хонда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Aug 2023 11:00:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хонда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шефот на групата Молика по разводот од Анета, со својата нова убавица замина на Јадранот: Кога Џими ќе ја јавне, задоволството ништо не може да го запре (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shefot-na-grupata-molika-po-razvodot-od-aneta-so-svojata-nova-ubavitsa-zamina-na-jadranot-koga-dhimi-ke-ja-javne-zadovolstvoto-nishto-ne-mozhe-da-go-zapre-foto/ Thu, 24 Aug 2023 10:15:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315124

Откако по 22 години и брак и професионална соработка во нивната група „Молика“, музичарот Џими Мицевски  и пејачката Анета Мицевска се разделија, секој приватно тргна на своја страна. И обајцата го потврдија разводот, како и тоа дека повеќе не живеат под ист покрив, но договорот да се исполнат до крај договорените  обврски со групата (свадби, настапи, турнеји... ) до август следната година - останува да се испочитува. Сепак, иако летото за естрадата важи за „сезона на жетва“, сепак многумина од нив наоѓаат малку слободно време и за себе, да одморат и да ги наполнат батериите.  После месеците напорна работа и пред се'  турболентна приватност, на Џими и тоа како му требаша начин да ги тргне мислите, ослободи умот, релаксира душата... Затоа музичарот заедно со својата нова убавица, заминал на приватна турнеја, овој пат во посета на некои од најубавите локации на бившата СФРЈ. Разбирливо, Јадранот летно време е неизбежен, а сообраќајните гужви кои се вообичаени на патиштата и граничните премини, за да ги избегне му помогнала токму споменатата „убавица“ со која шефот на „Молика“ вешто ги минувал и километрите и гужвите и границите. Впрочем, кога Џими ќе ја јавне, задоволството ништо не може да го запре! Дива како ждребица, црна како пантер,  брза како гепард, елегантна како газела, моќна како анаконда, убавото и корисното Џими го споил уживајќи во возењето со својата нова Хонда. „Лутата машина“ која искусниот моторџија  летово го одведе на неколку егзотични дестинации, како своевидна „утеха“ која музичарот си ја пронајде во возењето мотор со кој решил да замине во Хрватска за да ужива во убавините на Јадранот. Анета, која во меѓувреме си го промени и презимето, на социјалните мрежи не е така активна. Но, тоа не важи за нејзиниот сега веќе екс сопруг, кој своето летно мото патешествие го овековечил со неколку фотографии од разни локации на патот кон јадранското крајбрежје. Од преубавиот мост на полуостровот Пељешац, преку древниот Дубровник... Надалеку прочуеното лековито Игало... Па се' до обновениот стар мост на Неретва во Мостар, изграден во времето на Османлиите, а урнат во југословенскиот воен конфликт. Неговата црна убавица на две тркала,  која верно му служи без да го изневери и со која Џими Мицевски ова лето реши да ги мине најубавите денови, преточени во незаборавни спомени, кои музичарот ги овековечил со фотографии, споделени на социјалните мрежи! Фото: Фејсбук/Dzimi Micevski]]>

На Стефан од „Некст Тајм“ му е златен: На познатиот Македонец „најверен другар“ му е Јапонец! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-stefan-od-nekst-tajm-mu-e-zlaten-na-poznatiot-makedonec-najveren-drugar-mu-e-japonec-foto-video/ Mon, 12 Mar 2018 09:42:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15693

Македонското братско дуо „Некст Тајм“ по феноменалната стилизацији на македонскиот фолклор музички и визуелно огледана во преработките на „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“  подготвуваат материјал за ново изненадување, а можеби и цел албум со избор на песни од изворната македонска фолклорна  ризница.
Во меѓувреме, обајцата, секој на свој начин уживаат во животот и парчето слава што им го донесоа последните успеси. Повеќе или помалку е познато дека пејачот на братското дуео Стефан Филиповски покрај музиката има уште една страсна пасија - мотоциклите. И тоа не било кои и не било какви. Оне старите - олдтајмерите, ако така може да се каже.
Другите можат да мислат што сакаат, да зборуваат колку сакаат, да го пишманат и колебаат, ама Стефан од него ниту се двои ниту се откажува. Со еден збор, нему му е - златен... Се разбира, неговиот омилен мотоцикл!
Откако го набави својот мото љубимец на две тркала од 1979 година, на познатиот Македонец „најверен другар“ му стана омилениот Јапонец - неговата Хонда ЦБ 650.
Откако прв пат и се качи, не и се симнува, зашто во прашање е љубов на прв поглед и две тркала...
Љубов на една старомодна душа и безвременска машина... Барем за него, како што пејачот ја доживува.
Затоа, секогаш кога времето и временските услови му дозволуваат тој оди во нова одисеја со неа, со својата Хонда во потрага по возбуда и слобода... Со или без својата Пенелопа!

Freedom

A post shared by Stefan Filipovski Official (@stefan_filipovski) on

]]>