Here I stand – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Mar 2021 09:05:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Here I stand – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промовирана „Here I stand“, песната на Васил Гарванлиев што ќе ја претставува Македонија на „Евровизија 2021“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-here-i-stand-pesnata-na-vasil-garvanliev-shto-kje-ja-pretstavuva-makedonija-na-evrovizija-2021-video/ Fri, 12 Mar 2021 09:02:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193893

 Јавниот сервис МРТВ и македонскиот претставник на годинешната „Евровизија 2021“, Васил Гарванлиев, споделија видео од песната со која ќе настапи во Ротердам, Холандија. Песната „Here I stand“ е негово авторско дело, а продукцијата и аранжманот се на Борче Кузмановски и Давор Јордановски.
Песната и видеото беа промовирани во четврток (11-ти март) во „Дневник 1“ на МТВ во 17 часот и 30 минути, каде Васил беше гостин. Од 18 часот песната со видео запис стана достапна онлајн на официјалната YouTube платформа на Eurovision Song Contest. Песната претходно требаше да биде промовирана пред медиумите, но поради новите мерки кои ги наметна пандемијата, националниот радиодуфезер ја откажа традиционалната промоција на евровизиската песна.
Погледнете и слушнете како звучи и изгледа македонскиот претставник на Евровизија 2021. https://www.youtube.com/watch?v=HbXczPgRI7Y&t=201s    
]]>

Промоција на евровизиската „Here I stand“ на Васил https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-evroviziskata-here-i-stand-na-vasil/ Sat, 06 Mar 2021 09:14:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192869

Промоција на Евровизиската песна на Васил Гарванлиев „Here I stand“, со која ќе ја преставува македонија на годинешниот евровизиски избор, Евросонг 2021, ќе се одржи во четврток, 11-ти март, во скопскиот хотел Парк, со почеток во 12.00 часот. Тим на Македонската Радио Телевизија во соработка со РТС ( Радио Телевизија Србијe ) изминатите денови работеше на реализација на снимка на сценскиот настап под мониторинг на ЕБУ, која треба да послужи како резервна варијанта, доколку заради коронапандемијата биде оневозможено присуство на македонската делегација во мај, во Ротердам. Настапите и за Македонија и за Србија беа реализирани во едно од студијата на РТС на Кошутњак, Белград, со што двата национални сервиса ја потврдија долгогодишната соработка и пријателство. Во моментов ЕБУ фокусот го има на реализација на сценариото Б, што подразбира одржување на Евровизија во мај во Ротердам, со присуство на делегациите, но со примена на мерки за социјална дистанца и други протоколи за заштита од ковид 19.]]>

Избрана македонската евровизиска песна: Васил Гарванлиев со „Here I stand“ ќе настапи во мај во Ротердам https://arhiva.vistina.com.mk/izbrana-makedonskata-evroviziska-pesna-vasil-garvanliev-so-here-i-stand-kje-nastapi-vo-maj-vo-roterdam/ Fri, 12 Feb 2021 14:02:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189494

„Here I stand“ е насловот на евровизиската песна со која што македонскиот претставник Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во мај во Ротердам. Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата ќе се погрижат Борче Кузмановски и Давор Јордановски. -Во целиот хаос и бура од разочарувања минатата година, Here I stand „се напиша” во еден здив, без притоа да помислам за каде и за кого ја пишувам песната. Веројатно тие се оние ретки моменти кога ќе се споите сами со себе и ќе оставите вашата емоција да ве понесе без да ја „осудите”, туку ја оставате да истече од вас во најискрената форма. Особено сум горд што ја имам можноста со автобиографска песна да ја претставам Македонија на Евросонг. Велат дека секој човек си носи барем една песна во себе, Here I stand е мојата песна што едвај чекам да ја запеам на сцена. Им благодарам на сите кои ме поддржуваат и веруваат во мене, истакна Гарванлиев. Песната ќе се снима во ренoмираното студио Fames во Скопје, со симфониски оркестар во живо, а придружните вокали ќе се снимаат во Чикако, од страна на поранешни членови на Детскиот Хор на Чикаго, каде и самиот Васил членуваше како дете. Борче Кузмановски во македонската јавност е познат како клавијатурист на групата Нокаут, мулти-инструменталист кој соработува со речиси сите еминентни имиња од домашната поп, рок, џез и алтернативна сцена. Ангажиран е како продуцент и инженер на звук со портфолио кое вклучува повеќе од 500 музички дела за филм, театар, радио драма, промо видеа, трејлери, а соработува со домашни и странски корпорации за музика и семплови. Давор Јордановски во Канада веќе дваесет години гради успешна кариера како изведувач, композитор и продуцент, во свои и проекти со други истакнати музичари. Зад себе има повеќе авторски албуми, а полето на делување му е прилично широко, од поп и џез музика, преку филмска и класична, па се до амбиентална, R&B и современа музика. Неговата работа како композитор, аранжер и продуцент вклучува компании како: Sony/ BMG, Westar Music, Sound Ideas, MDScoring. -И годинава одлучивме да го употребиме јавниот повик, испраќајки отворена покана до домашните и авторите надвор од земјата да се вклучат во селекцијата на евровизиската песна, како еден од начините да добиеме што пошироко понуда на песни, бидејќи никогаш не знаете кој ја има „вистинската“ песна. Задоволни сме од одзивот на авторите и од квалитетот на преслушаните демо и финални снимки, а тим од музички уредници од Македонската Телевизија и од Македонското Радио се согласи дека „Here I stand“, најмногу им прилега на вокалните способности и уметнички афинитети на Васил. Имајќи ја предвид големината на настанот, за одбраната песна се подготвува комплетен аудио-визуелен концепт, со кој се надевам дека сите ќе се гордееме, изјави шефот на делегацијата Мери Попова. Песната „Here I stand“ со видео запис ќе биде промовирана на почетокот на месец март. Македонскиот претставник Васил Гарванлиев веќе ја сними и евровизиската разгледница, годинава во виртуелно студио во МТВ. Со цел да се избегне патување, организаторите на Евровизија осмислија креативни видео разгледници, во кои секој од учесниците ќе се појави на различни локации во Холандија преку холограм. На три месеци до Евровизија, организатирите се одлучија на реалистичен пристап, фокусирајќи се во моментов на реализација на сценариото Б, според кое Евровизија ќе се организира според усвоени протоколи за заштита од ковид 19, што подразбира настан со присуство на делегациите во Ротердам, но со примена на социјална дистанца, чести тестирања во арената, редуциран капацитет на публика, кој може да се движи од 0% до 80%, во зависнот од моменталната состојба и пропишаните закони на локалните власти. За непречено одвивање на шоуто и во услови на неопходни промени во последен момент, секоја национална телевизија мора да обезбеди претходно снимен настап од својот претставник, кој евентуално ќе се искористи во зависнот од потребите на даденото сценарио.