хероин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 19 May 2018 06:18:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хероин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Била зависна од хероин, а потоа забременила: Како бебето и го променило нејзиниот живот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bila-zavisna-od-heroin-a-potoa-zabremenila-kako-bebeto-i-go-promenilo-nejziniot-zivot-foto/ Sat, 19 May 2018 06:18:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27779

Азариа Фејвер од Единбург била зависничка од хероин и деновите ги поминувала просејќи на улица, а потоа нејзиниот живот се променил кога дознала дека е бремена. Денес таа е здрава, среќна и млада мајка која најголемите заслуги за своето оздравување му ги препишува на своето дете, пренесува Дејли Меил. Нејзината ќерка, Бела Каледониа сега има пет месеци и со мајката редовно посетува часови за мајки и бебе. Азариа, покрај тоа запишала и факултет. Таа на само 15 години се навлекла на хероин, додека сега поседува и свој блог за да ги инспирира и охрабри сите кои се во слични проблеми. Во време на најлошата зависност конзумирала дури 20 грама хероин дневно. Таа била надвор од себе така што многу често никој не знаел каде е. Таа и нејзиниот партнер Алекс Адаир останале во целосен шок кога дознале дека е бремена. Поради својата зависност и здравјето, претпоставиле дека не може да има деца. После шокантното сознание, ја посетила клиниката за бездомници каде потврдиле дека Азариа е бремена и ѝ соопштиле дека брзо после породувањето детето ќе ѝ биде одземено и дадено на посвојување, бидејќи е тежок зависник и не може да се грижи за бебето. -Излегов од кај докторот во солзи. Не можев да дозволам тоа да се случи и да ми го одземат бебето. Истиот момент се пријавив на програмата за одвикнување. Понекогаш ми беше многу тешко и бев во искушение да купам хероин. Го користев од 15 години, тоа беше нешто што сум го правела отсекогаш. Желбата за дрога беше силна и постојано размислував за тоа, признава Азариа. Нејзиниот живот се променил откако ја роди малата ќерка, а за тоа вели: „Само што ја фатив за рака знаев дека веќе никогаш нема да се дрогирам. Од тој момент повеќе никогаш не помислив на хероин. И понатаму користам метадон, но дозите ми се многу помали и наскоро ќе се ослободам и од тоа. Не сакам мојата ќерка да мисли дека секојдневните посети во аптека се нормални”.]]>