гуте – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Aug 2023 07:24:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гуте – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Миленковска славеше роденден, а Гуте ја изненади во 4 и 30 наутро на врата: Торта, свеќички, букет цвеќе и… непредвидено „трето полувреме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-milenkovska-slaveshe-rodenden-a-gute-ja-iznenadi-vo-4-i30-nautro-na-vrata-torta-svekichki-buket-tsveke-i-nepredvideno-treto-poluvreme-video/ Wed, 23 Aug 2023 07:18:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314862

Македонско-српската музичко-брачна екс-„Гранд“ двојка, Елена Миленковска - Гуте Маринковиќ важи за еден од најскладните брачни парови во светот на естрадата. Љубовта, дечињата и семејството пред се', а во рамките на тоа и одбележувањето на најважните датуми. Меѓу нив и „денот што го чекаме цела година“, секако, а овој на Елена и беше и некако посебен зашто заокружува една возрасна фаза, една етапа од животот, раситнувајќи ја четвртата деценија. „Велат дека најубавите работи доаѓаат после 30. Посериозни сме, позрели, различно сакаме, цениме и почитуваме. Стануваме подобра верзија од себе. Живееме за поголеми работи. Чувствувам дека мојот живот е само почеток. Среќна сум, благодарна и срцето ми е полно“ - споделила Елена палејќи ги жижиците со роденденската бројка.
Арно ама за животот да се живее барем приближно онака како што се сака, мора и да се работи... А нечија работа, како онаа естрадната не прашува ниту за делници и празници, саботи и недели, за викенди, ниту за значајни датуми... Напротив, тогаш естрадата најмногу работи. Така беше и овој пат кога Гуте наместо некаде на роденденска прослава заедно со својата Елена, мораше сам на тезга. Свирките траат до доцна во ноќта, па Гуте и не можеше да и го честита роденденденот онака како што треба на својата сакана сопруга... Или сепак можеше? Рано утро, половина пет, музичарите се враќаат дома. Со полни џепови, ама Гуте не и со празни раце. Чук, чук на домашната врата со роденденска торта со 30 свеќички за својата сакана, букет цвеќе, роденденска капа на главата и свирче во уста и секако познатата роденденска песна: „Среќен роденден ти посакувам...“! За крај, еден бакнеж - желби рој! За здравје, среќа, љубов, радост, убавини, за вечност...! „Бев малку тажна вчера што не беше таму за мојот роденден, но сето тоа помина во 4:30 наутро кога го дочекав од свирка на врата. Единствено него нема да можам да го опишам со зборови никогаш! Јас сум среќна жена со ваков човек покрај себе! Сега и засекогаш, твојата жена те сака бескрајно“.
Арно ама, дека ништо не е баш случајно и толку спонтано, Гуте појасни малку подоцна со свое видео. Имено, планот како да се изненади саканата со роденденска честитка и сладок подарок,  бил скован уште преку ден, пред да замине на настап.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Gute Marinkovic (@gute.marinkovic)

Но, тоа не е се'... Зашто роденденската сага имала и своевидно „трето полувреме“. И тоа непредвидено. Имено, откако Гуте тропнал рано наутро во 4.30 на домашната врата со роденденските дарови, подготвен да ја изненади и да и честита на Елена, се случило нешто, што морало и изнендувањето и честитката да ги одложи... Барем на одредено време, за кое Гуте сосе тортата и букетот, онака уморен и издишанн, морал дополнително да стои и чека пред домашната врата... А, еве и зошто! Па нели рековме, семејството и децата се на прво место. Во секој случај мисијата исполнета, а од неа и пораката на денот: Сакајте и разубавете му го некому денот! Што би рекле: Се' за љубов! Фото: Инстаграм/gute.marinkovic/elenamilenkovskaa]]>

Елена Миленковска во нов обид во „Ѕвездите на Гранд“: Жирито ја стави во непријатна ситуација каква не ни замислуваше (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-milenkovska-vo-nov-obid-vo-dzvezdite-na-grand-zirito-ja-stavi-vo-neprijatna-situacija-kakva-ne-ni-zamisluvashe-video/ Tue, 12 Jan 2021 08:24:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184665

Многумина се сеќаваат на учеството на македонската пејачка Елена Миленковска во „Ѕвездите на Гранд“ во изданието 2019/20 година. Но, нејзиното учество под менторство на Ана Бекута набрзо прекина поради бременоста која и се случи од љубовта со српскиот пејач и исто така учесник во „ЅГ“ Александар Гуте Маринковиќ. Откако се породи и стана мајка, Елена не чекаше многу за повторно да се пријави. Таа минатата епизода се натпреваруваше како нов кандидат во четвртиот круг под менторство на Мили и со поддршка на сопругот кој беше во друштво на водителот Војо Недељковиќ. Елена ги отпеа „Продужи даље“ и „Тако ми и треба“, а она што следуваше ги „замрзна“ и Елена и Гуте. Имено, таа доби само два гласа, што значеше дека не може да остане понатаму. По таквата непријатна неизвесност, жирито кажа дека само се шегува, па имаше прегласување, а Елена доби пет гласови со што останува да ја гледаме понатаму до каде ќе стигне. За потсетување, откако се омажи Елена Миленковска живее во Србија заедно со сопругот и синчето Максим. ]]>

Елена Миленковска се топи… што од среќа, што од вишок килограми (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-milenkovska-se-topi-shto-od-srekja-shto-od-vishok-kilogrami-foto/ Fri, 24 Jul 2020 06:58:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160055

Македонско-српската „Гранд“ брачна двојка Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ уживаат во улогата на родители, во која за прв пат неодамна се остварија, кога „штркот“ на свет им го донесе нивното синче, Максим. Со секоја нова објава на социјалните мрежи станува јасно дека сега светот се врти околу малиот наследник, кој е главна преокупација на двајцата млади пејачи, особено на Елена, која речиси целото време му го посветува на својот син, додека Гуте е тој што мора да обезбедува егзистенција за семејството, настапувајќи на ноќните свирки по кафулињата, клубовите, дискотеките, по некоја свадба или друг вид забава... Иако сето тоа со огромна доза на страв заради корона епидемијата која беснее насекаде низ светот, а особено изразена е и на Балканот. Сепак, секој слободен миг младото семејство го користи за да го мине заедно, а на задоволството и среќета во тие моменти им нема крај. Впрочем, има ли нешто поубаво код тоа кога љубовта ќе ја крунисаш со брак, а заедничкиот живот збогатиш со потомство кое го исполнува секој дел од тебе и твојата душа? Не случајно рекле: „Цело е кога имаш се'“! Токму затоа среќните родители, особено мама Елена на секоја нова фотографија со малиот Максим се гледа дека „се топи од среќа“, а секој нов, за неа важен датум посебно го одбележува, како оној на пример, кога нејзиното синче ги наполни првите 40 дена. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-milenkovska-za-prvpat-go-pokaza-licenceto-na-sinot-maksim-foto/ Но, бременоста со себе освен среќа носи и некои други нешта, што природно и логично одат во пакет со неа, па после породувањето некому му остануваат и стануваат товар кој мора да се симне... Како вишокот килограми, на пример. Така, среќната мајка Елена Миленковска,  покрај мајчинските обврски и љубовта кон синчето која ја „топи од среќа“, наоѓа време и за „топење на вишокот наслаги“, оставштина од бременоста со Максим. И додека тато Гуте го чува синот менувајќи ја мама Елена кога треба да му смени пелена, пејачката ја прави една од најдобрите работи кои секоја жена по породувањето може да ги направи за своето здравје, како што самата вели, а тоа е физичката активност! Патики и спортски хеланки на себе и правец Кошутњак... Или некој од поблиските паркови во маалото, па тренинг, трчање и фитнес за топење на салото. Килограмите лесно се ставаат, а тешко се губат, но упорноста и истрајноста е она што ја краси Елена, па затоа навиката физички да биде активна е составен дел од нејзиниот живот.  Впрочем, пејачката добро знае што значи да имаш зацртана цел! Ако можеше од Скопје да стигне до Белград и ѕвездите на „Гранд продукција“, зошто да не може да го симне вишокот килограми и набие кондиција?! Елена покажа дека за многу нешта има „слух“, па и за старата добро позната: „Во здраво тело, здрав дух“!  ]]>

Елена Миленковска момчето го остави без воздух: „Диши малку, убавице“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-milenkovska-momcheto-go-ostavi-bez-vozduh-dishi-malku-ubavice/ Tue, 20 Aug 2019 08:19:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102971

По учеството во последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска остана да живее и гради кариера во Белград. Патем, Еленче по грчката љубовна романса, влета во  во врска со учесникот од „Ѕвездите на Гранд“, Гуте  Маринковиќ, а истата ја обелоденија на социјалните мрежи со заеднички фотографии.
Денес, 20 август на Елена и е роденден. Честитки стигаат од сите страни. И подароци...
Што и подарил Гуте вчеравечер по полноќ во долгата романтична ноќ на нашата убавица останува тајна.  Од фотографијата на нејзините инстаграм приказани само се наѕира она што се нарекува размена на роденденски нежности во романтична атмосфера.
Ама затоа, она што Елена му го возврати на своето момче, во кое од Скопје се гледа дека е лудо вљубена, Гуте едвај го преживеа!
Роденденскиот филмски бакнеж со кој Елена му ја возврати честитката, Гуте речиси го остави без воздух! Зашто Елена најпрвин силно го грабна за главата, па така сочно го „залапа“, што сирот Гуте за малку што не престана да дише!
Кога некако дојде при себе и зема здив, „Гранд љубовникот“ мораше малку да прилегне за да земе душа.
Сега Гуте знае дека, кога љуби Македонка мома, те остава без здив...  А кој му е „крив“, пардон, виновен, кога одбрал во неа да биде заљубен! Епа, среќен роденден!  
]]>