Харфистка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Sep 2023 08:59:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Харфистка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вакви несовршености кај понежниот пол не поминуваат, ама на Сара Мејс и е сеедно (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vakvi-nesovrshenosti-kaj-ponezhniot-pol-ne-pominuvaat-ama-na-sara-mejs-i-e-seedno-foto/ Mon, 18 Sep 2023 07:37:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318371

Сара Мејс досега многупати покажа и докажа дека совршено знае да се носи со несовршеностите. Еден ултра храбар пример за тоа беше што на само два месеци по породувањето се фотографираше по долна облека, полна самодоверба, слика и прилика за женственоста дадена од мајка природа. Во време кога естетиката и се’ што може коригирано од женското лице и тело, Сара Мејс е токму спротивното.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Познатата пејачка и харфистка е меѓу најактивните на социјалната мрежа Инстаграм, па дури и таму не го преферира богатиот избор на разно-разни алатки за усповршување. Па така, една фотографија која многу и се допадна, но на истата, таа не изгледа перфектно, Сара реши да ја објави, па дури и да потернцира каде е „проблемот“ на неа. Имено, иако забите и беа намачкани со црвен кармин, Сара Мејс нагласи дека тоа се гледа и го знае, но убавата плетенка и секако насмевка не треба да трпат поради тоа. Ова беше еден добар пример за враќање во реалноста, или ако ништо друго само потсетување дека ништо не е совршено како што навидум изгледа! фото:Инстаграм принтскрин/Сара Мејс]]>

Весна Станојевска Микиќ ја отсвире првата македонска електрокустична мелодија за соло харфа – „Urban pulse“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-stanojevska-mikikj-ja-otsvire-prvata-makedonska-elektrokustichna-melodija-za-solo-harfa/ Thu, 17 Nov 2022 11:07:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276277

Харфистката Весна Станојевска Микиќ ја промовира мелодијата Urban pulse, прво електроакустично дело од македонски автор за соло харфа и лента во современото музичко творештво. Автор на музиката е Ана Пандевска, а режисер на видеото е Андреј Марјановиќ. „Станува збор за мултимедијален проект во кој се преплетуваат авторската музика, изведувачката дејност и режијата како три различни уметности“, вели Ана Пандевска. „Во музиката се чувствуваат влијанија од амбиенталната музика, минимализмот како правец и современата авангарда. Преку видеото, во кое се прикажуваат двете страни на градот, онаа спокојната од изгрејсонце додека градот спие преку секојдневниот метеж и бучавата што се карактеристични за еден главен град, сè до зајдисонце и заспивањето на градот“, вели Весна Станојевска Микиќ. Дел од видеото е снимено во Музејот на современа уметност, што дава различен амбиент и убава панорама, но и дистанца од метежот на градот. „На овој начин можеше да се потенцира контрастот меѓу музиката на харфата, која во дамнешни времиња се верувало дека е инструмент што може да ги смири боговите, и деловите каде бучавата од градот за момент ја прекинува хармонијата. Овој контраст меѓу самите делови од композицијата се трудев да го пресликам и визуелно, мешајќи сцени од градот, градилиштата, улиците и хаотичното движење што во ниеден момент не престанува“, рече режисерот Марјановиќ. Проектот е дел од годишната програма на Министерството за култура, а дел од локациите се со поддршка на Музејот на современа уметност. Музиката е снимена во Fames project studio. Проследете го видеото (КЛИКНИ ТУКА): ]]>