гушење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 28 Dec 2021 12:03:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гушење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова не е љубов: Нездраво однесување со кое го „гушите“ партнерот https://arhiva.vistina.com.mk/ova-ne-e-ljubov-nezdravo-odnesuvanje-so-koe-go-gushite-partnerot/ Tue, 28 Dec 2021 12:03:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232846

Можеби звучи романтично вие и вашиот партнер да се надополнувате, но таа идеја повлекува друга, а тоа е дека не сте комплетни без него/неа. Иако е невозможно да сакаш некого премногу, сосема е можно некого да „гушиш“ со својата љубов. Можеби ќе ви звучи чудно идејата да можете да го „гушите“ партнерот со своето внимание и посветеност, особено ако сте планирале да го поминете остатокот од животот заедно. Сепак, чувството дека вашата сакана ве „гуши“ е вистински проблем, за кој многумина не сакаат да признаат дека постои. Нема ништо лошо во тоа да поминете квалитетно време со саканата личност, но другата крајност е кога го „гушите“ партнерот со своите постапки. Можеби поминувате низ фаза во врската во која верувате дека вашата врска може да се подобри ако сте повеќе посветени на партнерот, но тоа нема да се случи ако тој се чувствува како да не може да дише. Еве ги знаците на кои треба да внимавате: Не сакате вашиот партнер да поминува време со други Пријателите и семејството се важни луѓе во животот на секој од нас. Без разлика дали сте во брак или не, никогаш не треба да губите контакт со овие луѓе. Ако мислите дека вашиот партнер не треба да ги гледа пријателите и семејството, бидејќи вие ги исполнувате неговите, а тој вашите потреби, во голема заблуда сте. Верувате дека партнерот ве надополнува Можеби звучи романтично вие и вашиот партнер да се надополнувате, но таа идеја повлекува друга, а тоа е дека не сте комплетни без него/неа. Партнерот е тука за да биде ваша поддршка, најдобар пријател, љубовник, некој кој ќе застане покрај вас кога е најтешко, но не и некој што ве надополнува. Овој став создава нездрава зависност. Партнерот повеќе не ве слуша Дали вашиот партнер има навика да „заталка“ со мислите додека разговарате? Иако има луѓе кои повеќе би слушале отколку да зборуваат, сепак проверете колку често се случува среде разговор да видите дека партнерот веќе не е тука со мислите. Премногу монолози за секоја ситница што ви се случува, ги тера повеќето луѓе да избегаат, барем во нивните мисли. Проверување на телефонот Сосема е легитимно да се воспостави политика на доверба во бракот што вклучува телефон без заклучување или заедничка лозинка. Меѓутоа, ако постојано го земате телефонот на вашиот партнер и му ги прелистувате мејловите, гледате фотографии што ги има во галеријата или разменувате пораки со други луѓе, ова не е прифатливо однесување. Тоа е опсесивно и многу тешко се контролира. Уште потешко е да се поднесе такво однесување.   извор: kajgana]]>

Дарко Лазиќ сношти одново итно опериран: Драма во клиничкиот центар заради внатрешно крварење на пејачот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-lazikj-snoshti-odnovo-itno-operiran-drama-vo-klinichkiot-centar-zaradi-vnatreshno-krvarenje-na-pejachot-foto/ Mon, 05 Nov 2018 08:46:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56231

Иако се зборуваше дека здравствената состојба на настраданиот пејач Дарко Лазиќ е стабилна и од ден во ден се подобрува, вчеравечер во клиничкиот центар во Земун се случувала вистинска драма. Имено, како што пишуваат српските портали, фолк пејачот морал итно да подлегне на нов хируршки зафат, заради обилоно крварење во едното белодробно крило, што предизвикало негова дисфункција и гушење.
Драмата започнала вчера, недела, 04 ноември, кон крајот на денот, кога Лазиќ се пожелил дека не може да дише, па откако лекарите веднаш направиле рентген снимка, на истата се покажала голема сенка, што навело на заклучок дека во левото белодробно крило се собира некаква течност. Тогаш било алармирано семејството на Дарко, дека итно мора да му се направи нов хируршки зафат. Хирурзите ми извршиле пункција на белите дробови од кои биле извлечени дури два литри крв, по што здравствената состојба му се подобрила. дежурната екипа лекари цела ноќ ја следела функцијата на неговите бели дробови, а денес доколку е потребно, ќе му биде извршена уште една пункција.]]>