеси и среќа за секој еден човек, затоа што Македонија е за сите луѓе. Да ја подобриме екологијата, да ја развиваме инфраструктурата, да го унапредуваме образованието, спортот и културата. Да бидеме подобри луѓе, повеќе да се почитуваме и да создадеме поубава иднина за нашите деца. Колку повеќе создаваме, толку повеќе ќе им олесниме на нив. Колку се тие посреќни, толку сме ние помотивирани. Децата на Македонија заслужуваат нова, среќна иднина во средена држава која ќе ги задоволи сите нивни потреби. 2022 година ќе биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности. Да продолжиме заеднички и да ја завршиме работата. Да донесеме реформи, нормалност и сигурност. Да ги зачуваме и унапредиме здравјето и животот, тоа се најголемите подароци за секој човек. Да обезбедиме европска иднина, подобар стандард, повисоки плати. Повеќе радост, светлина и среќа во секој еден дом. Драги пријатели, ви ветувам дека со целата сила ќе се борам да биде подобро. Искрено и од срце, како ваш пријател, сосед, сограѓанин ви посакувам најубави празнични денови. Топол дом исполнет со ведрина и оптимизам. И многу љубов и насмевки со вашите блиски. Ви посакувам среќна, весела и успешна 2022 година, подвлекува Мицкоски. ]]>

Христијан Мицкоски со синовите Јован и Антониј подготвени да навиваат за Македонија: „Тројцата мускетари“ го комплетираа албумот на „Панини“ за ЕУРО 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/hristijan-mickoski-so-sinovite-jovan-i-antonij-podgotveni-da-navivaat-za-makedonija-trojcata-musketari-go-kompletiraa-albumot-na-panini-za-euro-2021/ Wed, 12 May 2021 06:56:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202108

Претседателот на најголемата и најбројна партија во Македонија, ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски покрај своите бројни политички активности и  обврските на факултетот како универзитетски професор, важи и за добар сопруг и посветен родител, како татко на своите  деца. Така, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ секој миг од своето слободно време го користи да биде со своите  два малолетни сина - Јован и Антониј кои со тато Христијан меѓу останатото се и  „најдобри другари“. Еуфоријата заради првиот историски пласман на фудбалска Македонија на едно големо натпреварување како што е престојното ЕУРО 2021 се' повеќе расте, за полека да ја достигне својата кулминација на денот на одигрувањето на првиот натпревар. Во меѓувреме, официјалниот албум со сликички на „Панини“ на репрезентациите учеснички на  ЕУРО 2021 и нивните фудбалери е убаво  загревање, одлична увертира не само за пасионираните колекционери, туку за сите нас, па сликичките за кои владее невиден интерес како никогаш досега, ги собира и старо и младо, полнејќи го албумот. Ги собираат сите, ги собираат и тие тројцата: Христијан Мицкоски и неговите синови Јован и Антониј... Или поточно, малите колекционери вчеравечер го израдуваа тато дека ги нашле и залепиле и последните пет сликички што им недостасувале и со тоа го комплетирале албумот. Радосната вест „тројцата мускетари“ ја соподелија и на социјалните мрежи. Поточно тато Христијан ја сподели на својот Фејсбук профил каде објави неколку фотографии  покрај кои напиша: „Долг, тежок, напорен ден со прекрасен крај. Двајцата дома ме чекаат и во еден глас ми велат: тато ги залепивме последните пет што ни фалеа..., го наполнивме албумот, не оној семејниот, туку оној од ЕУРО 2020, со Горан, Столе, Аријан, Стефан, Дарко, Енис, Елиф и останатите македонски херои, нашата гордост. Ова е првиот албум на Антониј и трет на Јован, продолжуваме јунаци заедно..., и секако навивањето за нашата Македонија!“ Фото: Фејсбук принтскрин/Hristijan Mickoski  ]]>

По откривањето на аферата со лажните пасоши, Христијан Мицкоски добивал закани по живот од чудни телефонски броеви и мејлови https://arhiva.vistina.com.mk/po-otkrivanjeto-na-aferata-so-laznite-pasoshi-hristijan-mickoski-dobival-zakani-po-zivot-od-chudni-telefonski-broevi-i-mejlovi/ Fri, 09 Apr 2021 09:59:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198391

Лидерот на на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчерва во гостување на ТВ Алфа, осврнувајќи се на акцијата со издавање фалсификувани пасоши и наводите за саботажа од негова страна со објавување детали од неа, наведе и дека по откривањето на аферата со пасошите добивал закани по неговиот живот, кои вели, деновиве жестоко се интензивирале, но, не чувствува страв заради тоа туку, како што посочува, се поголема мотивација. „Не знам дали се заканува мафијата или не, но чудни телефонски броеви штракаат разноразни пораки, чудни луѓе приоѓаат, чудни мејлови, чудни писма изминативе денови. Телефонски броеви да речеме од соседството, од Русија итн. Јас ќе продолжам и понатаму и ова само ме охрабрува дека сме на вистинскиот пат и нема да застанеме“ - рече Мицкоски. Целото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа погледенете го во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=ZVKpvTlhna4]]>

Професор, политичар, лидер, ама и граѓанин за пример: Додека други политичари не го прават ни она на што ги обврзува платата, на Мицкоски не му е срам да се фати и за лопатата! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/profesor-politichar-lidea-am-i-gragjanin-za-primer-dodeka-drugi-politichari-ne-go-pravat-ni-ona-na-shto-gi-obvrzuva-platata-na-mickoski-ne-mu-e-sram-da-se-fati-i-za-lopatata-foto/ Sun, 14 Feb 2021 17:21:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189515

Снегот не „изненади„ среде февруари... Најмногу скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи се отепа фалејќи се како го исчистил градот кога снег не паѓаше, а сега кога падна, како по обичај падна и тој на испитот. И тој и неговите пајташи градоначалници од скопските општини, кои  додека да се сетат да ги исчистат главните сообраќајници и споредните улици, попрво ќе дочекаме снегот сам да се стопи. Но, дека не чекаат баш сите сонце да огрее среде февруари за да ги расчистат затрупаните улици и тротоари и не работат само кога се работи за дебели пари,  со свој личен пример покажа лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Политички лидер на партијата и нејзините членови, професор на факултет на неговите студенти, ама и граѓанин за пример, по дома... Како што е редот, онака како што тоа го прави секој вистински домаќин, Мицкоски тргна да го расчисти снегот, каде ако не најпрвин од сопствениот двор, од пред куќи. Професорот ги остави настрана пенкалото и компјутерот, па политичарот ги засука ракавите и за разлика од некои други политичари кои не го прават она на што ги обврзува и платата, Мицкоски покажа дека не му е срам да се фати за лопатата. Вредно, уредно, одговорно, домаќински си ја расчисти најпрвин својата авлија, а потоа и она што е дел од тротоарот и улицата пред неговата капија и куќа. Професор, политичар и лидер, ама и граѓанин за пример!    ]]>

Христијан Мицкоски од поинаков агол: Како дете, семеен човек, син, татко, сопруг, професор, љубител на спортот… (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/hristijan-mickoski-od-poinakov-agol-kako-dete-semeen-chovek-sin-tatko-soprug-profesor-ljubitel-na-sportot-video/ Sat, 02 Jan 2021 11:33:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183659

Официјални, во костуми, на говорници, изјави, прес-конфереции, политички средби и состаноци. Најчесто јавноста вака ги знае и памети политичарите. Но, која е  другата страна на политиката, онаа човечката? Меѓу бројните работни обврски и активности, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за неа меѓудругото говореше и во своето новогодишно интервју за ТВ Алфа. За тоа како и покрај се  тој наоѓа време и за спорт. Како што и самиот вели, два до три пати во неделата го искачува Водно, а исто толку време поминува и во теретана. Ја сака кошарката и навива за Работнички, а во новогодишното интервју откри дека идол му бил Тони Кукоч. Мицкоски вели дека како мал голем дел од времето го поминал со својот дедо Стојан. Се потсетува на прошетките во Градскиот парк, кај градскиот стадион, Луна паркот. Вели дека живеел убав семеен живот, опкружен со голем број роднини. Првите букви ги научил токму од неговиот дедо, за кого вели дека има напишано Библија за деца која и денеска се продава во Соборниот храм. -Практично тој ме описмени, тој ме научи првите букви да ги пишувам, првите равенки по математика, да ги собирам бројките, да ги одземам и така натаму. И навистина имаше еден прекрасен ракопис, би рекол красноспис. И сето тоа беше напишано на лист нормално потоа прекуцано, обработено компјутерски, а ние  како семејство го финансиравме тоа издание на таа Библија за деца, која мислам дека и до ден денес во Соборниот храм, во центарот на градот, може да се најде, вели Мицкоски во интервјуто за Алфа. Како што е познатио Мицкоски е универзитетски професор, машински инженер. Докторирал на вештачка интелегенција, а практичниот дел го работел во Германија. -Кога денеска зборуваат за вештачка интелегенција, можам да кажам јас докторирав на фази логика. Тоа е вештачка интелегенција, имате генетски алгоритми, фази логика и невронски мрежи еден од тие три алгоритми јас го употребив во мојата докторска теза. Тоа е фази логиката... оптимирав да речеме траекторија на манипулационен робот, експерименталниот дел го завршив на Универзитетот на Ил Мена во Сојузна Република Германија. Така да и тогаш тоа беше прилично актуелно, но и денеска тоа е актуелно, истакнува Мицкоски. Мицкоски во однос на неговото семејство истакнувал дека се како и секое просечно семејство во Македонија. Мицкоски со сопругата Рози, која работи како професорка по македонски јазик, се долги години заедно, од студентските денови. Во брак се од 2005 година и се горди родители на нивните два сина, Јован и Антони. Во семејството Мицкоски јануари е значаен месец во кој покрај празниците кога на Бадник го слават именденот на Христијан, го празнуваат и 20-ти јануари, големиот празник Свети Јован односно именденот на постариот син, а десет дена подоцна, на 30 јануари семејството го празнува Свети Антониј, именденот на помалиот син.
]]>