Харли Квин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 06 Apr 2023 08:54:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Харли Квин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бизарна и морничава до срж: Лејди Гага како да избегала од дното на пеколот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bizarna-i-mornichava-do-srzh-lejdi-gaga-kako-da-izbegala-od-dnoto-na-pekolot-foto/ Thu, 06 Apr 2023 08:54:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296869

Дури и за некој со прекар „Мајка чудовиште“, како што е поинаку позната поп-ѕвездата Лејди Гага, сепак е шокантно да се види колку морничаво изгледа пејачката во улогата на Харли Квин во продолжението на Џокер  „Folie à Deux“. По 15 години кариера, фустан од месо, излегување од јајце на доделувањето, тафтувани фустани, огромни штикли и најбизарни можни модни комбинации, Лејди Гага сепак успева да шокира со својот изглед. Сега сепојавиа фотографии од неодамнешното снимање на продолжението на Џокер во Њујорк, на кои поп ѕвездата е со разбушавена коса и шминка како Харли Квин. Комплетен со размачкан црвен кармин насликан преку манијакална насмевка, заедно со психотичен сјај во очите надополнет со црна дијамантска сенка за очи, изгледот на Гага може да се опише нешто како „ шик кловн “. Исто така, дел од костимот на Гага за проектот се црно-бела карирана кошула, блејзер со риги со црвени украси и пар искинати црни хулахопки. Покрај неа, на отвореното скалило во Бронкс, кое го прослави првиот Џокер, е и Хоакин Феникс, кој го игра насловниот лик на филмот. И тој беше снимен во шминка за кловн - изгледот на неговиот лик - и разбушавен блејзер додека двајцата колеги ја снимаа динамичната сцена заедно. Фото: Принтскрин/Инстаграм/tuleshov/Профимедиа]]>

„Априлилили“ – Антониа Гиговска и Џокер се маскираа за Денот на шегата (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aprililili-antonia-gigovska-i-dhoker-se-maskiraa-za-denot-na-shegata-foto/ Sat, 01 Apr 2023 14:10:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296169

Младата пејачка Антониа Гиговска неодамна на социјалните мрежи, заедно со нејзиниот избраник Роберт Спасенцоски попознат по уметничкото име „Џокер“, по бурниот почеток на нивната врска ги израдуваа најблиските откако ја соопштија среќната вест дека ќе станат родители. Идната мама пред неколку дена на нејзиниот „Инстаграм“ најави дека за фановите подготвува изненадување токму за Први април - Денот на шегата. „Уф, какви фотографии ви подготвувам за Априлилили“ - напиша таа во објавата. Иако сите помислија дека конечно планира да го открие полот на бебето, што ја прашаа и во кометарите, таа објави уникатни фотографии на кои гордо позираше со нараснатиот стомак без ниту едно парче облека на него, а се останато беше во стилот на познатиот филм „Самоубиствениот одред“ , со Џокер и Харли Квин. Свршеникот на пејачката Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски „Џокер“ кој пред извесен период ја објави песната „Такси“,  сега токму на 1-ви Април ја искористи истата маска од спотот на неговата нова песна. „Јас сум Харли Квин на Џокер“  - напиша Антониа покрај објавата која за кратко време доби лавина лајкови и позитивни кометари.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>