халид бешлиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Mar 2024 09:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png халид бешлиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Ми вградија два стента…“ Халид Бешлиќ ослабе 20 килограми поради здравствените проблеми (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/mi-vgradija-dva-stenta-halid-beshlik-oslabe-20-kilogrami-poradi-zdravstvenite-problemi-foto/ Tue, 05 Mar 2024 09:10:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341100

Пејачот Халид Бешлиќ еднаш изјави дека по сообраќајна несреќа многу се здебелил, но дека не му пречи кога пее. Но, сега изјави дека ослабел 20 килограми, но и дека престанал да пуши цигари поради лошата здравствена состојба. - Имав 125 килограми, па 115, сега имам 105 и останувам таму, а треба да сум на 90. Нагло се здебелив, па тоа малку ме оптоварува. Престанав да пушам, затоа се здебелив толку многу - изјавила пејачот   -Имав проблеми со вените и артериите, ми поставија два стента. Малку се ослободив и од алкохолот, па сега сум фит и можам да пеам. Разбуди ме среде ноќ, можам да пеам - изјави Халид за Ин Магазин. Да потсетиме, Халид е во брак со сопругата Сејда 46 години. Познато е дека нивната љубовна приказна започна кога започна неговата блескава музичка кариера. Фото: printskrin/Youtube/paparaco lov]]>

Тажна исповед на Халид Бешлиќ: „Жена ми имаше тумор и затоа не можевме да имаме уште деца“ https://arhiva.vistina.com.mk/tahna-ispoved-na-halid-beshlik-zhena-mi-imashe-tumor-i-zatoa-ne-mozhevme-da-imame-ushte-detsa/ Mon, 12 Feb 2024 12:46:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338409

Пејачот сподели неколку детали од приватниот живот, а се осврна и на врската со сопругата Сејда со која е во брак повеќе од 40 години. Тој раскажа како и каде се запознале, и што морале да надминат во текот на долгите години од нивниот заеднички живот. „Не ја запознав жената на настап. Во една кафеана каде што настапував, на влезот во Сараево... таму работеше мојата сваќа, таа беше готвачка, а ме запозна со жена ми. Таа не излегуваше по кафеани. Кога се запознавме, видов дека тоа е тоа, се забавувавме половина година и веднаш потоа се венчавме. Па, работиме толку години и до ден денес. Имаше тешки години во нашата врска, но надминавме се’. Кога бевме помлади беше некако нормално“, изјави Халид за Курир, рс, а пренесува Вечерњи лист. Открил и дека неговата сопруга имала тумор на јајниците. „Не го почувствував моментот кога бев татко. Имам едно дете. Мојата сопруга имаше проблеми со јајниците и поради тоа не можевме да имаме повеќе деца. Имаше тумор на јајниците, го решивме со операција. Ништо никогаш не им недостигало... Постојано патував, работев... не можеш да се занимаваш со музика и да си дома цело време, затоа велам дека тие моменти не ги почувствував на вистински начин. Посочува дека му недостигаат колегите, и дека нема со кого да пие кафе. „Ми недостига младоста! Времето минува... нема да се врати, но ми недостига мојата младост. Што се однесува до колегите, многу ми недостигаат... Мојата генерација полека нè напушта, немате со кого да пиете кафе сега. Таму има и помлади, но не сакам да бидам со нив. Најмногу ми недостигаат Кемал Монтено и Давор... Бев многу близок со нив. Се разделив со нив. Кафанџии бевме, ми недостигаат...“, изјавил пејачот. фото:Instagram printscreen/ beslichalid.official]]>

Халид Бешлиќ: „По осмата чашка, сфативме дека ‘Ја без тебе не могу да живим’ ќе биде хит“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/halid-beshlikj-po-osmata-chashka-sfativme-deka-ja-bez-tebe-ne-mogu-da-zivim-kje-bide-hit-video/ Fri, 04 Nov 2022 07:10:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274354

Не постои седенка во кафеана, свадба, собир без песните на легендата на народната музика Халид Бешлиќ. Конечно, првпат во Скопје ќе има голем концерт на 26 ноември кога пред скопската публика ќе ги отпее своите најголеми хитови. Иако неодамна имаше сообраќајна несреќа, а пред две години операција на срцето, вели дека се чувствува добро и дека ќе пее додека е жив. „Ми вградија два стенда. Јас не ни одев на лекар претходно, ама почнав да чувствувам замор. На последниот концерт пеев седнат на стол. Е, потоа ми открија затната артерија и веднаш во болница, ме ставија на апарати. Операцијата помина во ред и еве ме, фала богу, добро сум“, открива Бешлиќ.   За него велат дека е едноставен човек кому ниту славата ниту парите никогаш не го смениле сите овие години. „Ја сум таков по природа. Однесувањето си го носам според домашното воспитување, од селото од каде што сум дојден на границата со Романија. Дојдов како тинејџер во Сараево, ги прифатив правилата на градот и сфатив дека кога ќе расчистиш со себе и со докажувањето, можеш да бидеш едноставен човек и покрај популарноста“. Од дете ја засакал народната музика кога како мал цели денови слушал народно на радио. Почнал да пее во обични биртии, потоа пеел во малку поотмени кафеани и на крајот, како вели, запеал во најотмените. „За мене велат: 'има еден мал таму пее во Сараево, напишете нешто за него'. Така и излезе првпат текст за мене во весник, кој цело утро го чекав за да го купам“, се сеќава Бешлиќ. Песната „Неќу, неќу, дијаманте“ го направи славен, иако половина година текстот за песната го носел во џебот. „Таа песна ме намести на скалата на естрадната хиерархија на која сум и денес“, вели Бешлиќ. Ни раскажа и како настанала „Миљацка“, но и сега најпопуларната „Ја без тебе не могу да живим“ за која по осмата чашка алкохол, сфатиле дека ќе биде хит. Интересна е анегдотата за филмот „Караула“, каде што го наместиле, место своја, да пее песна од Халид Муслимовиќ. „Му бев лут на Бреговиќ, бев лут како рис, ама, ете, ја отпеав“. Со својата Сејда вели е во брак од минатата ера. Таа е жената што го разбира и не го прашува каде ќе оди и кога ќе се врати. „Не знам да готвам, ама сум романтичен. Сејда ми е сè. Да сум разведен, немаше пак да се женам. Но, сега и да сакаме да се разведеме, доцна е“, се шегува Бешлиќ. За приватниот живот, за најголемите хитови без кои не бидува кафеана, како од настап во биртија стана најпопуларен пејач, и зошто парите и славата никогаш не го променија... Гледајте го интервјуто во видеото (КЛИКНИ ТУКА). ]]>