групи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 02 Apr 2022 10:07:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png групи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Извлечени групите за Мундијалот во Катар 2022 https://arhiva.vistina.com.mk/izvlecheni-grupite-za-mundijalot-vo-katar-2022/ Sat, 02 Apr 2022 10:06:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245165

Вчера, 1-ви април 2022 год. во Доха беа извлечени групите за Мундијалот во Катар 2022. Неколку фантастични мега дуели ќе има уште во групна фаза. На осум ултра модерни стадиони, 32 репрезентации ќе учествуваат на проширеното Светското првенство во Катар 2022 кое ќе се игра од 21 ноември до 18 декември. Во луксузниот Егзибициски центар во Доха, пред стотина познати фудбалски ѕвезди, ждрепката ја влечеа легендарниот Бора Милутиновиќ кој е првиот и единствен селектор во историјата кој со пет различни репрезентации бил на пет Светски првенства по ред (Мексико 1986, Костарика 1990, САД 1994, Нигерија 1998 и Кина 2002), Лотар Матеус кој играше на рекордни 5 Светски првенства, Нигериецот Џеј Џеј Окоча, Австралиецот Тим Кејхил, Бразилецот Кафу, Иранецот Али Даеи, поранешните фудбалерки Карли Лојд и Саманта Џонсон како и англискиот фудбалер Џермејн Џенас. Група А: Катар, Еквадор, Сенегал, Холандија Група Б: Англија, Иран, САД, Велс/Шкотска/Украина Група Ц: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико, Полска Група Д: Франција, ОАЕ/Австралија/Перу, Данска, Тунис Група Е: Шпанија, Костарика/Нов Зеланд, Германија, Јапонија Група Ф: Белгија, Мароко, Хрватска, Канада Група Г: Бразил, Србија, Швајцарија, Камерун Група Х: Португалија, Уругвај, Јужна Кореја, Гана На Мундијалот ќе играат сите светски шампиони кои досега низ историјата се радувале на златниот пехар освен Италија која испадна во баражот од Македонија и која ќе пропушти и второ Светско првенство по ред што никогаш во историјата не им се случило.]]>

Македонската фудбалска репрезентација ги дозна противниците за пласман на СП 2022 https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-fudbalska-reprezentacija-gi-dozna-protivnicite-za-plasman-na-sp-2022/ Mon, 07 Dec 2020 17:49:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179935

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн во Ј-квалификациската група за пласман на Светското првенство 2022 во Катар. Ова е епилогот од вечерашната жрепка во седиштето на ФИФА во Цирих на која беа одредени десетте групи од европските квалификации за Мундијалот во 2022 година. Од петте репрезентации во групата Ј, македонската фудбалска репрезентација досега никогаш нема играно eдинствено против Германија. Директен пласман на завршниот турнир ќе обезбедат само победниците во групите, додека десетте второпласирани репрезентации, заедно со уште две преку УЕФА Лигата на нации, ќе играат плејоф за преостанатите три места резервирани за членките на УЕФА на СП во Катар. Европските мундијалски квалификации ќе се играат од март до декември 2021 година, додека плејофот од 23 до 29 март 2022 година. Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година во пет градови, Доха, Лусаил, Ал Кор, Ал Вакра и Ал Рајан.
А – група: Португалија, Србија, Република Ирска, Луксембург, Азербејџан Б – група: Шпанија, Шведска, Грција, Грузија, Косово Ц – група: Италија, Швајцарија, Северна Ирска, Бугарија, Литванија, Д-група: Франција, Украина, Финска, Босна и Херцеговина, Казахстан Е – група: Белгија, Велс, Чешка, Белорусија, Естонија Ф – група: Данска, Австрија, Шкотска, Израел, Фарски Острови, Молдавија. Г-група: Холандија, Турција, Норвешка, Црна Гора, Летонија, Гибралтар. Х-група: Хрватска, Словачка, Русија, Словенија, Кипар, Малта. И – група: Англија, Полска, Унгарија, Албанија, Андора, Сан Марино.
]]>

Kои се најчестите фобии кај луѓето https://arhiva.vistina.com.mk/koi-se-najchestite-fobii-kaj-lugjeto/ Wed, 18 Jul 2018 10:18:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38684

Фобијата е ирационална реакција на одредени предмети или ситуации. Лицата со фобија чувствуваат силна потреба да го избегнуваат изворот на анксиозност и иако сфаќаат дека стравот е неоснован, сепак не успеваат да го надминат. Непријатните физички симптоми како забрзување на пулсот, треперење, чувство на мачнина, потење, сушење на устата, забрзано дишење, болка во пределот на градите или потреба за бегство се само дел од придружните симптоми на фобиите. Сè уште малку се знае за причините за појава на фобија. Таа може да биде резултат на трауматични случки, како напад на куче или пад од голема висина. Постои и голема поврзаност помеѓу стравовите на одредена личност и стравовите на нејзините родители. Доколку, на пример, сте биле сведок на ирационална фобична реакција од страна на родителот кон конкретен објект или ситуација (соочување со пајак), постои можност и вие да ја „наследите“ истата фобија. Страв Фобиите се делат на 3 основни групи:
  1. Специфични фобии. Се карактеризираат со постојан и ирационален страв инициран од точно определен предмет или ситуација. Во специфичните фобии се вбројуваат страв од животни или инсекти, страв од природни појави како молњи и грмотевици или ситуации како посета на стоматолог, летање со авион, влегување во тунел, престој во тесни простории и сл.
  2. Агорафобија. Многумина сметаат дека агорафобијата е единствено страв од отворен простор, но таа вклучува страв од ситуации од кои бегството би било тешко или засрамувачко. Лицата со агорафобија избегнуваат ситуации кои сметаат дека можат да им предизвикаат паника и се преплашени од помислата дека може да доживеат напад на паника во јавност, па избегнуваат јавни места, особено локации каде што има поголема група луѓе. Стравот може да ескалира до степен што личноста може да се чувствува сигурна и заштитена единствено во сопствениот дом. Агорафобијата е двојно почеста кај жените отколку кај мажите.
  3. Социјална (општествена) фобија. Ситуациите кои вклучуваат интеракција со други луѓе предизвикуваат страв кај лицата со социјална фобија. Тие чувствуваат постојан и интензивен страв дека ќе бидат осудувани и критикувани од другите и се плашат дека ќе се засрамат или понижат поради своите постапки. Стравуваат од јавно говорење, држење на состаноци, пишување во јавност, јадење во јавност, користење на јавно WC, разговарање со непознати или авторитетни личности, посетување на забави и сл.
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ФОБИИ?

Арахнофобија – страв од пајаци

Специфичната фобија која опфаќа страв од пајаци е широко распространета, „погодувајќи“ дури 50% од женската и 10% од машката популација. Лицата со арахнофобија се чувствуваат непријатно на места на кои веруваат дека има пајаци или кога во нивна близина има пајажини. Кога ќе се соочат со пајак, тие треперат, викаат, плачат или потат. Кај некои лица стравот може да се појави дури и додека гледаат реалистична слика или фотографија од пајак.

Акрофобија (Вертигофобија) – страв од висина

Екстремниот и ирационален страв од висина е особено честа појава. Околу 2 до 5% од луѓето страдаат од акрофобија, а поголем дел од нив се припаднички на понежниот пол. Оваа фобија предизвикува паника кога лицето се наоѓа на голема висина и тоа станува премногу растревожено за да се симне безбедно.

Аерофобија – страв од летање

Патувањето со авион не е воопшто привлечна идеја за луѓето кои ја имаат развиено оваа фобија. Паничните напади може да се јават при самото полетување или приземјување на авионот, како и при турбулентни летови. Стравот од летање со авион може да е последица на различни други стравови и фобии – страв од авионска несреќа, страв од затворен простор, страв од тероризам, страв од чувство на беспомошност и сл.

Аклуофобија – страв од темнина

Стравот од темнината најчесто се јавува кај децата, но не е мал бројот на возрасни кои се плашат кога се во темен простор. Во некои случаи стравот од темнина може да доведе и до инсомнија.

Клаустрофобија – страв од затворени мали простории

Чувството на заробеност во затворени простории може да биде застрашувачко и исцрпувачко за клаустрофобичните луѓе. Се избегнуваат лифтови, тесни ходници и соби без прозорци. Посетата во истите резултира со паничен напад и чувство дека личноста е фатена во стапица и не постои начин да се избега. Кога се во полни лифтови, заклучени мали простории или во соби без прозорци, клаустрофобичните лица чувствуваат како да се гушат.Некои лица не носат тесна облека со цел да избегнат напад на паника.

Кинофобија – страв од кучиња

Абнормалниот страв од кучиња принудува многу лица да го лимитираат контактот со сопственици на кучиња и да ги избегнуваат местата на кои знаат дека можат да ги сретнат овие животни, како парковите.

Бронтофобија – страв од грмотевици

Веројатно познавате дечиња, но и возрасни кои се „кријат под креветот“ откако ќе слушнат грмотевица или биле сведоци на светкавица, гром или молња. Бронтофобијата го опфаќа токму овој страв кој може да резултира со паничен напад, забрзан пулс, потење на дланките и непријатно чувство на мачнина.

Некрофобија – страв поврзан со смрт

Мртовци, мртовечки ковчези, надгробни споменици, погреби и сè што е поврзано со смртта се предмет на некрофобијата. Некрофобиците развиваат силна опсесија поврзана со смртта и видно се вознемируваат дури кога се соочени со мртви животни или некролози. Некрофобијата често се развива кај лица кои биле сведоци на нечија смрт или биле принудени да присуствуваат на погреб во детството.

Хемофобија – страв од крв

Лицата кои страдаат од хемофобија не поднесуваат крв и во посериозни случаи доаѓа до несвестица при контакт со истата. Стравот од крв и крварење може да биде заснован на трауматично искуство кое ја вклучувало црвената течност или на негативната слика за крвта создадена во општеството.]]>