химна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Nov 2023 09:55:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png химна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „За ова вреди секој момент на патеките“: Иџе секогаш го гледаме во тркачко одело, но овој пат рака за рака со саканата се дотераа за ултра специјален повод каде беше воздигнат до небо (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/za-ova-vredi-sekoj-moment-na-patekite-idhe-sekogash-go-gledame-vo-trkachko-odelo-no-ovoj-pat-raka-za-raka-so-sakanata-se-doteraa-za-ultra-spetsijalen-povod-kade-beshe-vozdignat-do-nebo-foto-video/ Mon, 06 Nov 2023 08:10:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325457

Во месец септември најдобариот македоински автомобилист, Игор Стефановски Иџе ја освои третата титула Европски шампион за ридски трки. По многуте победи кои претходеа на шампионатот и бодовната предност, во хрватскиот град Бузет беше местото со патеката од каде Иџе ја освоит третата шампионска титула. Сега, во Брага во Португалија и официјално на свеченоста организирана од ФИА беше прогласен Европскиот шампион во ридско искачување- нашиот Игор Стефановски –Иџе. За свеченоста Иџе облече црн елегантен костум, а до него беше и најголемата поддршка, сопругата која го придружува речиси на секоја трка и значајни моменти како овој. Горд со трофејот во рацете, Иџе дополнително го чувствуваше адреналинот, но сега бидејќи како што вели и самиот е посебно чувство сите значајни личности од автоспортот да стојат и да ја слушааат македонската химна во негова чест. -За ова вреди секој момент поминат на тркачките патеки, секоја победа па дури и пораз, чустото да се интонира Македонската химна во Португалија и притоа сите значајни личности од автоспортот да стојат исправени и да ја слушаат во чест на шампионот ИЏЕ, пишува победникот во описот на видеото кое го сподели на својот Фејсбук профил. За потсетување, Стефановски оваа густо набиена сезона, победи на седум од десет трки, па оттука очекувно беше тој уште еднаш да ја направи горда Македонија. фото:Фејсбук/Игор Стефановски Иџе]]>

Во американската амбасада во Скопје и годинава се пееше македонската химна: Тара не е Тамара да направи катастрофа, па од А до Ш точно ја испеа секоја строфа! https://arhiva.vistina.com.mk/vo-amerikanskata-ambasada-vo-skopje-i-godinava-se-peeshe-makedonskata-himna-tara-ne-e-tamara-da-napravi-katastrofa-pa-od-a-do-sh-tochno-ja-ispea-sekoja-strofa/ Fri, 07 Jul 2023 08:42:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309324

Во Американската амбасада во Скопје и годинава се одбележуваше 4-ти Јули, денот на независноста на САД кој го означува раѓањето на државата, односно денот кга САД ја обезбедија независноста од Британската империја. До душа прославате се одвиваше два дена подоцна, на 6-ти јули, но традиционално во кругот на комплексот на амбасадата, каде меѓудругото на коктел забавата секогаш се поканети мноштво видни личности од македонската политика, бизнис елита,  претставници на медиумите, но и дел од јавните и естрадните личности. И како што налага традицијата меѓуостанатото вообичаено е да се изведе покрај американската и македонската химна „Денес над Македонијасе раѓа“ која најчесто ја изведува некоја од македонските музички ѕвезди. Годинава македонската химна на прославата во Американската амбасада ја изведе пејачот Александар Тарабунов - Тара. И ја испеа акапела, само со својот вокал и тоа беспрекорно... Тара не е Тамара да направи катастрофа, па од А до Ш точно ја испеа секоја строфа! Така се коментираше на социјалните мрежи, а најгласна неговата роден сестра Христина која го објави и видеото со изведбата, па покрај него во описот напиша: „Ај Добро утро, И во сон да го прашаш, ќе го знае текстот... Фала браЦ, вака ни еден аларм на светот не ме исправил сабајлечки“ - напишала сестрата на Тара во објавата на Фејсбук, очигледно споделена уште со „првите петли!“ Порака во стилот: „Ти кажувам брате Тара,  сети се Тамара“... Или така некако! Како потсетување на големиот скандал кога во 2019 година Тамара Тодевска која тогаш беше избрана на прославата да ја испее химната на Република Македонија „ја утна истата“  пеејќи ја во своја верзија, од која беа исфрлени стиховите: „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“... За едни намерно понечија нарачка, за други случајно, за трети заради збунивачка трема на пејачката, за неа лавина обвинувања, напади, навреди, па дури и закани на социјалните мрежи и воопшто во јавноста. Кутрата пејачка не знаејќи како да се одбрани и извади,  мораше или поточно реши „испуштените стихови“ дури и да си ги истетовира на сопственото тело! Како и да е македонскиот пејач овој пат совршено ја изведе „Денес над Македонија се раѓа“. Одважно, сигурно, без фалш и стиховно „карикирање“... Башка, на Тара, веројатно не му е и до тетовирање! Фото: Фејсбук  и Инстаграм принтскрин  ]]>

Дознајте зошто Стојне Николова е неостварен сон на секој – „Камионџија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/doznajte-kako-stojne-nikolova-stana-neostvaren-son-na-sekoj-kamiondhija-video/ Thu, 18 May 2023 08:36:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302573

Камионџии... Луѓе на кои куќата им е патувачка, домот им е на тркала, животот по патиштата, каде минуваат илјадници километри по разни друмови, преку мноштво граници, од дома до нивните одредници и назад... Најчесто радиото и музиката им се најверни другари во шоферските кабини, па не случајно камионџиите и убавата песна се како „брат и сестра“! Некои камионџии кај нас песната дури ги направи славни, познати, дотаму  што стигнаа и до естрадните височини, како камионџијата Андруш, на пример. Некои други пак ѕвезди од зад воланот станаа преку социјалните мрежи како Дарко Влогс, ама до сега се чини камионџиите и оние познатите и оние непознатите немаа своја песна по која ќе ги препознаваат. За да не биде тоа така, се погрижија атрактивната струмичка фолкерка Стојне Николова заедно со Манчи и нејзината авторска екипа, како и многубројните гости на проект-песната „Камионџија“ која на прва влегува во уво и има претензии да стане македонска камионџиска фолк химна. „Душава на нафта мириса, само една имам утеха, да си седнам в ладна меана... Зашто лек за камионџии се убавите млади пејачки“ - како што велат испеаните стихови во песната, во чие видео  зад воланот во камионџиската кабина се многу познати ликови. Од авторот на песната Бобан Мојсовски - Мојсо, преку Тони-Биоритам, Дарко- Влогс.... и останатите кои маестрално си ги одиграле своите улоги во спотот, вклучувајќи го и пејачкиот тандем Стојне и Манчи. Вистинска „ол стар екипа“ од познати лица меѓу кои и оркестарот Џамбо - Агушеви, кои кафеанската атмосфера ја доведуваат до лудило, а Стојне Николова блеска во сиот свој сјај... Можеби најдобро до сега. Една нова, поинаква Стојне која не случајно претендира да стане „неостварен сон“ за камионџии... И не само за нив, што седат зад воланот во возачките кабини, туку и за сите останати љубители на убавите пејачки во фолк музиката. Како и да е „Камионџија“ не е само камионџиска фолк химна во перспектива, туку вистинска кафеанска песна за забава, дружба и веселба за сите, потенцијален хит кој од прва влегува во уво, а долго ќе се пее и слуша. Екипата која работела на аудиото и видеото во проектот е обемна и ја сочинуваат: На музички план, музика и аранжман: Бобан Мојсовски, текст: Сашо Нојкиќ, микс и мaстер: ХЛ Студио Момировски, орекстар: Џамбо Агушеви, хармоника: Мишел Трајковски. Видео продукцијата и монтажата ја работел Даниел Јовески,  режијата е на Бобан Мојсовски, а во актерскиот тим се: Антонио Климоски Дарко Влогс Игор Додевски Даниел Божиновски Бобан Мојсовски Бојан Кузманоски Дадо Баровец Гоце Пејковски Иле Моша Сара Мирчевска Ивона Каљкова. Моден стилист била Викторија Бурсаќ, за шминката и фризурата се погрижил стилистот Даниел Николовски. Како изгледа сонот на секој камионџија проследете од песната и спотот за „Камионџии“ од видото во продолжение кое ќе ве насмее, расположи и развесели (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Мери Акиевска стана апсолутен победник на „Светско првенство во фитнес и бодибилдинг“: Четири пати ечеше македонската химна, четири пати капеа солзи од среќа! https://arhiva.vistina.com.mk/meri-akievska-stana-apsoluten-pobednik-na-svetsko-prvenstvo-vo-fitnes-i-bodibilding-chetiri-pati-echeshe-makedonskata-himna-chetiri-pati-kapea-solzi-od-srekja/ Mon, 08 Nov 2021 11:49:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226349

Голем успех за македонскиот бодибилдинг во Санта Сузана во Шпанија. На 75-то Светско првенство во фитнес и бодибилдинг македонската репрезентација, поточно Мери Акиевска  стана апсолутен победник. Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајќи во својата категорија до 163 сантиметри кај јуниорите и сениорите, но таа успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајќи ги шампионките од другите висински категории.
„Не може да се опише, 4 пати ечеше химната на Македонија, 4 пати капеа солзи од среќа. Македонија го освои Светското злато Јуниорска , Сениорска Категорија со две Апсолутни во двете категории. Луѓенца пресреќна сум. Ви благодарам на целосната подршка и што бевте покрај мене“, напиша меѓудругото Акиевска на социјалните мрежи.
Извор: СпортМ Фото: Инстаграм принтскрин/meri_ifbbwellness_akievska]]>

И Снеже Велков „ја утна“ химната… ама никој не и забележа, затоа пак сите забележаа како и почна денот… со растресен задник! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-sneze-velkov-ja-utna-himnata-ama-nikoj-ne-i-zabeleza-zatoa-pak-site-zabelezaa-kako-i-pochna-denot-so-rastresen-zadnik-foto/ Tue, 22 Jun 2021 08:55:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207787

Македонија го заврши своето историско деби учество на едно големо фудбалско натпреварување. На ЕУРО 2020 од нас - толку... Три порази, загубивме три пати , постигнавме два , апримивме осум гола, игравме, како што игравме, но не разочаравме! Три пати се пееше македонската химна, за прв пат на едно Европско фудбалско првенство, а се пееше и по домовите, кафеаните, дворовите, локалите, терасите, пред видеобимовите и ТВ екраните... Ја пееја сите што имаат во себе патриотско чувство, национална гордост, љубов и емпатија кон својата земја, кон Македонија! Пред последниот натпревар на Македонија со Холандија имавме и мотив повеќе да ја пееме... Прошталниот меч на Горан „Гранде“ Пандев, нашиот капитен, најдобар играч, македонската фудбалска икона... И никој ниту намерно ниту случајно не ја згреши, освен таа - македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка, Снеже Велков!  Или поточно, само нејзе и текна дека македонската химна во ова предвечерие може за прв пат да се пее „со намерна грешка“, ако е тоа воопшто и грешка!? Имено, згодната и шармантна водителка предложи две работи: да се внимава да не се „прескокне“ строфата со имињата на македонските револуционери, а меѓу нив, да се вметне и името на големиот,  Гранде Горан Пандев... Само овој пат, во негова чест! Се разбира сето ова како шега, во која има многу неспорна вистина! Кој како ја пееше и дали ја пееше, секако не можеме да знаеме, а и на Снеже Велков за „предлогот“ никој не и забележи, ама затоа    пак сите забележаа како и почна денот на пилатес инструкторката... со растресен задник! Впрочем, Снеже самата тоа и го покажа. Најпрвин со поздрав кон сонцето за добро утро... ... Потоа за „поза мачка“, која до душа машките „поинаку“  ја нарекуваат... ...Како и кревањето нозе... ...И после едно вакво утро, тргна „да го гази денот“! Со „маја гери“ во гро план и... уште по нешто во крупен кадар! Ние на зелениот „ѓон“ од патиките мислевме, а вие? Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze
]]>

Секој со својот сон: Панчо – ДНК ја пееше македонската химна и навиваше на стадионот во Букурешт, а Васил Гарванлиев пееше на геј парада во Бугарија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-so-svojot-son-pancho-dnk-ja-peeshe-makedonskata-himna-i-navivashe-na-stadionot-vo-bukuresht-a-vasil-garvanliev-peeshe-na-gej-parada-vo-bugarija-video/ Mon, 14 Jun 2021 06:53:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206779

Двајца преставници на македонската естрада -  два света... Ако не по сите, тогаш сигурно по многу основи. Музиката е нивниот НЗС, нивната тангента, заедничка точка, зашто и обајцата важат за познати естрадни уметници, арно ама... Владимир Блажев или Панчо оддамна, како ДЈ, член на некои групи во младоста и последниве години етаблиран, познат и признат, како една половина од ар ен би дуото „ДНК“ со кое сними дузина песни, видеоспотови, неколку албуми, исфрли грст хитови... Со еден збор, веќе остави траг и си обезбеди свое место во македонската естрадна историја која сејкојдневно се пишува. Васил Гарванлиев уште како дете блесна во на детските фестивали со хитот „Марионка“, ама по неа - исчезна, го снема... Живот надвор од земјата, влета во водите на класиката, па враќање во земјата со обиди да се наметне со малку поинаква музика, особено со „несреќните“ евровизиски настапи... Оној „несудениот“ - лани заради Ковид 19 пандемијата и овој годинешниов, кој заврши „неславно“ уште пред да почне, пред да се појави на евровизиската сцена со сите оние скандали, афери и контроверзи... кои во старт го следеа.  Од „бугарштината“ и отвореното признавање на сексуалната определба, до пласманот на евровизиската опашка! Последните објави на обајцата покажуваат две различни нешта, две различни не само музички концепции, туку и животни филозофии. Имено, како што е познато Панчо со Андреј (ДНК) пред почетокот на за нас историскиот деби настап на едно големо натпреварување како што е тековното ЕУРО 2020 во фудбал со дел од колегите од македонската естрада ја создадоа навивачката химна „Македонија на Европско“. https://www.youtube.com/watch?v=xC5z_541AbA&t=1s   Познатиот изведувач и ДЈ не пропушти да биде и дел од македонската навивачка експедиција, која се најде на трибините на Националната арена во Букурешт, каде Македонија дебитираше на ЕУРО во мечот со Австрија, кој за жал го загубивме, но прикажавме игра, покажавме карактер, желба, волја и сила за надигрување... И што е најважно: Испишавме историја! А, Панчо заедно со армијата македонски навивачи кои го обоија стадионот во црвено - жолта боја,, пред почетокот на мечот од трибините ја пееше македонската химна и страствено од се' срце навиваше за Македонија! Васил Гарванлиев исто така не ја пропушти можноста викендов да запее! И тоа во согласност со својата јавно искажана сексуална определба, на геј парада во Бугарија! Пред својот настап, Гарванлиев им порача на присутните дека „во музиката нема граници, нема омраза, нема политика и дека нема сексуална ориентација, но дека има љубов, енергија и дека сите сме - едно“! Белким мислеше дека сите ТИЕ се едно! Нејсе, сеедно, иако не е... На прашањето дали размислува да оствари дует со некој бугарски изведувач, Гарванлиев рекол: „Не само што мислам, туку и сонувам за дует со бугарски артист“. Гарванлиев притоа рекол дека веќе преговара со неколку изведувачи: „Можеме да започнеме со Викторија“, мислејќи на бугарската претставничка на Евровизија. „Ја почитувам бугарската музика, имате прекрасна традиција, прекрасни гласови, вие сте прекрасни... Исто така, постојат фантастични гласови во класичната музика…“ – додал нашиот годинешен евровизиски претставник. Двајца естрадни уметници, ама секој со својот сон... А соништата тотално различни! Како и определбата, музиката, постапките, настапите, појавата на дијаметрално различни локации... Кому што му е поважно, белким? https://www.youtube.com/watch?v=hsInXzP2oeY&t=22s]]>

Промовирана официјалната химна на претстојното ЕУРО 2021: Зад „We Are The People“ стои ДЈ Мартин Гарикс, а гостуваат Боно и Ди Еџ од „Ју ту“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-oficijalnata-himna-na-pretstojnoto-euro-2021-zad-we-are-the-people-stoi-dj-martin-gariks-a-gostuvaat-bono-i-di-edz-od-ju-tu-video/ Mon, 17 May 2021 12:35:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202808

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска ја претстави официјалната химна на претстојното Европско првенство УЕФА ЕУРО 2021 под името „We Are The People“. На песната зад која стои легендарниот холандски Ди-Џеј Мартин Гарикс гостуваат и Боно (Bono) и Д Еџ (The Edge). „Компонирањето музика за еден од најголемите спортски настани во светот заедно со Боно и Д Еџ, беше неверојатно искуство“ - изјави Гарикс за официјалниот сајт на УЕФА. Химната ја слави основната тема на ЕУРО 2021 – заедништвото, особено во светло на сите предизвици со кои светот се соочува во денешницата, со акцент на уникатноста на завршниот турнир што за прв пат во историјата ќе се одржи ширум Европа. ЕУРО 2021 ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 11 европски градови, а македонската фудбалска репрезентација своите натпревари во групната фаза ќе ги игра во Букурешт, против Австрија и Украина, и во Амстердам, против Холандија. https://www.youtube.com/watch?v=kGT73GcwhCU]]>

Навлечена: Тамара Тодевска направи уште една тетоважа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/navlechena-tamara-todevska-napravi-ushte-edna-tetovaza-foto/ Fri, 27 Nov 2020 07:03:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178307

Пејачката Тамара Тодевска не може да престане да го тетовира своето тело. Неодамна во јавноста се крена голема прашина поради тетоважата која ја стави на својот струк, односно ја истетовира химната на Р. Македонија и тоа делот кој не го отпеја односно како што вели – делот кој го заборави. Откако го направи тоа, односно јавно го вети и исполни, Тамара беше во фокусот за разни коментари на социјалните мрежи, едни и се чудеа на храброста, а оние што не толку ја сакаат, повторно си најдоа причина да ја стават во негативна конотација. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/veteno-ispolneto-tamara-todevska-ja-istetovira-himnata-na-makedonija-foto/ Но, тетоважите станаа секојдневие за пејачката, а сега повторно стави нова, овој пат на раката, едноставна но симпатична- балонче. На химната и претходеше тетоважа со кокошка, која ја направија заедно со манекенката Катарина Ивановска, а пред тоа Тамара тетовираше микрофон на рамото... Оние кои еднаш ставиле тетоважа на својата кожа, добро ја знаат онаа дека тоа никогаш не завршува со една. Секако, од ова „правило“ има исклучоци, но Тамара Тодевска не е меѓу нив. Добро познато е дека таа е голем љубител на тетоважите кои години наназад ги изработува кај Горан Мичиќ, каде е најредовен муштерија. За потсетување, пејачката пред неколку години тетовираше и нешто поголем микрофон на ногата, а исто така за бурми избра тетоважа за неа и нејзиниот сопруг.]]>

„Секој со своите гревови“: Тамара ја истетовира химната, а по неа и Игор Џамбазов на стомак ја стави својата најголема животна грешка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-so-svoite-grevovi-tamara-ja-istetovira-himnata-a-po-nea-i-igor-dzambazov-na-stomak-ja-stavi-svojata-najgolema-zivotna-greshka-foto/ Mon, 02 Nov 2020 08:43:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173985

Веќе и птиците на гранките знаат дека пејачка Тамара Тодевска го истетовира делот од химната на Р. Македонија кој приопушти да го испее на прославата по повод Денот на независноста на САД. Социјалните мрежи беа преплавени со фотографијата на Тамара каде позира со поткрената маичка за да се види тетовираното. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/veteno-ispolneto-tamara-todevska-ja-istetovira-himnata-na-makedonija-foto/ Секој имаше свое видување преку коментар, па додека едни и аплаудираа за храброста, други и порачаа дека не морала да го прави тоа за да му се докажува на народот, а пак трети си тераа сеир на нејзина сметка алудирајќи на тоа дека и оваа постапка не ја „пере“ сторената грешка.
 
View this post on Instagram
 
Ветено, сторено ❤🇲🇰

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

И Игор Џамбазов реши да се причклучи кон толпата расположени за реакција за постапката на Тамара, ама тој како и секогаш беше оригинален и неприкосновен! Џамбазов се стави на местото на своата пријателка и колешка, па и тој својот најголем грев го испиша на стомакот со големи букви „шток“! Неговото не беше трајна тетоважа, но гестот и повеќе од јасен.
 
View this post on Instagram
 
Секој со своите гревови...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

-Секој со своите гревови, пишува Игор јасно со крената кошула покажувајќи дека го неговиот грев кој заслужува тетоважа е алкохолот. Реакции и коментари имаше илјадници, а меѓу привите беа Тамара и Тијана кои слатко се изнасмеаја. Инаку, Игор Џамбазов не ретко на свои настапи и интервјуа знае да спомене дека алкохолот за него е минато.]]>

Ветено – исполнето: Tамара Тодевска ја истетовира химната на Македонија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/veteno-ispolneto-tamara-todevska-ja-istetovira-himnata-na-makedonija-foto/ Fri, 30 Oct 2020 11:58:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173871

Македонската пејачка Тамара Тодевска претходната година по враќањето од Евровизија, се најде во голем скандал за кој се зборува и ден денес. Имено, на  прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, таа не го отпеја делот од химната каде се спомнуваат македонските револуционери Гоце Делечев, Питу Гули, Даме Груев  Сандански.... По оваа немила случка таа наиде на многу негативни коментари и критики дека се продала за пари, како не е ја срам... Пејачката тогаш се огласи и се извини истакнувајќи дека тоа не било намерно туку не сакајќи направила грешка. И покрај извинувањето, Тодевска често добиваше многу неубави зборови и критики, па таа повторно се објаснуваше дека не било намерно, дека го заборавила тој стих и како што кажа често заборава и свои песни. Неодамна, таа во интервју за „Бексјтеџ“ откри дека ќе ја истетовира химната на Македонија. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-todevska-reshi-da-ja-istetovira-makedonskata-himna-na-sebe-me-boli-shto-me-mrazat-bez-prichina-video/ Вети и исполни, па Тодевска ја истотивира химната. Имено, пејачката на својот „Инстаграм“ сподели фотографија на која ја покажа тетоважата односно истетовираната химна и тоа делот кој не го отпеја односно како штво вели - делот кој го заборави. Под објавата се нижеа разни коменатари, а меѓу нив и оние на нашите познати личности, меѓу кои и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, Сара Мејс, Панчо кои и порачаа дека „не е арна“. ]]>