Хелена Мојсиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Oct 2017 13:43:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Хелена Мојсиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хелена Мојсиќ: Талентираната архитектка која го создаде дизајнот на луксузното „Мое студио Дадар“ https://arhiva.vistina.com.mk/helena-mojsikj-talentiranata-arhitektka-koja-go-sozdade-dizajnot-na-luksuznoto-moe-studio-dadar/ Wed, 18 Oct 2017 12:42:45 +0000 http://vistina.mk//?p=406

Перманентноста која познатиот македонски стилист Александар Билјановски-Дадар ја има низ годините наназад во полето на својата работа, го донесе до остварување на својот сон, а и оној на клиентите со отворањето на новиот луксузен салон во Скопје. Дизајнот и ентериерот од уредувањето во салонот е вистинска оаза за сите сетила, а за истиот да изгледа така беспрекорно и гламурозно, се погрижи македонската архитектка Хелена Мојсиќ. Талентираната архитектка има дипломирано на Архитектонскиот факултет во Скопје и магистрирано на истиот на тема проектирање хотели, а моментално е на докторски студии на Државниот факултет TUW во Виена. Во интервју за Вистина.мк таа откри како е да се соработува со Дадар, каков е како клиент, од каде ја црпи инспирацијата, како успева да ги задоволи желбите побарувачката и сл…   Новиот салон Мое Студио Дадар  го изработивте по светски терк . Преовладува луксузот, елеганцијата , гламурот … колку Дадар вмеша прсти во вашите идеи , што ве инспирираше за просторот?
  • За салонот на Дадар ме инспирираше самиот тој и неговата работа.Сакав ентериерот да биде огледало на неговата работа , поточно целата таа убавина , луксуз и елеганција е компаративна со тоа како Дадар работи, како клиентите се чувствуваат кај него од самиот влез во студиото, престојот и задоволството што го имаат по третманот .
Каков клиент е Дадар. Како би го опишале?
  • Со Дадар соработуваме од 2012 год. Тој е перфекционист,  уметник со јасно дефиниран стил, знае точно што сака, има преголема доверба во луѓето со кои што одлучува да работи, која пак произлегува од неговата самодоверба .
Настојувате да ја најдете врската меѓу просторот и личноста што таму треба да живее или работи. На кој начин го постигнувате тоа?
  • Откривањето  на врската помеѓу личноста и просторот во кој што таа треба да живее и работи е процес и настанува преку комуникацијата со клиентот .
Со кои приоритети се водевте при дизајнирањето. Што има предност , функционалноста или визуелниот изглед ?
  • Естетскиот момент е тој што се забележува на прв поглед, но јас секогаш се водам на прво место од функцијата која понатака во процесот на создавањето ја обликувам естетски . Сите мои проекти се флексибилни, со изваден максимум од потенцијалот на тој простор, со можност на модифицирње според потребите што ги носи работата, животот и времето .
  На што се заснова вашата работа на полето на архитектурата и на што работите тековно?
  • Јас сум специјализирана за проектирање на хотели и хотелски комплекси. Мојата фирма Хелена Мојсиќ Архитектс моментално работи на три проекти за хотели. Се работи за комплетни проекти за градење кои вклучуваат и проекти за ентериер.
Која особина е круцијална за да се успее како дизајнер на ентериери, особено кај нас ?
  • Јас ентериерот го работам со посебна љубов и внимание . Според мене важно е да се открие желбата и потребите  на клиентот за тој простор и таа естетски да се визуализира и обработи.
Како изгледа според вас совршено уреден ентериер?
  • Совршено уреден ентериер е ентериер кој ги врши своите функции, а воедно  е  естетски максимално  чудесен. Оној каде  луѓето се чувствуваат прекрасно, а намената на тој простор е комплетно искористена, со тенденција и вештини на архитектот како создавач на просторот  да   успее визуелно со архитектонски детали истиот да се зголеми уште повеќе.
Опишете ни ја поврзаноста на модата и архитектурата ?
  • Модата е мојата втора љубов после архитектурата. Имам завршено курс за моден дизајн на Accademia Italiana во Фиренца во Италија . Многу светски познати креатори се архитекти. Токму ентериерот е тој кој најповеќе ме доближува до мојата љубов кон модата и можеби и затоа  мојот стил во проектирањето на ентериерите е специфичен и препознатлив.
Колку брзо се менуваат трендовите кога е во прашање уредувањето?
  • Трендовите се менуваат исто како и во модната индустрија, но во уредувањето потребно е да ја имаме базата на просторот така испланирано да одговара со потребите на луѓето во голем временски период а деталите да може да се менуваат трендовски доколку луѓето преферираат да ги следат.
Што е за вас непресушен извор на инспирација ?
  • Луѓето ме инспирираат , за нив ги создавам просторите во кои тие треба да живеат и создаваат . Нивната среќа и успеси во тие простори ме прави и мене задоволна и среќна . На секој проект се посветувам максимално без разлика дали е тоа дизајн на мебел , проект за ентериер или проект за хотел .
Кога би можела да ја проектираш канцеларијата или домот на некој од познатите личности , за кој би било тоа и како би го направила?
  • Никогаш не сум размислувала така и луѓето не ги делам на познати и непознати . Би била среќна кога во тој простор што сум го проектирала луѓето ќе имаат прекрасен живот , многу успеси и напредок на сите полиња, а ако посакуваат и да станат познати . Моја до сега неостварена  желба е во иднина да работам на сценографии за ТВ спотови , па дури и филм .
На кој проект сте најгорди ?
  • Тоа е мојот основен проект за градење за  Хотел Вардар Палас , хотел 16500 м2 , 5 ѕвезди хотел со 170 соби , најголем Спа центар на Балканот и многу содржини. Според мене најголем и најлуксузен хотел во Македонија и по содржини . Се наоѓа  во центарот на Скопје на Кеј на река Вардар . Наскоро почнува со градба. Проектот вклучува комплетен проект за градење и проект за ентериер за целиот хотел . Огромно е задоволството дека ќе го видам изведен .
]]>