Христијан Ѓорѓиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Sep 2023 12:15:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Христијан Ѓорѓиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Даниел Крстески и три секси Колумбијки во спотот за – „Остани“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-krsteski-i-tri-seksi-kolumbijki-vo-spotot-za-ostani-video/ Wed, 06 Sep 2023 12:15:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317039

За разлика од многумина други кои се обидуваат набрзина да се „вивнат“ на естрадното небо кај нас, пејачот Даниел Крстески тоа го прави полека, чекор по чекор, скромно и ненаметливо. Без многу помпа и наметнување, туку напротив, од „сенка“ што се вели, Крстески вади нови песни, спотови, настапува низ земјата и сигурно сме дека неговото време допрва доаѓа... Пред само неколку дена тој ја извади неговата најнова песна со наслов „Остани“, на која како автор се потпишува лично тој. Музиката, текстот и аранжманот се негово дело, додека мастерингот е дело на Христијан Ѓорѓиевски. За оваа нова песна, младиот пејач сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште три други девојки, кои да бидеме искрени изгледаат фантастично... „Ова е комплетно моја песна направена во моето ново студио. Ја правев долго време, не брзав во изборот, иако имам и доста други песни веќе готови. Чекав повеќето од нив да ми „легнат“ и да одлучам која од нив прва да ја објавам. Сега само останува публиката да „пресуди“ дали е ова добро или пак не. Јас искрено се надевам ќе им се допадне“ – ни изјави скромниот пејач. Инаку Даниел има и свој музички бенд составен од одлични професионалци. Тие наскоро започнуваат и со настапи низ земјата, а до тогаш уживајте во „Остани“: ]]>