Хориа Михаил – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 Aug 2021 12:35:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Хориа Михаил – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Романското дуо Петру Иуга на контрабас и Хориа Михаил на пијано вечерва на „Охридско лето“ https://arhiva.vistina.com.mk/romanskoto-duo-petru-iuga-na-kontrabas-i-horia-mihail-na-pijano-vecherva-na-ohridsko-leto/ Mon, 09 Aug 2021 12:35:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=214243

По вчерашниот џез концерт со „ZZ Quartet“, музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со класичниот репертоар и романскиот дует Петру Иуга на контрабас и Хориа Михаил на пијано. Романскиот контрабасист Петру Иуга е еден од најуспешните музичари од неговата генерација. Уште за време на студиите во Романија е забележан од Јехуди Мењухин и Алберто Луси кој го пријавува на Интернационалната музичка академија „Мењухин“ во Гштаад (Швајцарија). Студиите ги продолжува на Високата школа за музика и уметност во Берлин и на Конзерваториумот во Париз каде станува член на Парискиот камерен ансамбл и набргу потоа прв контрабасист на Минхенскиот камерен оркестaр. Иуга е носител на бројни признанија од светските натпревари за контрабас што му овозможува светска кариера и гостувања како солист со престижни европски оркестри меѓу кои и Лондонскиот симфониски оркестар. Работи како професор на Универзитетот во Манхајм и е гостин предавач на Високата школа за музика во Лозана (Швајцарија). Одржува бројни мајсторски курсеви низ целиот свет во Русија, Италија, Португалија, Израел, Јапонија, Уругвај, Кина и Канада. Снима неколку ЦД-а како камерен музичар и често соработува со врвни музички имиња. Неговиот изум „Ерго бас“ го користат многу музичари во светот и тој е еден вид потпора за контрабасистите кој им помага да свират во ергономска и физички подобра позиција. Пијанистот Хориа Михаил дебитира со оркестар на 10 годишна возраст во неговиот роден град Брашов, а до денес настапува како солист со сите оркестри во Романија вклучително и Филхармонијата „Жорж Енеску“ и оркестарот на Романското радио. По студиите на Музичката академија во Букурешт во класата на Константин Јонеску-Вову, тој заминува во САД каде ги завршува магистерските студии на Универзитетот во Илиноис работејќи со Иан Хобсон. Во 1999 година добива диплома и на Универзитетот во Бостон каде студира под менторство на Антони ди Бонавентура. Покрај студиите по пијано, тој е дипломец и на Колеџот за математика и физика во Брашов. Победник е на бројни натпревари, и стипендиран е во целост на сите институции за високо образование кои ги посетува. Настапите го водат во повеќе од 24 земји на 4 континенти, а истите се пренесувани на радио и ТВ во Романија, Белгија, Англија, Данска, Унгарија и САД. Откако поминува три години во Бостон како предавач на универзитетот во овој град, Хориа Михаил се враќа во Романија каде во 2009 година е назначен за пијанист-солист на Националниот радио оркестар. Во моментот делува како Уметнички директор на Филхармонијата во Брашов, советник за култура на градоначалникот на Брашов и директор на фестивалот ТАМТАМ. Концертот е од 21 часот во катедралната црква „Света Софија“. извор: Курир.мк]]>