грло – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Feb 2024 11:56:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png грло – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали помага солената вода при болки во грлото? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-pomaga-solenata-voda-pri-bolki-vo-grloto/ Thu, 01 Feb 2024 13:15:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337123

На TikTok, во изминатите неколку месеци, корисниците ги споделуваат своите совети за ублажување на болки во грлото, а еден од најпопуларните трендови е класичното тврдење дека гаргара со солена вода може да помогне. Дали навистина помага? Нема многу истражувања кои докажуваат дека правењето гаргара со солена вода е ефикасно за болести на грлото. Сепак, новото истражување сугерира дека навистина има некои придобивки, пренесува EatingWell. Студија од 2023 година покажува дека гаргара со солена вода би можело да биде ефикасно во спречувањето на хоспитализацијата поради Ковид. На учесниците во студијата им биле дадени напитоци со ниска или висока содржина на сол откако тестирале позитивно за Ковид. „Нашата цел беше да го испитаме физичкото наводнување на носот и гаргара за можна поврзаност со подобрување на респираторните симптоми поврзани со инфекција со коронавирус“, вели коавторот на студијата Џими Еспиноза. „Откривме дека тие се поврзани со пониски стапки на хоспитализација за инфекции со САРС-КоВ-2. Се надеваме дека може да се направат повеќе истражувања за понатамошно испитување на врската“, додаде тој. Според една студија, гаргара со солена вода додека сте болни може да ја олесни сериозноста на вашите симптоми. Но, како што истакнува Еспиноза, потребни се повеќе истражувања за целосно да се разберат потенцијалните позитивни ефекти на солената вода врз нашиот имунолошки систем. Фото: Попара]]>

Направете пастили за грло по народен рецепт: Ви требаат три ефтини состојки кои веќе ги имате дома https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-pastili-za-grlo-po-naroden-retsept-vi-trebaat-tri-eftini-sostojki-koi-veke-gi-imate-doma/ Fri, 22 Sep 2023 12:45:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319287

Меѓу народот е воспоставено верување дека медот, лимонот и ѓумбирот помагаат во ублажување на настинките, кашлицата и кивањето и го забрзуваат закрепнувањето на организмот. Во тава со мешање загрејте 200 гр мед, 2 лажици сок од лимон и 1 лажица свежо изрендан ѓумбир. Кога температурата на смесата ќе достигне 150 степени (користете кујнски термометар), извадете ја од шпоретот. Ако немате кујнски термометар, ќе знаете дека смесата е готова ако се стврдне веднаш штом ја потопите во ладна вода. Потоа додадете половина лажичка свежо рендан ѓумбир. Истурете во калап за пралини или мраз (до половина) и оставете да се излади. Бидејќи пастилите се лепливи, превртете ги во шеќер во прав и ставете ги во тегла со капак. Консултирајте се со вашиот лекар за употребата на овие пастили. Извор: Курир.мк]]>

Од „Брза кујна“ јавно бараат народен лек за проблемот на водителката Сања: Фановите имаа решение, ама и куп забелешки (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/od-brza-kujna-javno-baraat-naroden-lek-za-problemot-na-voditelkata-sana-fanovite-imaa-reshenie-ama-i-kup-zabeleshki-foto/ Wed, 17 May 2023 07:45:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302375

ТВ водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска, гледачите секој работен ден ја следат како домаќинка на популарното шоу за готвење каде е заедно пред камерите со шефовите Никола и Бобан. Оние кои се во трка со времето и снаодливоста во кујната, се учесниците и шефовите, додека Сања е онаа која им сугерира за изминатите минути, а понекогаш и асистира во подготовката на спцецијалитетите. „Брза кујна“ има осум сезони зад себе и е едно од најгледаните кулинарски шоуа во Македонија. Интерес за учество секогаш има, а фановите се во редовна интеракција со одговорните од шоуто преку социјалните мрежи. Па така, деновиве на Фејсбук осамна објава, односно барање на сугестија од „Брза кујна“ за засипнатото грло на водителката. Одговори со решение во коментари имаше до недоглед, а верните фанови се покрижија преку народни лекови, од мешпавини со сол, ракија, шеќер и што ли уште не да и го најдат чарето на Сања. Проблемот на Сања веројатно е решен, но следбениците имаа и сугестија за промени во поглед на униформата на асистентите, однопсно освен престилка, да носат и горватски шапки, а да не бидат со пуштени коси. Барањата беа обострани, фановите ги исоолнија за лекот за Сања, а дали ќе го прифатат брањето од другата страна останува да видиме... фото:Фејсбук/Брза кујна принтскрин]]>

Еве како да си помогнете: Зошто се јавува болка во грлото? https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-da-si-pomognete-zoshto-se-javuva-bolka-vo-grloto/ Fri, 10 Feb 2023 12:26:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288418

Ако за време на настинка во организмот навлезат вируси или бактерии, поради послабиот локален имунитет тие почнуваат активно да се размножуваат на слузницата на грлото. Микроорганизмите што ја освоиле слузницата доведуваат до воспаление, болка, гребење, горење. Во тој случај, неопходно е да се борите со бактериската флора. За плакнење на грлото може да се користи тинктура од невен. Помешајте лажица фармацевтска тинктура во половина чаша топла вода, па со тоа плакнете го грлото два-три пати на ден. Тоа трае сѐ додека се подобри состојбата. Исто така може да се користи и аптекарска тинктура од прополис или еукалиптус. Ако грлото е чувствително, треба да се „зајакне“. Наједноставниот начин да го направите тоа е да го исплакнете со ладна вода. Постапката правете ја двапати на ден по јадење. извор:курир.мк]]>

Ја лекува болката во грлото како „од шега“: Помоќен народен лек од овој не постои https://arhiva.vistina.com.mk/ja-lekuva-bolkata-vo-grloto-kako-od-shega-pomokjen-naroden-lek-od-ovoj-ne-postoi/ Mon, 19 Oct 2020 12:20:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172073

Бактериите кои се таложат во усната шуплина можат да предизвикаат болки во грлото, но и воспаление на крајниците. За среќа, народната медицина има решение и за ваквите проблеми. Овој народен лек целосно ја неутрализира болката во грлото, ги убива сите бактерии и ги решава проблемите со крајниците. Потребни состојки: - 8 поголеми чешниња лук (16 до 20 ако се помали чешниња) - ¼ главица кромид - ¼ лажичка чили во прав - 2 лимони - 1 супена лажичка мед - 1 литар врела вода Начин на припрема: Сите состојки ставете ги во блендер, изблендирајте и напитокот е спремен. Идеално е во текот на денот да се испие цела количина. Подобрувањето би требало да следува по еден ден. Лекот можете да го користите сè додека не исчезнат болките во грлото, а докторите советуваат во текот на лекувањето да се исфрлат газираните пијалаци, алкохолот и цигарите. На кој начин делува овој народен лек? Лукот е најмоќниот природен антибиотик додека медот содржи антибактериски својства. Лимонот го подигнува имунитетот, а чилито ја подобрува циркулацијата. Напомена: пред употреба на било кој народен лек, консултирајте се со вашиот лекар. извор:точка.ком.мк]]>

Слоба Радановиќ доживеал бизарна несреќа: Да не се јавел навреме во болница, можел да се задуши (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sloba-radanovikj-doziveal-bizarna-nesrekja-da-ne-se-javel-navreme-vo-bolnica-mozel-da-se-zadushi-foto/ Wed, 13 Nov 2019 11:17:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118230

Слоба Радановиќ доживеал бизарна несрќа заради која итно завршил во болница. Пејачот и ријалити ѕвезда вечерал со пријателите во еден рибен ресторан во Белград, а тивката вечер била прекината со непријатноста која во еден момент му се случила. Имено, тој  почнал да се дави, а потоа и гуши откако коска од  риба му се заглавила во грлото. За среќа пријателите бргу реагирале и итно го однел в болница! „Едвај преживеав! Се гушев од парчето рибина коска во грлото! Лекарите бргу реагираа, зедоа некоја голема пинцета и ми ја ставија во устата за да ја извлечат коската. Среќа - се се заврши добро, иако јас дури и не сакам да се сеќавам на тоа“ - кратко изјавил Слоба.]]>

Српскиот пејач беше на чекор до смртта, откако пеејќи во живо среде емисија во уста му влета пчела и го боцна во грлото! https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-pejach-beshe-na-chekor-do-smrtta-otkako-peejkji-vo-zivo-srede-emisija-vo-usta-mu-vleta-pchela-i-go-bocna-vo-grloto/ Wed, 25 Sep 2019 11:30:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108961

Откако фолк-пејачот Ибро Селмановиќ доживеа бизарна несреќа во емисијата „Шареница“, тој реши да раскаже како се случила оваа драматична сцена, што го загрозила дури и неговиот живот. Во моментот кога ја изведувал народната песна „Sвезда ја тера месечината“, го боцнала пчела во грлото, поради што подоцна завршил во болницата. „Прво, не би му го посакал ова ниту на мојот најголем непријател. Мислам дека не се случило никому. На покана на РТС дојдов со син ми на Јахорина, од каде што програмата се емитуваше во живо. Излегов да пеам и видов пчела пред мене како лета, од десната страна. Мислев дека ќе си замине, а и не бев ниту во ситуација да можам да ја истерам, затоа што луѓето веројатно ќе помислат дека не сум нормален, да пеам во живо во програма и во исто време да бркам пчела“ - ја започнува приказната за „Блиц“ пејачот и продолжува: „Никогаш не помислив дека ќе ме касне за крајниците. Таа ми влета внатре во устата додека пеев и одеднаш ме боцна. Се загрцнав и се свртев кон оркестарот за да им објаснам дека не можам да продолжам. Се обидов со кашлање да ја исфрлам, но никако не успеав. Кога некако ја завршив песната, луѓето се чудеа што ми е!? Веднаш ме одвозеа во болница на Пале, каде штом пристигнав, ми дадоа инјекција, ме прикачија на инхалатор, ми дадоа таблети против алергија и отоци. Лекарот рече дека можев да умрам, ако пчелата ми влетала во душникот. Кога ја сфатив сериозноста на проблемот, бев преплашен. Тогаш се загрижив дали сè ќе испадне на крајот добро- објаснува фолк-пејачот и додава: „Уште ги чувствувам последиците. Секогаш кога ќе проголтам нешто, чувствувам болка во грлото. Верувај ми, тоа е како некој да зел мачета и да ви го пресече грлото“ - вели Селмановиќ, кој го прославил роденденот ден подоцна откако го имаше ова несекојдневно искуство.]]>

Печено јаболко – вкусен лек против болно грло https://arhiva.vistina.com.mk/pecheno-jabolko-vkusen-lek-protiv-bolno-grlo/ Thu, 06 Dec 2018 14:32:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61608

Печените јаболка се одличен лек против болно грло. Најважно е да не бидат врели, туку умерено топли. Многу одамна е утврдено дека јаболкото е здраво, а виенскиот експерт за здрава храна и исхрана, професор Хадемар Банкхофер, открива колку се здрави кога се печени. Тој вели дека јаболката подготвени на во овој начин се одличен лек против болно грло. Овие проблеми можат да се отстранат со три печени јаболка, кои треба да се јадат едно по друго. Која е тајната на печените јаболка? За време на печењето, во јаболката доаѓа до создавање на посебни соединенија на ензими и биоактивни супстанции. „Овие соединенија во слузницата на устата, грлото и гласните жици ја активираат способноста на телото само да се излечи“, вели професорот Банкхофер.  ]]>