хотел континентал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 23 Feb 2020 12:26:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хотел континентал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 “Ѕвездите на Гранд“ правеа свадба во Скопје: Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ наместо со прв свадбен танц, веселбата ја отворија со свадбен дует (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzvezdite-na-grand-pravea-svadba-vo-skopje-elena-milenkovska-i-gute-marinkovikj-namesto-so-prv-svadben-tanc-ja-otvorija-veselbata-so-ljuboven-svadben-duet-foto/ Sun, 23 Feb 2020 09:42:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135538

Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот свршеник со кого на истото музичко талент шоу се запознаа и засакаа – Александар Гуте Маринковиќ, неодамна се венчаа во Србија, а вчеравечер, 22 февруари 2020 година во Скопје ја направија и својата најавена свадбена веселба. Во една од салите на реномираниот скопски хотел „Континентал“ се случи македонско-српската свадба на која присуствуваа најблиските, семејствата, другарите, пријателите, колегите на двете „новопочени“ „Гранд ѕвезди“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-milenkovska-bremena-kje-bide-nevesta-pejachkata-i-pejachot-se-venchaa-vo-srbija-ama-grand-svadbata-doprva-kje-bide-vo-skopje-foto/ Елена на венчавката која претходно се случи во Србија носеше бели панталони, а во родното Скопје, како што вети,  ја облече свадбената венчаница, додека Гуте носеше елегантен костум. И како што е редот и како што обично сите свадбени веселби воглавно започнуваат, по влезот во салата сите од младите очекуваа да го заиграат првиот свадбен танц, со кој најчесто се отвора свадбата. Но, Елена и Гуте наместо со прв свадбен танц, свадбената веселба ја отворија со љубовен свадбен дует. Онака како што влегоа во салата, фатени за рака, во другата ги земаа микрофоните и во придружба на скопските „Екстра бенд“ заедно отпеаа две љубовни балади за добредојде на гостите, по што следуваше и љубовен бакнеж, а невестата му падна во прегратки на младоженецот. Нивната свадбена веселба повеќе личеше на вистинска свадбена журка, отколку на класична свадба со „триста табиети“ и обичаи, иако ниту фрлањето на бидермаерот или невестинската торта на пример, не изостанаа. Иако длабоко навлезена во својата бременост, невестата заедно со момчето беа највесели, не престанувајќи да играат, да се забавуваат и заедно со музиката да ги анимираат гостите, кои повеќето беа млади, па забавата беше загарантирана. Се играше и пееше, ред македонски, ред песни од соседството и регионот, а свадбената веселба моментите на кулминација ги достигна во периодот по вечерата, кога нашите „Екстра бенд“ своето место им го отстапија на гостите од Србија, нишката музичка група која Елена и Гуте ги придружува во нивните настапи. Зетот и невестата постојано танцуваа, но и знаеја да се фатат за микрофонот, како и гостите од Србија - нивни колеги и колешки од музичката бранша и исто така учесници во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, кои се потрудија веселбата да не застане, зашто непрестано се редеа познати музички поп-фолк хитови. Се' на се', Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ направија прекрасна свадбена веселба, вистинска вечер за паметење... И за нив, и за нивните гости, ноќ која нема да ја заборават цел живот. Редакацијата на Вистина.ком.мк која имаше ексклузивна можност да биде присутна на свадбата на младите „Гранд ѕвезди“, на Елена и Гуте  им посакува среќен брак и многудетно семејство.    ]]>

Елена Миленковска бремена ќе биде невеста: Пејачката и пејачот се венчаа во Србија, ама “Гранд“ свадбата допрва ќе биде во Скопје! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-milenkovska-bremena-kje-bide-nevesta-pejachkata-i-pejachot-se-venchaa-vo-srbija-ama-grand-svadbata-doprva-kje-bide-vo-skopje-foto/ Sat, 25 Jan 2020 08:53:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130943

Како што е познато и како што веќе објавивме, македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот свршеник со кого на истото музичко талент шоу се запознаа и засакаа - Александар Гуте Маринковиќ, неодамна се венчаа во Србија. Тие направија едноставна и скромна прослава, со свечен ручек во кругот на најблиските пријатели и роднини. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ednostavno-i-skromno-se-venchaa-elena-milenkovska-i-gute-marinkovikj-foto/ Во меѓувреме Елена обзнани и дека е бремена, заради што неколку дена подоцна и јавно најави дека ќе мора  на одредено време да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, што значи дека некаде напочетокот на летото среќните сопружници за прв пат ќе станат и родители. Но пред тоа ќе се случи - свадба. Зашто кога се две распеани души во прашање, свадба мора да има! Пејачката и пејачот се венчаа во Србија, ама “Гранд“ свадбата допрва ќе биде во Скопје! А Елена се подготвува да биде бремена невеста. Затоа и при венчавката одбрала да биде облечена во бели пантолони, зашто венчаница еднаш се облекува. А неа Елена ќе ја облеча на 22 февруари, кога е закажана свадбата во скопскиот хотел „Континентал“ од 18.45 часот. Се очекува покрај најблиските, роднините и пријателите на Елена и Гуте, од Србија да дојдат уште некои познати гости. Сите нив ќе ги забавува една позната и реномирана македонска група, а како што е ред едни од најинтересните моменти на свадбената веселба ќе бидат оние, кога невестата и младоженецот ќе се фатат за микрофонот! „За да ја запознаеш вистинската радост, треба да имаш некој со кој ќе ја споделиш“ - им пишува на свадбената покана на Елена и Гуте, кои својата радост таа вечер ќе се ја споделат на големата „Гранд“ свадба во Скопје со своите најблиски, роднините, другарите, пријателите, колегите... И се разбира, меѓусебе во животот! Вистина.ком.мк им посакува на младите да се вечни и среќни и да прераснат во многудетно семејство! Во меѓувревеме, невестата вежба да биде вредна домаќинка, која  треба да покаже дека еднакво ја бива во кујната како и на сцената... Дека подеднакво е добра кога ќе се фати за шпоретот, како и за микрофонот!]]>