хл студио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Jan 2022 12:58:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хл студио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Љубов, среќа, тага и солзи во новата песна на Никола Зацески – „За вас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljubov-srekja-taga-i-solzi-vo-novata-pesna-na-nikola-zaceski-za-vas-video/ Wed, 05 Jan 2022 12:58:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233982

Песна по песна, скромно и ненаметливо, младиот пејач Никола Зацески ја гради својата музичка кариера по враќањето од Австралија во Македонија. По „Мојот пат“, „Срцето мое тука чука“, по одличната преработка на „Лихнида“, талентираниот Зацески продолжува да твори и да создава нова музика. Овојпат Никола и неговиот тим ја промовираат песната „За вас“, нумера на која работеа едни од најдобрите во нашата земја. Музиката и аранжманот се дело на познатиот Николче Мицески, текстот го потпишуваат Никола заедно со одличната Весна Малинова, а се снимаше во студиото „XL“ на Дејан Момироски. Станува збор за нумера во која буквално ќе може да се пронајде секој од нас, бидејќи инспирацијата е љубовта кон семејството. „Ова за мене е најдрагоценото нешто што сме го креирале до сега со мојот тим, бидејќи секоја буква и нота има длабоко значење за мене и е преполно со емоции од љубов, среќа, тага, солзи - сето тоа испреплетено во една песна.  Живеењето неколку години надвор од Македонија разбудија уште поголеми емоции кон мојата татковина и родители (фамилијата), па од таму моите први песни се инспирирани од нив“ - вели младиот Зацески. За екранизацијата на ова емотивно „соголување“ на Никола Зацески се погрижи талентираниот Никола Митревски, кој се потишува како режисер на видеоспотот. Погледнете, слушнете и уживајте, ова е направено и... „За вас“: ]]>

Татијана Стефановска благослови роднини, пријатели со – „На свадба ми дојдоа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatijana-stefanovska-blagoslovi-rodnini-prijateli-so-na-svadba-mi-dojdoa-video/ Mon, 16 Mar 2020 13:31:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139770

Една од најпознатите фолк пејачки на македонската естрада, Татијана Стефановска, го објави спотот за нејзината најнова песна која носи наслов; „На свадба ми дојдоа”. Како што кажува и самиот наслов, станува збор за песна со свадбарска тематика на која што како автор на музиката и аранжманот се потпишува маестро Златко Миладиноски, а текстот го напишал Драган Матески. Песната „На свадба ми дојдоа”, Татијана ја снимала во студиото „ХЛ“ на Дејан Момироски. „Една убава свадбарска тема, позитивна, а свадбата ја опишува невестата. Таа кажува за гостите кои што ги чека од туѓина да дојдат и заедно да се веселат на нејзината свадба. Во оваа песна можат да се пронајдат сите оние кои што имаат таков убав момент, како што е свадбата. Сепак,најмногу текстот се задржува на гостите кои што треба да дојдат од странство и заедно да уживаат во свадбата на блиската роднина, односно невестата“ - истакнува Татијана во интервју за сателитската ИН ТВ. Снимањето на спотот се одвивало во домот на Татијана и уште на неколку локации низ Охрид во соработка со ИН Продукција. Нејзините очекувањата се песната да биде добро прифатена од јавноста и да заживее меѓу народот. Татијана се надева дека „На свадба ми дојдоа” ќе се пее на македонските свадби, но и на другите семејни прослави. Во продолжение погледнете го спотот: ]]>