хамбург – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Dec 2022 20:09:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png хамбург – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ноне како Карлеуша – цел авион празен само за неа: Велешката „Палешка“ одлета во „земјата на чудата“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/none-kako-karleusha-cel-avion-prazen-samo-za-nea-veleshkata-paleshka-odleta-vo-zemjata-na-chudata-foto/ Sat, 24 Dec 2022 08:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279878

Нова година наближува, насекаде во светот ама не и во Македонија... Или барем така тоа изгледа, односно таква е атмосферата... Тмурна, некако сива, па дури и траорна, како да не е предновогодишна?! Почнувајќи од престолнината , па се до другите градови, со ретки исклучоци... И кога е китењето во прашање, а за сите придружни активности и шопинг манијата и да не зборуваме, зашто неа и да сакаме ја нема, на ваква сиромаштија. Затоа многумина од нас, оние барем кои можат тоа да си го дозволат се решаваат за новогодишен викенд надвор од Македонија, некаде по Европа. Чисто за да ја почувствуваат предновогодишната магија, да ја осетат еуфоријта, расположението, атмосферата, таа неподнослива убавина на предновогодишната и божиќна бајка, бегајќи од уште понеподносливата апатија на сивилото и безнадежноста во која за жал, живееме овде, дома. Така, секој  што може, според можностите и длабочината на џебот, „фаќа џаде“ на средба со Дедо Мраз некаде по светот... Некој со автомобил, други со автобус, трети со воз, а некои и со авион... Меѓу сите нив на таков чекор се одлучи и таа, зашто најшетаната велешанка не може долго без авантура. Особено не без ваква, зимска, бајковита, предновогодишна, па затоа Ноне Неделковска се качи во авион и одлета. И тука не би било ништо чудно, да не е фотографијата која пред летот ја споделила... А на неа само таа и стјуердесите во  авионот... Целиот празен, само за неа... Небаре е Карлеуша или некоја светска поп ѕвезда на приватен лет! Зошто и како  -  Ноне не објасни, ама затоа велешката „Палешка“ покажа каде (от)патува(ла)... Во светот на бајките или ако повеќе сакате, во земјата на чудата! Така барем изгледа амбиенот и атмосферата која Ноне ја споделила од Хамбург - Германија и нивниот божиќен маркет, каде центарот на градот е претворен во вистинска новогодишна бајка. Да „се смрзнеш“ од убавина... И Ноне... „се смрзна“! Иако не објасни дали е ова само нејзина предновогодишна викенд проштека заради задоволство или последната копнена дестинација во Европа на чие познато пристаниште „распената морепловка“ одново ќе се качи на еден од големите прекуокеански крузери за да работи и патува низ светот?! Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska  ]]>

Загина Жељко Бебек е веста која го шокираше регионот… За среќа, информацијата е лажна! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zagina-zeljko-bebek-e-vesta-koja-go-shokirashe-regionot-za-srekja-informacijata-e-lazna-foto/ Thu, 02 Nov 2017 14:12:27 +0000 http://vistina.mk/?p=2462

На Фејсбук одненадеж се прошири веста дека легендарниот музичар и некогашен пејач на „Бијело Дугме“, Жељко Бебек, загинал во сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Хамбург. За среќа, набргу се покажа дека ова е само уште една лажна вест, која по кој знае кој пат „погреба“  уште еден познат и популарен естраден уметник.
Веста за загинувањето на Бебек  го шокираше регионот, па набргу самиот пејач се појави и ги негираше овие гнасни лаги: „Прочитав и јас дека сум мртов, но за среќа тука сум жив и здрав. Во саботата имав феноменален концерт во близината на Чаковец и не ми фали ниту влакно на главата. Јас и мојот тим се обидуваме да го исконтактираме медиумот кој објави  ова, за да не продолжи да ја дезинформира јавноста. Но сега за сега немаме успех, бидејќи тоа е некој непознат или лажен портал и едноставно не може да се дојде до нив. Јас не знам од каде таа информација, ниту пак на кого воопшто му  одат ваквите вести во полза“ - изјавил Бебек и истакнал дека по ширењето на  лажните гласини стотици луѓе  се јавувале да проверат дали е жив, бидејќи тие  не можешле да веруваат во она  што го прочитале или слушнале.
Инаку на порталот пишувало дека „инцидентот се случил кога пејачот заспал на воланот, по што дошло до верижен судир во кој покрај Бебек, загинал и неговиот менаџер“. Ова не е првпат да се измислат лажни приказни за смртта на познати уметници од естрадата. Пред Жељко Бебек на таа, нималку пријатна листа исто така се најдоа и Аца Лукас, Драган Стојковиќ Босанац, Шабан Шаулиќ...]]>