гума за џвакање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 07 Jul 2023 11:14:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гума за џвакање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стоматолог објасни колку долго смеете да џвакате гума за џвакање: На оваа група на луѓе им е дури и забранета https://arhiva.vistina.com.mk/stomatolog-objasni-kolku-dolgo-smeete-da-dhvakate-guma-za-dhvakane-na-ovaa-grupa-na-luge-im-e-duri-i-zabraneta/ Fri, 07 Jul 2023 11:14:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309451

Многумина не би претпоставиле дека „премногу долго“ се однесува на време кое надминува 15 минути Гумите за џвакање се џвакаат веќе илјадници години, иако порано биле многу различни од она што се денес. Гумата за џвакање без шеќер може да го намали ризикот од расипување на забите и да помогне во зајакнувањето на мускулите на лицето, но предолгото џвакање може да биде штетно. Сепак, многумина не би претпоставиле дека „премногу долго“ се однесува на време кое надминува 15 минути. Според стоматологот д-р Калед Касем, смеете да џвакате една гума за џвакање најмногу 15 минути. „Џвакањето предизвикува чистење на преостанатите парчиња храна и елиминирање на киселоста“. Ова ја намалува можноста за расипување на забите. Меѓутоа, ако долго џвакаме гума за џвакање, минералите почнуваат да се трошат. Ова се нарекува деминерализација. Забите се подложни на кариес“, објасни д-р Касем. Според стоматолозите, гумата за џвакање може да ја влоши состојбата што ги зафаќа темпоромандибуларните или виличните зглобови, кои ја поврзуваат долната вилица со черепот. Тие го контролираат џвакањето, зборувањето, зевањето и голтањето. „Гумата за џвакање не може да предизвика проблем со темпоромандибуларните зглобови, но може да ги влоши постоечките проблеми со нив. Затоа не се препорачува за луѓе кои имаат вакви проблеми“, предупреди стоматологот. Симптомите на нарушувања на темпоромандибуларниот зглоб вклучуваат болка во лицето, болка во вилицата или увото, главоболки, болка и притисок зад очите, пуцкање при отворање или затворање на устата, повремено испаѓање на долната вилица од лежиштето, болна осетливост на мускулите на вилицата, проблеми со џвакање или гризење, оток на лицето, ненадејна промена на загризот. Стоматологот ги советува луѓето да избираат гуми за џвакање без шеќер. Извор: Курир]]>

Дали гумата за џвакање се смета за храна: Кои се нејзините здравствени придобивки и недостатоци? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-gumata-za-dzvakanje-se-smeta-za-hrana-koi-se-nejzinite-zdravstveni-pridobivki-i-nedostatoci/ Tue, 13 Sep 2022 11:54:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266684

Како ако не ја голтаме? Што е сепак гумата за џвакање? Дали е храна? Не ја јадете, па одговорот е дека не е. Но, ако не е храна, тогаш што е тоа? И за што е? Гумата за џвакање е уникатен вид на храна. Ќе се џвака подолго време, но нема да се проголта. Количината што може секој ден да ја ужива типичниот потрошувач на гуми за џвакање без шеќер носи помалку од 10 калории. Научниците велат дека практиката на џвакање датира уште од каменото доба, кога имало чисто практична функција: гумата за џвакање била вид на лепак што се користел за правење алатки, а џвакањето ја правело поиздржлива. Доказите за тоа се пронајдени во античките цивилизации ширум светот, од модерна Скандинавија до Јужна Америка преку Грција. Првата комерцијална гума за џвакање била произведена во САД во 1860-тите и се засновала на сок од смрека кој го џвакале раните Американци. Наскоро следеле бои и вкусови, а до почетокот на 20 век, гумата за џвакање се правела од синтетички материјали. Гумите за џвакање се појавиле во 1920-тите. Одговорот на прашањето “Што е гумтаа за џвакање?” е ова: тоа е производ составен од гума – смола за џвакање, еластомер за флексибилност, восок за омекнување, со некој вид засладувач (шеќерен или вештачки), глицерин, арома, боја. Диететичарот и нутриционист Ники Харт не е љубител на гуми за џвакање полни со шеќер бидејќи придонесуваат за расипување на забите, но вели дека оние без шеќер може да бидат корисни, пишува „Stuff“. Харт, исто така, верува дека гумата за џвакање може да помогне да се „преболи“ друга орална фиксација како пушење. Што се однесува до другите придобивки, науката е поделена, но има различни причини зошто џвакањето гума без шеќер може да делува како помош за губење на тежината. Некои истражувања покажаа дека џвакањето го зголемува протокот на крв во мозокот, што го зголемува пулсот и согорува дополнителни калории. Нејзината поголема грижа е поврзана со ефектот врз дигестивниот тракт. Суштинската состојка во секоја гума за џвакање без шеќер е нехранлив засладувач или замена за шеќер. Работите како сорбитол, полиол или аспартам се причината зошто гумата за џвакање носи предупредување дека прекумерното консумирање може да доведе до дијареа. Ненутритивните засладувачи се особено лоши за луѓето кои имаат состојба како IBS, вели Харт, бидејќи тие можат да ги влошат симптомите. Можат и да предизвикаат гасови и надуеност. Прекумерното џвакање предизвикува и голтање воздух, што исто така може да предизвика надуеност. Но, дали тоа е храна? Според американската Администрација за храна и лекови (ФДА), гумата за џвакање се смета за храна бидејќи терминот „храна“ значи „сирова, варена или преработена супстанција за јадење, мраз, пијалок или состојка што се користи или е наменета за употреба или за продажба како целина или делумно за човечка исхрана или гума за џвакање“. Извор:Курир.мк]]>

Адел во својот дом чува плукната мастика од оваа славна пејачка и тоа врамена во слика! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/adel-vo-svojot-dom-chuva-pluknata-mastika-od-ovaa-slavna-pejachka-i-toa-vramena-vo-slika-video/ Fri, 22 Oct 2021 12:02:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224227

Адел толку ја сака Селин Дион, што поседува парче нејзина искористена гума за џвакање што ја чува врамена на ѕид, пренесува „Indeks.hr“ Во текот на интервјуто за Vogue со 73 прашања објавено на „Youtube“, 33 годишната пејачка призна дека највредно нешто што поседува е токму таа врамена слика со гума за џвакање. „Џејмс Корден, кој ми е пријател, а ја прави емисијата Карпул Караоке, знаеше колку ја обожавам Селин. Кога му беше гостинка во емисијата, ја натерал да ја плукне изџваканата гума за џвакање во парче хартија и ми ја врами. И тоа е највредното нешто што го поседувам“ – изјави Адел смеејќи се. Подоцна кажа дека и песната на Селин Дион, „Мy Heart Will Go On“ е песна која ја има израдувано најмногу во животот. Во 2018, Адел го посети концертот на Селин Дион во Лас Вегас, откако Дион закрепнувала од тежок грип со кој се бореше со месеци. „Не можев да ги одржам сите концерти, но бев воодушевена што Адел дојде на еден од нив… Толку ја сакам“ – напиша Селин на нивната заедничка фотографија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Адел позира со Селин со маица со нејзиниот лик и изјави „Каква кралица! Каков настап, апсолутен врв во мојот живот. Фала на вниманието што им го пружаш на своите фанови со твојот луд хумор“. ]]>

Навика од детството: Калиопи среде интервју со српски медиум направи нешто кое не го очекуваа https://arhiva.vistina.com.mk/navika-od-detstvoto-kaliopi-srede-intervju-so-srpski-medium-napravi-neshto-koe-ne-go-ochekuvaa/ Thu, 30 Jan 2020 07:26:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131599

Нашата поп дива Калиопи имаше импресивен настап на неодамна одржаните музички награди MAC 2020, а нејзиното присуство беше можност за српските медиуми непосредно да поразговараат со неа. Па така, за време на интервјуто со еден српски медиум, тие забележаа дека има гума за џвакање во устата. За време на разговорот со репортерите, таа зборувала го гумата за џвакање во устата и решила да ја проголта. Пред почетокот на церемонијата и во фаза на подготовки таа изјави: -Брзав, затоа вака изгледам! Простете, кажала Калиопи и со задоволство изјавувајќи дека и е драго што се наоѓа на вакво случување. За крај, откако ја проголтала гумата за џвакање со насмевка објаснила: -Тоа е нешто што го правам од детеството, искрено појасни нашата Калиопи.]]>

(ВИДЕО) Остри критики за Дејвид Бекам по она што го правеше во црквата на кралската венчавка https://arhiva.vistina.com.mk/video-ostri-kritiki-za-dejvid-bekam-po-ona-shto-go-praveshe-vo-crkvata-na-kralskata-venchavka/ Mon, 21 May 2018 10:58:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28182

Дејвид и Викторија Бекам имаа привилегија да бидат едни од гостите на кралската венчавка меѓу принцот Хари и Маган Маркл во саботата во Виндсор. И додека сите ги пофалија за нивната модна комбинација за оваа свечена кралска пригода, на неговите фанови не им се допадна тоа што тој го правеше во црквата, а камерите го снимија. Имено, поранешниот фудбалер прилично се опушти и цело време џвакаше гума за џвакање како да животот му зависи од тоа.
Ниту корисниците на социјалните мрежи нималку не го штедеа.
Можеби звучи и изгледа сосема нормално некој да го прави ова, но кога е кралска церемонија во прашање, а ти си почестен и познат гостин, џвакањето очигледно на сите им „падна во очи“ како непристојно.]]>