група Легенда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Jan 2018 13:25:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png група Легенда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Документарен филм за тетовскиот поп-рок бенд „Легенда“ https://arhiva.vistina.com.mk/dokumentaren-film-za-tetovskiot-pop-rok-bend-legenda/ Thu, 25 Jan 2018 13:24:52 +0000 http://vistina.mk/?p=10838

Преку архивски снимки и фотографии, тетовскиот поп рок состав „Легенда“ кој важи за синоним на едно убаво време, ќе добие музички документарен филм насловен „Свет без граници“. Режиран е од Билјана Билбилоска и Глигор Кондовски од Тетово, и е нивни подарок за членовите на „Легенда“ и градот кој би сведочел за влијанието на оваа група на македонската поп-рок сцена во 90-тите години. Групата „Легенда“ e оформена во 1991 година. Во речиси две децении постоење издаде неколку албуми, а станаа препознатливи по хитовите’92“, „Свет без граници“, „Време е“, „Зимбала Тримбала“, „Индиски чај, „На море“, „Еј кафано, слатки доме“, како и Признавам, не признавам“ со Ена Веко, која ќе ја видиме и како специјална гостинка во филмот.
„Направивме разговори со членовите на бендот во кои тие раскажуваат и ги опфаќаат сите аспекти од нивното музичко делување како на професионално така и на приватно рамниште. Крајна цел на овој документарец е да врати споемни од едно убаво време“, ќе изјави Билјана Билбилоска.
„Долго време зборуваме со Билјана дека треба да соработуваме и да направиме некаков тип на филм. Одлучивме дека тоа треба да биде документарен филм во кој ќе се опфати поп-рок сцената во 90-тите и посебно за групата ’Легенда’. Снимен е во телевизска форма, преку интервјуа и архивски снимки и спотови“, додава Глигор Кондовски. Премиерата на документарецот  „Свет без граници“ е закажана за 9 февруари во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово.]]>