гувернер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Mar 2019 12:52:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гувернер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Погледнете како изгледа животот во вила на еден гувернер https://arhiva.vistina.com.mk/poglednete-kako-izgleda-zivotot-vo-vila-na-eden-guverner/ Wed, 13 Mar 2019 14:00:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77421

Сакате да живеете во вила на еден гувернер? Па, доколку одговорот е потврден, мора да се преселите во Калифорнија.
Гевин Њусом неодамна станал гувернер, што значи дека тој и неговото семејство мора да се преселат таму каде што ќе ја извршува функцијата, што во овој случај е Сакраменто. Со самото тоа, тој одлучил да ја продаде својата елегантна вила со пет спални соби во Сан Франциско. Нејзината цена изнесува 5.995 милиони долари.
50-годишниот градоначалник на Сан Франциско и неговата сопруга која се занимава со снимање филмови, Џенифер Сибел Њусом, купиле двоспратна куќа во 2011-та година, по цена од 2.2 милиони долари. Сместена на површина од 1.37 хектари, на мала оддалеченост од градот, куќата е дизајнирана од страна на славниот архитект Ворлеј К. Вонд и е компелтирана во 1950-та година. Благодарение на прозорите од подот до покривот, оваа куќа ви дава прилика да уживате во панорамската глетка на градот, заливот и планината Тамалпаис.
Додека била во сопственост на гувернерот и неговата сопруга, куќата поминала низ два екстензивни процеси на реновирање, при што последно била предводена од архитектот на славните, Џули Даулинг. Сега, оваа куќа има стаклена површина и современа сива и бела боја. Со четири деца под 10 години, јасно е дека ова била вистинска семејна куќа, со соби кои се опремени со кревети на спрат, колевки и плишани играчки.
Во екстериерот, густата жива ограда и возвишената позиција на куќата допринесуваат за чувство на приватност и ќе ви дадат можност за уживање во базенот и спа центарот, видиковецот и камперскиот оган, без страв дека ќе ве гледа некој кој не треба. Њусом инаку е страствен поддржувач на обновливите извори на енергија, па неговата куќа содржи соларни панели кои го покриваат поголемиот дел од покривот.
извор:точка.мк
]]>