хотел мериот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 14 Nov 2022 11:20:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хотел мериот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Престижен вински салон „Винодонија“ на 25-ти и 26-ти ноември во „Мериот“ https://arhiva.vistina.com.mk/prestizen-vinski-salon-vinodonija-na-25-ti-i-26-ti-noemvri-vo-meriot/ Mon, 14 Nov 2022 11:20:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275682

Шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 25-ти и 26-ти ноември во Скопје ќе ги собере сите вљубеници на оваа божја напивка. „Винодонија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат - рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура. „Винодонија“ е настан полн со можности, гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивна бројка од над 450 етикети на вино. „Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: за два дена ќе се случат 5 работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“. Гостите што за својот викенд - избор на 25-ти и 26-ти ноември ќе ја сакаат „Винодонија“ ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија. Се разбира, виното со својата уникатност се надополнува со добрата храна: во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15-тина гастрономски брендови од Македонија. И уште еден адут на „Винодонија“ кој ќе го комплетира возвишениот вкус на виното ќе биде настапот на џез бендот на македонскиот реномиран музичар Георги Шаревски. Ве очекуваме на 6-тата „Винодонија“.]]>

Почнува Винодонија 2019 https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-vinodonija-2019/ Fri, 29 Nov 2019 09:20:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121390

Преку 450 етикети на вино од 50 македонски и странски винарии, ќе може да се дегустираат на четвртиот „Скопски вински салон - Винодонија 2019“ што се одржува денеска и утре во хотел Мериот во Скопје. Покрај дегустација на вино, ќе има и дегустација на селекција на одбрани деликатеси, сирења, сувомеснати производи, маслинки, производи од вргањ, маслинови масла, пекарски производи, чоколадо, кафе, како и работилници, предавања и мастер клас дегустации. И двата дена амбиентот ќе биде збогатен со звуците на професионални музички бендови. Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години. И двата дена салонот ги отвора вратите за посетителите од 15:00 до 21:00 часот. Картите за „Скопски вински салон - Винодонија 2019“ можете да ги купите на самиот влез, пред почетокот на настанот по цена од 500 денари по лице, за секој ден посебно. ]]>