хармонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 13:01:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хармонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Српскиот виолончелист Драган Ѓорѓевиќ солист на концертот „Хармонија“ во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-violonchelist-dragan-gorgevik-solist-na-kontsertot-harmonija-vo-makedonskata-filharmonija/ Mon, 19 Feb 2024 13:01:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339258

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист кој со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен „Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Хернандез- Силва од Венецуела/Шпанија. На програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и симфониската поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин. Мануел Хернандез-Силва дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „Јунгер Кунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена. Диригирал на значајни интернационални фестивали, а често настапува како гостин диригент со шпански и со други оркестри во Европа. Бил шеф-диригент на Оркестарот на Кордоба, на Филхармонијата во Малага, на симфонискиот оркестар „Навара“, и почесен шеф-диригент на оркестарот „Симон Боливар“ во Каракас, со кој интензивно работел повеќе од пет години. Диригирал со Виенскиот симфониски оркестар, Израелскиот симфониски оркестар, оркестарот на Радио Прага, Симфонискиот оркестар на Биел, со оркестарот на Мулхаус, Симфонискиот оркестар на Вупертал, Филхармонијата на Сеул, Филхармонијата на Буенос Аирес, Националниот оркестар на Венецуела, Симфонискиот оркестар на Чиле и со сите водечки оркестри во Шпанија. Како оперски диригент доби одлични критики за неговите изведби на „Волшебната флејта“ и „Така прават сите“ од Моцарт, за Бетовеновата „Фиделио“ и за „Боеми“, „Џани Скики“, „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од Пучини. Маестро Хернандез-Силва работи и како професор, постојано е активен во педагошката сфера, каде посветено едуцира млади диригенти. Критиката ќе каже дека Драган Ѓорѓевиќ е една од најоригиналните уметнички појави на неговата генерација. Тој е признат за амбасадор на српската школа за виолончело, основач е на ансамблот „Вива виолончело“, на фестивалот „Равенелиус“, соосновач на квартетот „Рубикон“ и програмски директор на „Виолончело фест“ во Белград. Во музичкиот свет Ѓорѓевиќ влегол на шестгодишна возраст, свирејќи виолина во училиште за музички надарени деца во неговиот роден град Ќуприја, а две години подоцна почнал да изучува виолончело. По студиите во Белград, на Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. Сандра Белиќ, образованието го продолжил на Гилдхал школата за музика и драма во Лондон, во класата на проф. Стефан Попов. По Лондон, Ѓорѓевиќ се запознал со корејскиот виолончелист Јанг Чанг Чо, кога продолжил да студира на Школата за музика во Есен, Германија. Уште како млад бил назначен да биде професор по виолончело на ФМУ во Белград, време кое го означил и како период да учи со славните виолончелисти како Миша Мајски, Тобијас Кун, Давид Такено итн. Добитник е на специјални награди на разни натпревари во Белград, а како солист настапувал во Велика Британија, Германија, Холандија, Шведска, САД, Русија, Белгија, Кина, Швајцарија, Франција, Норвешка, Јужна Кореја…, на истакнати меѓународни музички фестивали како „Би-би-си промс“, „Георг Енеску“, „Охридско лето“, „Челисимо“, „БЕМУС“… Соработувал со уметници како Џулијан Рахлин, Итамар Голан, Емил Табаков, Клеменс Шулд, Немања Радуловиќ, Роман Симовиќ, Џон Адамс… Почнувајќи од 2011 година, на покана на славниот маестро Валери Гергиев, свири како главен гостин виолончелист на Симфонискиот оркестар на театарот „Марински“, ја освоил наградата на Загрепски концертен менаџмент, му бил понуден и рецитал во новата концертна сала на „Марински“ во Санкт Петербург, како и деби со квартетот „Рубикон“ на Лондонскиот фестивал. И покрај тоа што е редовен професор по виолончело на ФМУ во Белград, одржува мастер-часови во Кина, Шведска, Бугарија, Романија, Словенија… Свири на виолончело направено 1797 година, од Џејмс и Хенри Бенкс.]]>

Правило кое внесува хармонија и среќа во сите аспекти на животот https://arhiva.vistina.com.mk/pravilo-koe-vnesuva-harmonija-i-sreka-vo-site-aspekti-na-zhivotot-2/ Wed, 22 Feb 2023 14:00:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290159

Дали сте слушнале за Паретов закон? Всушност, ова е токму она што може да ви помогне за да го подобрите квалитетот на вашиот живот. Како што пишува Your Tango, овој закон се заснова на принципот 80/20, а се објаснува така што 80% од посакуваниот резултат се постигнува со 20% од потрошеното време. На пример, ако 20% од вкупното време секој ден, го правите она што го сакате, тоа ќе ви донесе 80% од вкупната среќа. Токму со користење на овој принцип можете да подобрите некои аспекти од животот на кои сакате да поработите. Ако сакате да изгубите неколку килограми, 20% од вкупното време во денот, потрошете го на вежбање и подготвка на здрави оброци. Правејќи го тоа секојдневно, ќе постигнете 80% од посакуваниот резултат многу побрзо отколку што очекувате. Исто е и со вашиот љубовен живот. Ако сметате дека вие и вашиот партнер не поминувате доволно време заедно, обидете се 20% од денот да гo искористите за осмислување на следните патувања, разговарајќи со него и планирајќи ги идните заеднички авантури. Ќе бидете 80% позадоволни од вашата врска и посреќни отколку што некогаш сте замислувале. Пробајте, немате што да изгубите! извор:popara.mk]]>

Ова е првата ријалити двојка чија љубов заврши со брак: Пејачот и манекенката и денес заедно среќено живеат и имаат две деца (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-prvata-rijaliti-dvojka-chija-ljubov-zavrshi-so-brak-pejachot-i-manekenkata-i-denes-zaedno-srekjeno-ziveat-i-imaat-dve-deca-foto/ Wed, 12 Aug 2020 11:43:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162998

Уште  откога се запознале во реалното шоу, пејачот Никола Роквиќ и манекенката Бојана Баровиќ уживаат во совршена љубов и хармонија, што ретко се гледа денес. По венчавката добија две дечиња и се чини дека во нивниот заеднички живот тие се тотално комплементарни и живеат во согласност со христијанските брачни и семејни вредности и ги негуваат доблестите кои се најмногу ценети и се еден од темелите на христијанството. Деновиве, Никола и Бојана  го славеа четвртиот роденден на нивната ќерка Леона. „Четири години и безброј моменти кои ви го одземаат здивот, моменти кои вечно ќе останат во вашата меморија, љубов која не може да се изрази со зборови, но и многу моменти на грижа, страв, непроспиени ноќи и сè што носи родителство. Во сите тие моменти, единствената работа што беше важна е да се биде со нив! И така, секако, секогаш ќе биде, заедно низ сè“ - напиша Бојана во својот пост.]]>

Гога живее во склад и хармонија со природата, а готви како Џејми Оливер (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/goga-zivee-vo-sklad-i-harmonija-so-prirodata-a-gotvi-kako-dzejmi-oliver-video/ Mon, 13 Jul 2020 07:44:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158349

Неа ја знаат сите... И студентите и професорите и политичарите и обичниот народ... Едни како професорката, други како колешката од факултетот, од парламентот, од претседателската трка... Но, веројатно малкумина, освен оние кои и лично ја познаваат, знаат дека проф. Гордана Сиљановаскка Давкова е сестрана жена. Освен науката и политиката, пошироката јавност  почна полека да ги открива и нејзините останати квалитети, спосиобности, можности... Од оние духовните, физичките, забавните, домаќинските... Имено, кандидатот за пратеник и носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, покрај тоа што ја запознаа како Гога - Јога, заради нејзиното практикување на вештината за хармонијата на телото и духот, неодамна јавноста откри дека Гога е апсолутно во тек со времето, современите технолигии, социјалните мрежи, новите апликации... Па така сите дознаа дека професорката Сиљановска -Давкова е првиот македонски политичар што има „Тик  Ток“ апликација, која не ја користи само за танцување, како повеќето други припаднички на понежниот пол, туку и за малку посуштинска „гимнастика на умот“.   Едукативно-промотивни активности како што е промоцијата на програмата Проект – Обнова на ВМРО-ДПМНЕ, со која настапуваат на претстојните парламентарни избори, младите и нивниот живот, воспитувањето, образованието, проблемите, потребите, нивните сфери на интерес… А кога сме веќе кај танцувањето, на Гога не и треба Тик -Ток за другите да ги фрли во сенка и остави во шок. Впрочем сите видоа дека професорката е „ѕвезда на танцот“. Твист, рок ен рол, диско... елеганција во секој чекор, совршен сенс за ритам и ритмички движења со звуците на музиката, професорката поденакво добро го владее танувањето како и правото и политиката. Но, она што уште не сте го знаеле за неа е нејзиниот начин на живот во склад и хармонија со природата. Дека е тоа така, откри покажувајќи ја својата мала, како што самата ја нарекува, „Бабина градина“, среде урбана средина, во градот, на својата тераса. Таа како вегетаријанец, речиси целокупните свои потреби за зеленчук ги задоволува одгледувајќи го во вид на органска храна во својата мала урбана зелена градина. Домати-јабучари, тиквички, целер, морков, босилек... И уште десетина други лековити билки или зачини. Не случајно таа вели дека Македонија ја замислува како земја на здрава и органска храна, во која туризмот и културата ќе бидат на едно место, зашто ако се грижиме за природата, ќе се грижиме и за сопственото здравје. Но, дека сето ова не се само празни зборова за рекламна кампања, како што тоа го прават нејзините политички опоненти, , популарната „Гога - Јога“ покажа во пракса, кога во живо демонстрираше како изгледа нејзиниот живот во склад со даровите од природата, па од чистите органски продукти, таа ги зготви еден од нејзините специјалитети: Вегетаријанска мусака од тиквички и сирење. За локација ја избра одново прекрасната природа на кањонот Матка во околината на Скопје, па вредната професорка покажа дека не е само врвен танчер, туку и готви како Џејми Оливер. Впрочем и светски познатиот готвач има своја мала органска градина, па токму со продуктите од својата, Гога го подгови својот ручек на зелаената падина. „Македонската трпеза е многу богата со мириси и вкусови, а како нема да е кога нашата плодна почва изобилува со највкусниот зеленчук. Можеби и затоа сум вегетаријанка“ - напиша Силјановска - Давкова па го откри рецептот за својот вкусен вегетаријански специјалитет. „Секоја чест... професорка,  политичар, жена, мајка, домаќинка и вистинска Македонка“ - беа само некои од стотиците коментари кои ги доби под објавеното видео на социјалните мрежи. ]]>

Правило кое внесува хармонија и среќа во сите аспекти на животот https://arhiva.vistina.com.mk/pravilo-koe-vnesuva-harmonija-i-srekja-vo-site-aspekti-na-zivotot/ Wed, 04 Mar 2020 13:30:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137500

Дали сте слушнале за Паретов закон? Всушност, ова е токму она што може да ви помогне за да го подобрите квалитетот на вашиот живот. Како што пишува Your Tango, овој закон се заснова на принципот 80/20, а се објаснува така што 80% од посакуваниот резултат се постигнува со 20% од потрошеното време. На пример, ако 20% од вкупното време секој ден, го правите она што го сакате, тоа ќе ви донесе 80% од вкупната среќа. Токму со користење на овој принцип можете да подобрите некои аспекти од животот на кои сакате да поработите. Ако сакате да изгубите неколку килограми, 20% од вкупното време во денот, потрошете го на вежбање и подготвка на здрави оброци. Правејќи го тоа секојдневно, ќе постигнете 80% од посакуваниот резултат многу побрзо отколку што очекувате. Исто е и со вашиот љубовен живот. Ако сметате дека вие и вашиот партнер не поминувате доволно време заедно, обидете се 20% од денот да гo искористите за осмислување на следните патувања, разговарајќи со него и планирајќи ги идните заеднички авантури. Ќе бидете 80% позадоволни од вашата врска и посреќни отколку што некогаш сте замислувале. Пробајте, немате што да изгубите! извор:попара.мк]]>

Факти кои ќе ви помогнат да имате хармоничен брак https://arhiva.vistina.com.mk/fakti-koi-kje-vi-pomognat-da-imate-harmonichen-brak/ Wed, 18 Jul 2018 10:15:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38687

Среќниот хармоничен брак се гради врз доверба, добра комуникација и интимна поврзаност меѓу сопружниците. Партнерите треба да се сакаат, да се забавуваат и ниту во еден момент да не ја ставаат врската на дното на листата со приоритети. Маж и жена Тишината е разорно оружје кое не треба да го користите во бракот. Еве дел од работите кои не треба да ги правите, затоа што можат да го уништат вашиот брак:
  1. Не ја користете тишината како оружје. Изнервирани сте, држите огромна лутина во себе и има толку многу нешта што сакате да му ги кажете. Но, вие избирате да премолчите и да го казните со тишина. Тишината е смртоносно оружје кога сте во битка со сопругот. Таа е манипулативна и има за цел да му потскаже дека тој е виновникот и дека нема да му простите додека не се извини. Сепак, многу подобро е да влезете во вербален двобој и да си кажете еден на друг сè што ви лежи на душа, отколку да молчите и во главата постојано да си повторувате што сè ве нервира кај него и со тоа да го „храните“ презирот што го чувствувате кон него.
  2. Не барајте надворешни сојузници. Имате мала расправија и наместо да останете да го решите проблемот, вие веднаш трчате кај неговата мајка или кај вашата сестра за поддршка. Не барајте сојузник надвор од бракот. Сигурно вашиот сопруг нема да биде воодушевен кога неговата мајка ќе започне да му држи лекции како да се однесува. Брачните проблеми со кои се соочувате се ваши и најчесто треба да останат само меѓу вас.
  3. Никогаш не му се заканувајте. И во совршениот брак лесно може да дојде до жестока расправија. Но, никогаш не треба да користите закани како „Ако не го промениш ова кај себе, ќе те напуштам“. Никогаш не се заканувајте со тоа дека ќе се разведете од него.
  4. Не го шпионирајте. Претчувствувате дека крие нешто од вас и веднаш го фаќате неговиот мобилен за да му ги проверите повиците или се обидувате да ја погодите лозинката на неговиот e-mail. Тоа е голема грешка. Шпионирањето ја убива довербата во бракот. Ако секогаш кога тој се однесува малку посомнително вие започнувате со сомнежи дека ве изневерува или крие нешто сериозно од вас, тоа значи дека немате доверба во него. Шпионирањето донекаде е оправдано кога навистина постои објективна причина да се сомневате. Во таков случај, разговарајте со блиска доверлива пријателка која ќе ви помогне да размислувате потрезвено.
  5. Не претерувајте со критиките. Добро е да му укажете дека не знае да ја комбинира облеката, но ако нон-стоп му трубите „Ах, не знаеш да се облекуваш“, тоа не влегува во категоријата добронамерни критики. Добро е да му потскажете дека треба да намали со плескавиците ако сака здраво срце, но сигурно нема да биде среќен да чуе: „Прекини да јадеш само мрсно, си се направил како свиња“.
  6. Не му се жалете постојано. „Куќава е премногу тесна, понекогаш ме фаќа клаустрофобија“„На работа колешките не си ја затвораат устата“„Повторно сум се здебелила“„Многу сакав и оваа година да одиме на одмор, ама животот е неправеден“ (замислете си ја Хајрие од „Кога лисјата паѓаат“ и ќе ви стане јасно точно што не треба да правите, т.е. како не треба константно да „туфкате“). Наместо да ширите позитивна енергија, вие со жалбите можете да ја убиете и позитивната енергија на вашиот сопруг. Нормално е да му се жалите на партнерот, сепак тој е тука до вас и во добро и во лошо, но треба да знаете кога е доста.
  7. Не го споредувајте со некој кој е поуспешен. Доколку го споредувате вашиот сопруг со некој друг, вие му ја рушите самодовербата. Не треба да се служите со реченици од типот: „Да завршеше факултет, сега ќе земаше иста плата како Петар“„Да не се плашеше да инвестираш, сега ќе беше богат како Никола“. Со таквите искази вие силно ќе го повредите. Замислете како би се почувствувале вие ако тој ви рече: „Да вежбаше повеќе, сега ќе изгледаше како Марија“. Споредувањето само може да го оддалечи од вас и да побуди негативни емоции.
Ниту еден брак не е совршен. Во одреден период од животот сите парови наидуваат на проблеми. Успешен и хармоничен брак можат да имаат само оние кои избираат да ја направат својата врска приоритет во животот и кои се подготвени да вложуваат напори да ја одржуваат среќата и љубовта во таа врска.]]>