гуру харе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 Oct 2023 11:44:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гуру харе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов и Гуру Харе со малку поинаков блуз под ова сонце студено во – „Пеј“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-i-guru-hare-so-malku-poinakov-bluz-pod-ova-sontse-studeno-vo-pej-video/ Mon, 09 Oct 2023 11:40:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321719

 Игор Џамбазов и Гуру Харе  ја промовираа новата песна – „Пеј!“ Музиката, текстот и аранжманот се дело на Игор Атанасоски – Харе, а покрај главниот вокал на Игор и придружните на Тања Тас, за песната придонесоа и Дамир Имери на синтисајзер и оркестрација, а Мите Димовски беше задолжен за перкусии и продукцијата во неговото студио „Тралала. „Пеј“ е веројатно една од најсодржајните песни на двоецот, во која особено авторски себеси се надминал самиот Игор Атанасовски (Гуру Харе). Во основа се работи балада,   небаре подобна за филмска тема, како да е саундтрак од некојоја филмска приказна на Квентин Тарантино, со стихови кои како да се извадени од поезијата на големиот Петре М. Андреевски, кои длабоко навлегуваат во суштината за судбината на ова парче земја кое отсекогаш се нарекувало Македонија и неговиот со илјадници години напатен народ. Од искона, па се до денес, чија мака се' уште трае, ли трае... И за да нерече некој дека во „Пеј“ нема блуз, иако го има во изобилство, најмногу во стиховите, во кои песната тече во прегратките на тагата, а брилијантното „геримуровко соло“ под прстите на Гуру Харе само ја надополнува целата „блуз“ атмосфера со писокот на гитарата! Спотот за „Пеј“ пак е прекрасна видео приказна која одлично го оцртува духот и карактерот на песната и главните актери, Игор и Харе. Како режисер и директор на фотографија на спотот се потпишува еден од најдобрите концертни фотографи кај нас, Стефан Рајхл, кој со овој спот започнува и своја видео продукција. Песната доаѓа по промоцијата на нивниот албум „Првите триесет“ и многу концерти низ државата, но и бројни изненадувања за публиката. Следниот чекор на познатото музичко дуо е големиот концерт закажан за 21-ви октомври во Македонската филхармонија каде концертно ќе го промовираат материјалот од албумот „Првите триесет“ и ќе ги изведат некои од најголемите хитови. Со овој концерт тие ќе ја одбележат нивната 30-годишна соработка, а Џамбазов ќе го прослави својот 60-ти роденден. ]]>

На 21 октомври: Игор Џамбазов ќе слави два јубилеја со концерт во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/na-21-oktomvri-igor-dhambazov-ke-slavi-dva-jubileja-so-kontsert-vo-makedonskata-filharmonija/ Mon, 11 Sep 2023 12:22:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317441

Оваа година го прославуваме 60. роденден на Игор, како и 30 годишнината од соработка помеѓу него и неговиот животен блуз-сопатник Гуру Харе. Сето ова ќе го прославиме заедно на 21 октомври во Македонската филхармонија, со концерт на кој ќе биде изведен новиот матерјал од албумот „Првите триесет“, како и нивните најголемите хитови. Концертот е во организација на „Сцена продукција“, додека влезниците можете да ги набсвите преку  продажната мрежа на https://mktickets.mk/event/igor-i-guru-hare/ ... Игор Џамбазов и Гуру Харе - вечните борци против кичот, шундот, турбо-фолкот и плејбекот...]]>

Игор Џамбазов и Гуру Харе со смут лајт џез верзија на легендарната македонска песна – „Ако умрам ил’ загинам“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-i-guru-hare-so-smut-lajt-dhez-verzija-na-legendarnata-makedonska-pesna-ako-umram-il-zaginam-audio/ Mon, 10 Jul 2023 12:34:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309630

По неодамнешната промоција (4 јули 2023 година) во една нова пивницатаво скопско Дебар мало  на новиот албум на Игор Џамбазов и Гуру Харе насловен „Првите триесет“, која имаша мошне голем одзив и по присутноста и по медиумската прашина што се крена, од компилацијата најдобри нивни остварувања еве нов сингл. Темата стара добропозната, особено кај онаа повозрасната фолк публика, зашто „Ако умрам ил загинам“ на легендарниот Јонче Христовски е вистински фолк евергрин кој Џамбаз и Харе покажаа дека може да звучи и сосема поинаку... Како смут лајт џез тема, аражмански спакувана да може да се свири на електрична гитара и отпее, небаре е настаната во зачадените, темни њуројоршки џез клубови. По преработката на „Заветна“ која кај овие двајца звучи како Пепи Бафтировски и Гери Мур да седнале да пијат, пеат и свират на иста маса и „Ако умрам ил загинам“ е уште едно парче македонска душа претопена во понаков манир, како дел од колекцијата на Џамбазов и Харе од се што заедно направиле во изминативе три децении колку што обајцата соработуваат. Како звучи нивната верзија на легендарната боемска тема тема, слушнете во продолжение: ]]>

Игор Џамбазов и Гуру Харе ве канат на промоција на „Првите триесет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-i-guru-hare-ve-kanat-na-promotsija-na-prvite-trieset-video/ Tue, 04 Jul 2023 09:54:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308799

Вечерва, вторник 4 јули 2023 година во пивницата „Beer Garden“ во скопско Дебар мало ќе се одржи промоцијата на новиот албум блуз на Игор Џамбазов и Гуру Харе. Самиот наслов „Првите триесет“ кажува дека се работи за компилација од најдобрите нивни блуз остварувања и воопшто се што заедно направиле во изминативе три децении колку што обајцата соработуваат. Паралелно со музичката промоција Џамбазов ќе го промовира 20-ото издание на неговата книга „Гол човек“ и маичките со натпис  со извадоци од стиховите од неговите песни. Џамбазов и Гуру Харе како едни од ретките вечни борци против турбофолкот, шундот, кичот и плејбекот ве чекаат на промоција, а Игор и лично ве кани:
Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>

Игор Џамбазов сосе сите нас, жртви на фатален авто коитус е во – „Дебела сенка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-sose-site-nas-zhrtvi-na-fatalen-avto-koitus-e-vo-debela-senka-video/ Wed, 07 Jun 2023 07:35:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305220

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов ја промовираше својата нова песна „Дебела сенка“, за која тој ги напиша музиката и текстот а аранжманот е на Игор Атанасоски алиас Гуру Харе и Мите Димовски. „Оваа песна излегува во вистинско време. Успеав да го најдам датумот кога сум го почнал фајлот, тоа е септември 2019 година. Значи, јас сум ја ‘крчкал’ оваа работа четири години. Знам дека имав една музика, па се откажав од неа зашто беше премногу депресивен блуз. Во меѓувреме почнав да слушам стара музика, имав инспирација од Боб Дидли кој е препознатлив по својот заразен ритам. Мислам дека „Дебела сенка“ го има баш тој заразен ритам и еден од најпевливите рефрени во историјата на македонската музика. Но, пораката е битна, тоа што го наумив да им го пренесам на слушателите, го направив“ - рече Џамбазов за „Радио Бубамара“ каде премиерно беше промовирана песната чии стихови така пластично ја опишуваат „оваа ситуација“ во која триесет и кусур години се наоѓа нашата Македонија и поголемиот дел од нејзиниот народ, жртва на фатален авто коитус. Оние другите „што не можат да ги онадат“ колку што можат да издржат оние првите, се исто така опишани во текстот на песната, а кој  на која страна се наоѓа, сам ќе си се препознае... Сепак сите заедно, како да сме на „тешки дроги, алкохол и лекови“... во „Дебела сенка“  со векови... Затоа, Македонијо, прибери се... Време е“ - како што вели крајот на песната која можете да ја проследите од видеото во продолжение: ]]>

Игор Џамбазов „го отпишаа“, а тој се потруди да појасни од каде и какви му се последиците (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-go-otpishaa-a-toj-se-potrudi-da-pojasni-od-kade-i-kakvi-mu-se-posleditsite-foto/ Wed, 31 May 2023 09:05:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304415

Игор Џамбазов постојано е преокупиран со разни нешта... Откако беше промотор на промоцијата на автобиографската книга „Живот на коцка“ на Велибор Џаровски - Џаро, Џамбазов сега е преокупиран со блузот... Поточно со излегувањето на новиот албум, чии песни од првите 30 години кариера заедно со неговиот верен придружник и музички компањон Гуру Харе, ќе бидат објавени на ЦД. „Со Гуру Харе прославуваме 30 години од првиот заеднички проект. Албум со 17 оригинални македонски блузови што ги слушавте и сакавте сиве овие години, но и некои нови, за сите блуз-сладокусци...“ - споделил Џамбаз покрај фотографијата со обвивката на претстојното ЦД. А, блузот не е блуз ако не се свири во живо, па тоа двајцата „блуз пајташи“ со нивниот придружен бенд постојано и го прават секаде каде што може да се свири и настапува, низ цела Македонија. Една фотографија од последните настапи, каде е во полн изведувачки занес на сцената, Џамбазов споделил со своите следбеници, од кои некој веројатно му забележал дека се поправил, па гитарата наместо на средина, заради стомакот му стои малку настрана. Луцидниот мултимедијалец веднаш се потрудил да појасни „каква е оваа ситуција“, поточно што е причината за „вишокот околу стомакот“? Ми викаат: „Пак си се здебелил“? Им викам: „Ееее,  ме отпишаа од планинарското...“ - им одговорил Игор асоцирајќи дека не е повеќе така физички активен откако во неговиот живот ја нема планинарката Илина Арсова, па сега нема на што да се качува... Да се разбереме, на планините се мисли и бројните прошетки во природа низ убавините на Македонија... Нешта, што ги практикуваше додека траеше врската со планинарката! Арно ама, како по некое старо непишано правило, кога „од едно ќе те отпишат во друго те запишујат“, па така изгледа дека Џамбазов е мошне редовен со своето присуство онаму каде од физички напор најтешко е да се кренат ножот, вилушката или лажицата и евентуално... чашата! Епа... таква е оваа ситуација... Наздравје! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>

Игор Џамбазов и Гуру Харе покажаа како би звучело кога Пепи Бафтировски и Гери Мур би седеле на иста маса и би ја напишале легендарната – „Заветна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-i-guru-hare-pokazaa-kako-bi-zvuchelo-koga-pepi-baftirovski-i-geri-mur-bi-sedele-na-ista-masa-i-bi-ja-napishale-legendarnata-zavetna-video/ Fri, 30 Dec 2022 06:45:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282303

Однеодамна во радискиот етер може да се слушне нова, овој пат во многу поинаква верзија на антологиската патриотска фолк балада  „Заветна“, која своевремено оригинално ја изведе и маестрално ја испеа македонската фолк легенда, покојниот Пепи Бафтировски. Песната, овој пат сработена во блуз манир е последната снимка на дуетот Игор и Игор (Игор Атанасоски - Харе и Игор Џамбазов). Во најавата  за песната Џамбазов на својот Инстаграм ќе каже: Ова  наше видување на легендарната ‘Заветна’, испеана од Пепи Бафтировски, звучи како кога по некоја случајност  Пепи Бафтировски и Гери Мур, би седеле на иста маса и би ја напишале оваа песна“! - при тоа честитајќи им ја Новата Година на сите со истата. Инаку „Завтна“ која со текот на времето стана своевидна, неофицијална втора македонска химна е дело авторскиотм тандем, браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски. „Идејата беше моја, а Џамбазов со воодушевување ја прифати. Снимана е во текот на септември во студиото „Тралала“ на Мите Димовски“ – ќе изјави Гуру Харе. Аранжманот  за блуз верзијата го изработил Гуру Харе,  а покрај Џамбазов во снимањето учествуваа членовите на „Гуру Харе бенд“: гитара – Игор Атанасоски-Харе, тапани – Златко Михајловски – Бумбар, бас – Трајко Симоновски – Таци, клавијатури – Филип Димишковски, додека придружните вокали на оваа верзија на „Заветна“ ги испеала поп ѕвездата Тамара Тодевска. Видеозаписот пак за песната го потпишуваат Гоце Трајковски - Тарантино како режисер и Стефан Меновски кој ја направил монтажата, а во видеото се користени материјали од филмската архива на „Кинотека на Македонија“. Како звучи  антологиската „Заветна“  во новата блуз верзија на Гуру Харе и Игор Џамбазов, визуелизирана со  видеозаписот за истата, проследете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Под ѕвездите“ со Игор Џамбазов и Гуру Харе, Бени и „Нон стоп“ и Весна – Бејби https://arhiva.vistina.com.mk/pod-dzvezdite-so-igor-dzambazov-i-guru-hare-beni-i-non-stop-i-vesna-bejbi/ Thu, 09 Jun 2022 09:19:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253662

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов, на 17-ти јуни со почеток во 20 часот, на стадионот Локомотива, сега со ново име Станица Карпош, ќе приреди неверојатен open air настан за душа. Под ѕвездите на оваа јунска вечер, со Игор Џамбазов ќе уживаме во хитовите кои што со години наназад се дел од најголемите музички случувања кај нас. Но ќе уживаме и во анегдотите и приказните кои што Џамбазов ги носи со себе. Освен Игор Џамбазов за силен со Гуру Харе, овој настан ќе го збогати и рок репертоарот на Бени Нон Стоп, но и стенд-ап настапот на македонската актерка Весна Бејби Петрушевска. Почетокот на настанот е закажан за 20 часот, цената на влезницата е 250 денари со вклучена консумација. Истите можете да ги обезбедите на купи карти за се, во Југотон како и на самиот влез на настанот.]]>

Гуру Харе и Тања Тас заедно во уште една своја попатна музичка станица ви ја претставуваат – „Бројаница“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/guru-hare-i-tanja-tas-zaedno-vo-ushte-edna-svoja-popatna-muzichka-stanica-vi-ja-pretstavuvaat-brojanica-video/ Wed, 12 Jan 2022 13:58:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234645

Македонскиот гитарист и автор Игор Атанасовски попознат на јавноста под уметничкиот псевдоним Гуру Харе, има новата инструментална песна. Овој пат во соработка со Тања Тас пејачка на групата „Темпера“. Песната се вика „Бројаница“ и покрај Тања како вокал, во нејзината реализација учествувале Дамир Имери на Хемонд органа и Мите Димовски на тапани. Автор на музиката, текстот и аранжманот е самиот Гуру Харе, кој исто така ги свири сите гитари. Песната е снимена и продуцирана во скопското студио „Тралала“ кај Мите Димовски кој ја потпишува музичката продукција на „Бројаница“. Тања Тас го направила и видеото со кое е илустрирана оваа баладична рок-блуз тема која е вокално лирична, амузички помалку поитсетува на нешто помеѓу сентиш темите на првите албуми на Марк Нофлер и неговите  „Dire Straits“ и музиката на Крис Риа... Можеби најмногу заради гитарскиот призвук и начинот на кој се отсвирени гитарските делници иако заради емотивно отпеаниот вокал песната води во еден сосема друг правец. Во секој случај „Бројаница“ е тема што логично ја продолжува низата на разноличност, а сепак со препознатлив гитарски печат на еден од најавтентичните и највпечатливите македонски гитарски мајстори и рок/блуз автори, Гуру Харе. ]]>

Фестивал на акустична музика: „Skopje Unplugged“ 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-unplugged-2021/ Thu, 03 Jun 2021 15:32:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205543

Фестивалот на акустична музика, во организација на ЈУ „Универзална Сала“ и Град Скопје, „Skopje Unplugged”, го подготвува своето трето издание, кое ќе се одржи во петок (25-ти јуни), на кровот на паркингот во „Сити Мол“, со почеток во 18:30 часот. „Skopje Unplugged” е единствениот фестивал кој третира исклучиво акустична музичка изведба. Оваа година на фестивалот ќе настапат милениците на македонската публика, регионалните рок легенди „Ван Гог“. Уште повпечатливо е дека бендот за прв пат ќе се претстави во акустично издание, по незаборавниот настап во Белградска Арена, кој се одржа по повод 30 годишнината од нивното постоење. Публиката ќе има можност да ужива и во настапот на неповторливиот шоумен и еден од најактивните домашни музичари, Игор Џамбазов придружуван од „Гуру Харе Бенд“, а ќе можат и заедно со Фиц да ги испеат безвременските хитови на „Студени Нозе“. Поради почитување на препорачаните протоколи од надлежните институции, влезниците ќе бидат во строго ограничен број, со единствена цел – запазување на сите мерки на претпазливост. Билетите може да се купат на билетарата во МКЦ, или електронски, по промотивна цена.]]>