хор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Jan 2024 13:49:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Фрида“ – хор на распеаните жени со големи срца https://arhiva.vistina.com.mk/frida-hor-na-raspeanite-zheni-so-golemi-srtsa/ Tue, 02 Jan 2024 13:49:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333367

Во овие празнични денови  распеаното женско друштво, хорот- Фрида, имаше прво јавно претставување од затворен тип: беше тоа топла емотивна вечер преполна со магична женска енергија. И зад и во сета таа музичка и емотивна сказна која ќе трае, раскажува Сузана Турунџиева. – На овој наш настап гостинката ни беше Дени Жерновска, мојата Фрида- која непрестано ме потсетува на најважните животни вредности, а на клавир не придружуваше маестро Огнен Стаматоски… Патем, Фрида е моја дамнешна желба, потајно од секогаш многу сакав да имам женски бенд, ама не мислев дека ќе порасне во хор и затоа знам дека нејзиното раѓање е кармички предодредено- раскажува Сузе. Првичната замисла беше многу поинаква, со Андријана Јаневска, со која соработуваме повремено имавме идеја да формираме детско хорче и распишавме оглас за аудиција. Се јавија малку деца, наспроти- многу жени, кои беа желни за песна и дружење. И, бидејќи во училиштето на Андријана немаше услови за возрасни, решив оваа приказна да ја започнам на друго место, следејќи ги знаците на Универзумот. “ Решено- сторено. Сузе најде и изнајми простор и веднаш почнаа со пробите. За кратко време бројот на распеаните жени се зголеми, а со тоа и ентузијазмот растеше. – Сите пеат со блесок во очите и радост во срцата! И покрај тоа што се аматери, брзо ги усвојуваат текстовите и ги примаат сите мои насоки, особено за детали околу вокалната техника. Репертоарот е безвременски: од обработки на стари и познати евергрини, до госпел музика, латино и македонски евергрини… Тие уживаат, а јас уште повеќе додека ги гледам и слушам, заврши Сузе. Плановите за настапи се секој втор месец, на различна тема. Сега Фрида работи на познати љубовни теми, за празникот на виното и љубовта. Каде ќе се одржи настанот, зависи од тоа колку нови членови ќе се регрутираат, бидејќи интересот е навистина огромен.]]>

Велигденски концерт со хорот „Света Злата Мегленска“ во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/veligdenski-kontsert-so-horot-sveta-zlata-meglenska-vo-ohrid/ Sat, 08 Apr 2023 09:09:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297305

Националната установа „Охридско лето“ организира Велигденски концерт „Воскресение твоје“ со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје. Концертот ќе се одржи на 12 април во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток во 20 часот. „Св.Злата Мегленска“ преку своето 27-годишно континуирано работење стана хорски расадник и културен храм каде со огромна љубов и посветеност ги поттикна и ги стави во функција сите хорски состави на афирмирање на православната хорска музика ширум светот. „Св.Злата Мегленска“ во јавноста се промовира како културен амбасадор и реализатор на низа значајни меѓународни и државни фестивали, натпревари, концерти, предавања и слични настани од областа на хорската култура. Освен музицирањето и пријателското дружење, хорот се стреми кон подигање на патриотските чувства, будење на националната свест и негување на традиционалните вредности. Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје е формиран во 1996 година. Составен е од 22 женски вокали кои повеќето се млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје и од другите државни универзитети во Република Македонија. Основач, диригент и уметнички раководител на хорот е академскиот музичар Летка Димовска Полизова.]]>

Елена Ристеска и детскиот хор „Поточиња“ со заедничка песна најавуваат роденденски јубилеј – „Мамо благодарам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-risteska-i-detskiot-hor-potochina-so-aednichka-pesna-najavuvaat-rodendenski-jubilej-mamo-blagodaram-video/ Thu, 23 Mar 2023 07:15:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294708

Во пресрет на јубилејниот 20-ти роденден на детскиот фестивал „Поточиња“,  македонската поп пејачка Елена Ристеска и Хорот Поточиња на публиката и подаруваат песна полна емоции посветена на секоја мајка. Ова е година во која и Елена заедно со Поточиња одбележува 20 години на сцената и токму со „Мамо Благодарам” заеднички го најавуваат јубилејното издание на фестивалот кој годинава ќе се одржи во мај. Музиката и текстот се на Оливер Пап, аранжманот на неговиот татко Мирослав, а заеднички го изработиле миксот и мастерингот за песната која е симена во нивното семејно „Студио Пап“. Видеото го потпишува „2By4Digital“, а вие во продолжение погледнете го истото и слушнете ја „Мамо Благодарам” (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Аудиција за нови членови на хорот „Златно славејче“ https://arhiva.vistina.com.mk/audicija-za-novi-chlenovi-na-horot-zlatno-slavejche/ Fri, 22 Mar 2019 11:36:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78874

Во просториите на Советот за грижи и воспитување на деца на градот Скопје, кој се наоѓа на улица „Илинденска“ број 55, на 10, 11 и 12 април, со почеток во 18 часот, ќе се одржи аудиција за нови членови на хорот „Златно славејче“. Децата талентирани за пеење, на возраст од 7 до 12 години, ќе треба пред диригентката на хорот, Катерина Баталаковска, да испеат една детска песна или само рефрен, по сопствен избор. „Децата можат да се обидат, пеејќи ги своите омилени песни, да станат дел од хорот „Златно славејче“, кој е неизоставен дел од истоимениот, најстар и најреномиран фестивал за детска песна кај нас, кој годинава ќе прослави 49 години постоење. Инаку конкурсот за нови песни веќе заврши и имаше голем интерес кај авторите, а сега треба да ги одбереме најубавите песнички што ќе бидат изведени на годинашното издание“, вели Бобан Јосифовски, првиот човек на фестивалот. Инаку, славејчињата ќе настапат на „Априлијадата“ во Скопје, како и на многу други манифестации, каде што се омилени гости.]]>

Пред 19 години: Погледнете како изгледаше Нина Јанева како девојче! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pred-19-godini-poglednete-kako-izgledashe-nina-janeva-kako-devojche-foto/ Fri, 18 May 2018 07:40:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27746

Велат дека училишните денови се едни од најубавите, па кога ќе пораснеш се би дал да го вратиш времето и  барем на кратко да бидеш повторно тинејџер. Македонската пејачка Нина Јанева денес важи за една од подобрите пејачки на македонското музичко небо, а својата кариера ја започна како дел од групата „Фор Плеј“. Денес е една од најдобрите вокали, а со секое пеење пренесува и емоции. На нејзиниот Фејсбук профил се појави фотографија од Нина и нејзините училишни другарчиња кои беа дел од училишниот хор, фотографијата е направена пред 19 години. Оваа ретро фотка побуди носталгична чувства и кај нашата пејачка и кај нејзините пријателки.
фото:Фејсбук]]>

Сара Мејс и хорот на „Поточиња“ ви го испраќаат – „Гласот на децата“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-i-horot-na-potochinja-vi-go-isprakjaat-glasot-na-decata-video/ Tue, 13 Mar 2018 12:33:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15925

Сара Мејс заедно со хорот на детскиот фестивал „Поточиња“, во пресрет на јубилејното 15-то издание на „Поточиња 2018“, на најмладата публика и подаруваат нова песна и видео.
„Гласот на децата“ e темата преку која Сара Мејс и „Поточињата“ им порачуваат на возрасните дека чиста планета нам ни треба најмногу.
Зад музиката и аранжманот се потпишува реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите се дело на Светлана Пецакова. Песната е снимена и мастерирана во студиото на Александар Митевски и Пикадо продукција. Митевски и Мирослав Пап се музички продуценти, а видеото, пак, го изработиле „3Д проект студио“, додека режијата ја потпишува Оливер Пап. 
Инаку, јубилејното 15-то издание на фестивалот  „Поточиња“ ќе се одржи на 24 и 25 март во МОБ. Како изгледа и звучи овој роденденски подарок за детскиот фестивал проследете во подолу. https://www.youtube.com/watch?time_continue=220&v=AkDHK-Q1FPw        ]]>