Хотел меѓу две војни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Jan 2023 13:39:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Хотел меѓу две војни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков е книга на месец февруари во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/hotel-megu-dve-vojni-od-aleksandar-rusjakov-e-kniga-na-mesets-fevruari-vo-bibliotekata-braka-miladinovtsi-skopje/ Mon, 30 Jan 2023 13:06:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286500

Наградуваниот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е избран за книга за месецот февруари во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Со делото, кое ја освои наградата „Пегаз“ (за најдобар необјавен роман во 2021 година) и е добитник на „Рациново признание“ за 2022 година, библиотеката ја продолжува својата голема кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори. На 7 февруари (вторник) во 19 часот во библиотеката ќе се одржи разговор со писателот Русјаков, а на 25 февруари (недела) е закажана средбата во Клубот на читатели, на која ќе се дискутира романот.
Разговор со авторот и Клубот на читатели се редовни активности од нашата кампања, кои во февруари ќе му бидат посветени токму на Александар Русјаков и неговиот интересен и наградуван роман. „Хотел меѓу две војни“ е достапен во сите наши библиотеки – се вели во објавата на библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје.
„Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се претставени преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите.  ]]>