хороскопските знаци во врска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Nov 2021 12:32:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хороскопските знаци во врска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што ги нервира хороскопските знаци во врска: Лавот нема да прости запуштеност, Јарецот лажење https://arhiva.vistina.com.mk/shto-gi-nervira-horoskopskite-znaci-vo-vrska-lavot-nema-da-prosti-zapushtenost-jarecot-lazenje/ Wed, 24 Nov 2021 13:15:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228679

Можеби хороскопскиот знак не може да ви каже сѐ за една личност, но има некои заеднички карактеристики што едноставно се доминантни кај секој од знаците. Овие карактеристики се одразуваат и во љубовниот живот и може да ви помогнат да дознаете кои работи им се привлечни, прифатливи или одбивни на вашиот партнер. Лавовите не простуваат запуштеност, а Овните ги нервира мрзливоста кај партнерот. Што е со другите хороскопски знаци? Овен – мрзливост Некои од нас сакаат да го поминат денот лежејќи во кревет и гледајќи серии, но ако сте во врска со Овен, ќе им се запали црвениот аларм. Овните не поднесуваат мрзливост, тромавост и бавност, тоа го сметаат за губење време. Бик – нестрпливост Биковите се темелни и сакаат да си дадат време пред да донесат одлука, па ако ги побрзувате и станувате нетрпеливи за да добиете одгвор или реакција, голема е веројатноста дека ќе направите да се почувствуваат како да се под притисок и тоа нема да излезе на добро. Близнаци -  некомуникативност Недостигот на комуникација е проблематична појава во која било врска, но во врска со припадник на хороскопскиот знак Близнаци е нешто што нема да се дозволи и толерира. За нив ако нема комуникација, нема љубов. Толку е едноставно. Рак – бесчувствителност Припадниците на овој знак се големи емотивци и не поднесуваат да бидат во врска со некој кој не покажува доволно чувства или емпатија. За нив емоциите се храна и ако не ги добиваат, ќе заминат без многу размислување. Лав – запуштеност Лавовите не се површни, ама сакаат да изгледаат средено. Ако партнерот почне да го занемарува надворешниот изглед и да се запушта, тоа ќе биде голем проблем за нив. Девица – површност Ако не сте способни да водите долги, длабоки, комплексни разговори, а единствени интереси ви се гледање ТВ и трошење пари, нема долго да го задржите вниманието на Девицата. Вага – агресивност Вагите се трудат да одбегнуваат конфликти и ако се во врска со некој што постојано бара причина за расправија или се агресивни (не само кон нив), тие ќе побараат посмирена ситуација и партнер. Скорпија – неодговорност Ако на Скорпија ѝ кажете дека нешто ќе направите, а не го направите, ќе ја изгубите нејзината довербата, а ко тоа ви се случи неколку пати ќе ја изгубите и неа. Стрелец – несигурност Стрелците се самоуверени и многу сигурни во себе, па ако имаат покрај себе некој кој не е таков, тоа ги кочи во реализирањето на нивната желба за авантуристички и брз живот. Брзо ќе им здодеете и врската ќе пукне. Јарец – лажење Ако глумите дека сте некој и нешто што не сте, Јарците ќе го видат тоа и нема да ви го простат. Превртливоста и лажењето се особини што тие ги презираат и нема да останат со вас ниту еден миг повеќе. Тоа се однесува и на вашето однесување кон другите луѓе, не само со нив. Водолија – нетолерантност Водолиите се отворени за сѐ и ги оставаат луѓето околу нив да живеат како што сакаат. Не им подлегнуваат на општествените норми и стеги и сакаат партнер со слични сфаќања. Ако покажете некаква форма на дискриминација, нема веќе да ве гледаат со исти очи. Риби – злоба Никој не сака злобни луѓе, но чувствителните Риби тоа нема да го поднесат ни една секунда. Многу се праведни по природа и нема да си дозволат да бидат со некој кој им мисли лошо на другите. извор: Кајгана]]>