хавана бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 May 2022 06:42:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хавана бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Сашо Пижевски – Пиже, менаџер, угостител и основач на „Хавана Бенд“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-sasho-pizevski-pize-menadzer-ugostitel-i-osnovach-na-havana-bend/ Wed, 18 May 2022 06:42:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250874

На 57 годишна возраст, почина Сашо Пижевски – Пиже — скопска урбана легенда, пејач, кафе-клуб менаџер и угостител, еден од креаторите на ноќниот живот во 90-ите во Скопје. Пиже е роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што и до денеска живееше. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите па со мали паузи сè до денес. Заедно со Горан Атанасов – Зеко и Игор Џамбазов е основач и член на култната група „Хавана Бенд“, која беше своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите: „Шток ми бејби“, „Нема спас“, „Дај ми, жити се“... По нејзиното распаѓање, се посвети на својот бизнис – угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти. На музиката и се врати со повторното обединување на „Хавана Бенд“ со Драган Спасов-Дац, на местотот на Џамбазов  во  и нивниот хит „Балада за мајка ти и татко ти“, плод на соработката со Александар Митевски. Во тоа време Пиже беше и сопственик на привлечниот кафе-бар „Мајка ти и татко ти“ во скопксо Дебар Маало. Тажната вест за ненадејното и прерано заминување на урбаната скопска легенда бргу се прошири на социјалните мрежи, а еден од неговите најдобри другари, Игор Џамбазов, меѓу првите ја обзанани простувајќи се од него. „Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скијатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…“, напиша Џамбазов во својата проштална порака на Инстаграм.
Од креаторот на ноќниот живот во Скопје во 90-ите години, кога во македонската метропола доаѓаа дури од Белград да се забавуваат, се простуваат многу јавни и познати личности, но и обични луѓе, кои ја живееја својата младост со кафулињата и забавите што ги менаџираа и правеа Пиже и Зеко. Замина човек кој со својата тивкост и добрина беше пријател со сите урбани лица во градот. Замина ненадејно, тивко, без најава... Онака како што последниве години живееше. Нека му е светол патот кон вечноста, која Пиже, скопската урбана легенда, оддамна ја заслужи.]]>

Замина уште една урбана легенда: Зеко, без тебе Скопје не е и никогаш повеќе нема да биде исто! https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-ushte-edna-urbana-legenda-zeko-bez-tebe-skopje-ne-e-i-nikogash-povekje-nema-da-bide-isto/ Fri, 18 May 2018 06:44:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27720

Замина уште една урбана скопска легенда. Замина од нас Горан Атанасов - Зеко (29 септември 1961, Скопје, Република Македонија), познатиот скопски боем, шоумен, пејач и угостител, и еден од главните создавачи на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 1980-тите,  со мали паузи речиси сè до денес.
Беше позната скопска фаца, лик кого урбаниот дневен и особено ноќен живот на Скопје му должи многу. Како менаџер, ко-сопственик и сопственик на повеќе кафулиња, ресторани, ноќни клубови и дискотеки ги уриваше бариерите меѓу тогашните големи метрополи во бившата држава како Белград и Загреб и нашето Скопје, ги поставуваше стандардите за тоа како треба градот да живее навечер, што значи забава, урбано однесување, европски стил на живот.
Меѓу позначајните локали кои ги држеше и менаџираше беа кафулето Баскет, забавниот комплекс Хавана клуб во Градскиот парк, дискотеката Парк на местото на денешен ТВ Сител на Градскиот стадион и таверната Хавана.
Но, Зеко не беше само обичен угостител. Заедно со неговиот најверен пријател Сашо Пижевски - Пиже и Игор Џамбазов беше основач и член на култната група Хавана Бенд, која беше своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти. Беа познати токму по пресликаниот скопски ноќен живот во нивните песни во кои го вградија духот на урбаните деведесетти на градот.  И денес ги паметиме по хитовите Шток ми бејби, Нема спас, Дај ми, жити се... а со повторното реобединување на Хавана Бенд и нивната последна Балада за мајка ти и татко ти, плод на соработката со Александар Митевски.
За жал, Зеко не е повеќе меѓу нас... А ни Скопје не е оддамна тоа што беше... Како кога во него беше еден од главните диригенти на ноќниот живот и неговото урбано живеење тој - Горан Атанасов - Зеко!
Почивај во мир урбана легендо, без тебе Скопје не е и никогаш повеќе нема да биде исто!]]>