грижа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Feb 2024 13:45:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png грижа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сакате личност која не сака да биде со вас? Заради ова патите по некој кој воопшто не му е грижа за вас! https://arhiva.vistina.com.mk/sakate-lichnost-koja-ne-saka-da-bide-so-vas-zaradi-ova-patite-po-nekoj-koj-voopshto-ne-mu-e-grizha-za-vas/ Mon, 05 Feb 2024 13:45:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337542

Експертот за врски Сабрина Зохар откри зошто не можете да преболите некој кој не е заинтересиран за вас – тоа може да биде поради вашето детство. Во вирално видео што го објави на TikTok што е прегледано повеќе од 500.000 пати, таа објасни дека ставањето некого на пиедестал може да го отежне преболувањето. „Мислите дека сте безбедни само ако ја имате таа личност. Се однесувате како да сте ја ставиле таа личност на пиедестал и се вративте во односот дете-родител. Се чувствувате како да не сте доволно добри и дека никој веќе нема да ве сака затоа што ве научиле родителите дека многу ви требаат“, рече Сабрина. Таа тврди дека сте повеќе склони да барате неконзистентен партнер ако сте пораснале во семејство во кое родителите ве научиле дека љубовта мора да се заработи. „И сега велите: „Ох, чекај, морам да заработам љубов, морам да работам за тоа. Не може да биде толку лесно. Ако некој не ми ја даде, што не е во ред со мене? Сега мора да ја заслужам љубовта, сега мора да се докажам.“ Причината за ова е што мозокот не е дизајниран да ви помогне да растете, туку да ве заштити“, рече Сабрина.
@sabrina.zohar Why do you want someone who doesnt want you back? #limerence #datingadvice #corebeliefs #anxiousattachment #breadcrumbing #breadcrumbs #dating101 #movingon #breakup ♬ original sound - Sabrina Zohar
Таа предупреди да не ги бркате истите луѓе одново и одново додека не се чувствувате достојни. Сабрина додаде дека треба да гледате на вашата љубов како „нормална личност“ и да сфатите дека тие не се „најневеројатната личност“ што сте ја запознале – истакнувајќи дека тие само поттикнале нешто во вашиот мозок од детството. Луѓето ја пофалија Сабрина за овој совет. Едно лице напиша: „Вилицата ми падна на подот гледајќи го ова. Па, време е за терапија.“ Друга додаде: „Факти. Ова е нешто што требаше да го слушнам“. Извор: Попара]]>

Новиот документарец открива дека кралицата Елизабета сакала да биде на мирно место, но тоа ја ставило во грижи https://arhiva.vistina.com.mk/noviot-dokumentarets-otkriva-deka-kralitsata-elizabeta-sakala-da-bide-na-mirno-mesto-no-toa-ja-stavilo-vo-grizhi/ Wed, 03 Jan 2024 12:36:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333564

Во новиот документарец за кралското семејство, а во емотивниот сегмент, принцезата и ќерка на кралицата Елизабета Втора,Ана, говори за мајчината смрт и како се чувствувала кога видела како Царската државна круна за последен пат се трга од ковчегот на кралицата во капелата Свети Џорџ во Виндзор. „Прилично чудно, почувствував олеснување – тоа е тоа, готово“, изјавила таа, па додала: „Таа одговорност се пренесува понатаму“. Принцезата Ана која била исклучително блиска со покојната кралица и мајка во текот на својот живот исто така рекла: „Мислам дека постоеше момент кога таа почувствува дека ќе биде комплицирано доколку почине во Балморал. Се обидувавме да ја убедиме дека тоа не е нејзина грижа“. Причината била големата организација за нејзиното испраќање и преместување на нејзиното тело во Лондон, но и доаѓањето на членовите од семејството кои последните денови со неа не биле во Балморал. Но, многумина сметале дека е прикладно тоа што кралицата починала во Балморал затоа што многу ги сакала шкотските гори. Непосредно пред нејзината смрт во септември минатата година, ја посетил д-р Ајелн Гриншилдс којшто после тоа кажал дека таа зборувала дека е задоволна што е таму и дека ужива во мирот. Принцезата Ана додала дека било случајност што тој тажен ден се нашла во Балморал. Објаснила дека само запрела во дворецот на враќање кон југ откако поминала неколку денови на западното крајбрежје на Шкотска. По смртта на кралицата, Ана открила дека на нејзиниот брат му било тешко целосно да се подготви за моментот во којшто ќе дојде на престолот, без оглед на тоа што цел живот чекал на тоа. фото:You Tube/ The Telegraph/ The Royal Family Channel]]>

Како да престанете самите да си го уништувате животот? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-prestanete-samite-da-si-go-unishtuvate-zhivotot/ Wed, 27 Sep 2023 11:45:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320007

Се соочуваме со доволно притисок во животот без самите да го предизвикаме, но тоа е токму она што многумина од нас го прават, на еден или друг начин. Зошто да не откриете што можете да направите за да го промените тоа и да станете свој најсилен сојузник во ослободувањето од стресот? Еве неколку начини како да го извлечете максимумот од вашиот живот и да го намалите стресот што си го наметнувате самите себеси: Разберете ја разликата помеѓу успех и перфекционизам Многу луѓе се стремат кон совршенство, не сфаќајќи дека постои подобар начин да се успее без да се убие сопствениот дух. Многу перфекционисти веруваат на одредено ниво дека мора да постигнат совршенство или ќе пропаднат; ова верување не само што може да доведе до стрес, туку всушност може да доведе до помал успех! Важен прв чекор е да сфатите дека перфекционизмот е всушност форма на самосаботажа. Всушност, повеќе се „држите“ на грешките што сте ги направиле, забележувајќи повеќе што сте згрешиле отколку што сте направиле правилно. Бидете свесни дека постои подобар начин. Грижете се за себе Можете да започнете со тоа што ќе обрнете внимание на тоа како се чувствувате на крајот од денот, на крајот од викендот (кога ќе започнете нова недела со нови предизвици) и внимателно погледнете го вашиот живот за да видите дали имате доволно време да ги негувате односите, редовно да вежбате и да спиете. Грижата за себе е од суштинско значење за управување со стресот и не треба да се ставаат други цели над него, или нема да можете ефективно да ги постигнете тие цели. Размислувајте како оптимистичен реалист, а не како песимист Многу луѓе се плашат од позитивно размислување, мислејќи дека тоа води до уште поголеми проблеми. Всушност, реалното позитивно размислување (фокусирање на позитивното без целосно игнорирање на проблемите кои бараат одговор) може да ви помогне да бидете поефективни во вашиот живот и помалку да се фокусирате на лошите работи. Една од најдобрите стратегии за позитивно размислување што можете да ја усвоите е оптимистичкото размислување, што е специфичен начин на размислување што ви овозможува да го фокусирате вашето внимание на достигнувања што ја максимизираат вашата самодоверба и ви дозволуваат да дадете се од себе во иднина. Дозволете си да почувствувате, а потоа и да се чувствувате подобро Игнорирањето на сопствените емоции и нивното негирање не е здраво. Поефективен начин да си помогнете во стресните времиња е да станете посвесни за тоа како се чувствувате. Разговарајте со близок пријател или терапевт доколку е потребно, а потоа фокусирајте се на активности кои прават да се чувствувате добро. Прифатете ги вашите слабости Одличен начин да се ослободите од стресот е да си дозволите да направите грешка. Не земајте сè при срце, не држете лутина и обидете се да го видите најдоброто кај луѓето со тоа што ќе разберете како работите можат да изгледаат од нивна перспектива. Научете да си простувате себеси и на другите. Постојат многу ефективни начини да го направите ова, но медитацијата е многу ефикасна алатка за управување со стресот на начин кој го подигнува вашето расположение и ви помага да се опуштите. извор:kurir.mk]]>

Вежба која ќе ги намали грижите за дури 90%! https://arhiva.vistina.com.mk/vezhba-koja-ke-gi-namali-grizhite-za-duri-90/ Mon, 07 Aug 2023 14:20:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312835

Многумина од нас мислат дека загриженоста е нормална ситуација во животот, па се водат од следните зборови – „Ако не се грижам, ќе се случи нешто лошо.“; „Ако бидам безгрижен/а, постои ризик потоа да бидам разочаран/а“. Така, стануваме зависни од грижи, се навикнуваме да се грижиме за сè и често создаваме негативни проекции во нашите глави за работи кои сè уште не се случиле. Наместо да се грижите, можете да ги искористите вашето време и енергија и да направите нешто продуктивно. Кога сте загрижени, вашите грижи преминуваат од еден на друг аспект во вашиот живот. Три минути многу брзо се претвораат во три часа, а анксиозноста ви влијае и на физичко ниво – од мигрена до потење на рацете и ментална исцрпеност. Запомнете дека грижата не го решава вашиот проблем, може само да го влоши. Во својата книга „Ова е она што е важно“, психологот Пепетуа Нео објаснува дека еден од водечките начини да се ослободите од грижите е планирањето, односно справување со проблемот преку правење план. Вистина е дека е тешко да се искоренат грижите од вашиот живот преку ноќ, но со практикување на оваа вежба, можете постепено да ја претворите грижата во продуктивност. Според психологот, оваа вежба би можела да ја намали анксиозноста за дури 90%. Чекор 1: Проценка Во болниците, медицинските тимови прелиминарно проценуваат што да прават со секој пациент врз основа на итноста и што е потребно во однос на медицинската нега. Замислете дека вашата грижа е ваш пациент и за да го решите, поставете си ги следниве прашања: Дали ова може да се реши? Дали ова може да се контролира? Дали грижата е оправдана? Чекор 2: Ресетирање Чекор 2 е да го „ресетирате“ мозокот. Затоа што кога сте загрижени, вашиот мозок работи во режим на страв. Во овој случај, одговорна е амигдалата која се занимава со вашиот опстанок. За да го ресетирате мозокот, вдишете три пати, длабоко и бавно. Обидете се кога вдишувате да го надувате стомакот како балон и обратно. Издишете колку што можете полека. Ова ќе ве смири и ќе ве врати во реалноста. Чекор 3: Решение Чекор 3 е да се искористи таа ментална енергија. Земете пенкало и хартија или отворете дигитален бележник. На врвот, напишете го проблемот што сакате да го решите и временската рамка за неговото решавање. Тоа ќе ви помогне да дојдете до стратегија, а не да се убедувате дека тонете сè подлабоко и дека нема излез. Чекор 4: Награда И конечно, при чекор бр. 4 се наградувате себеси за вложениот труд. Тоа може да биде убава шолја кафе или само искажување благодарност дека сте го решиле проблемот. Ова ја зацврстува новата навика – наместо да се грижите, барате решенија.   извор: kafepauza.mk]]>

4 работи кои мажот ги прави кога навистина се грижи за врската https://arhiva.vistina.com.mk/4-raboti-koi-mazot-gi-pravi-koga-navistina-se-grizi-za-vrskata/ Mon, 21 Mar 2022 14:15:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243779

Луѓето ги покажуваат своите чувства, емоции, мисли и стравови на различни начини. Во денешниот свет, кога сè се случува и се менува премногу брзо, се обидуваме да ја најдеме таа личност која најдобро ќе не разбере. Некои мажи се срамежливи кога е во прашање изјавата за љубов, а некои едноставно мислат дека љубовта подобро се покажува со дела. Меѓутоа, проблемот е што многу жени ги занемаруваат малите гестови кои кријат многу повеќе љубов од едно „те сакам“. Затоа, дами, обрнете внимание, бидејќи ако вашиот маж го прави ова, тоа значи дека навистина се грижи за вас. 1. Го интересира вашето мислење Кога мажот се грижи за жена, неговото мислење му е многу важно и памти се што таа ќе му каже. Всушност, тоа е добар начин да се направи разлика помеѓу заљубувањето и љубовта, бидејќи кога станува збор за љубовта, момците се сеќаваат и на најмалите детали за да знаат во што ужива нивниот партнер. 2. Обезбедува поддршка Човекот кој ве сака никогаш нема да ве гледа како на конкурент или со презир. Кога навистина се грижи, ќе се гордее со секој успех што ќе го постигнете. Важно е да имате на ум дека тој можеби нема целосно да ве разбере ниту вас, ниту чекорите што сте ги направиле, но ако тоа ви е важно – ќе ве поддржи. 3. Ве запознава со сите Се разбира, мислиме на неговите пријатели и семејството. Тоа е знак дека не сте „минлива комбинација“, туку девојка за која навистина се грижи и со која се гледа себеси во иднина. 4. Ја покажува својата ранлива страна Добар дел од машката популација нема само да открие што ги мачи, што ги прави несигурни или ранливи. Ако вашиот партнер сака да ги сподели своите лоши моменти со вас, тоа е добар знак. Мажите најчесто се стереотипи дека се посилниот пол, дека не плачат и не покажуваат емоции. Ако мажот што ќе го изберете нема проблем да зборува за своите стравови и за се што му пречи, не заборавајте да му значите многу. извор:попара.мк]]>

7 работи за кои се грижат жените за време на сексот https://arhiva.vistina.com.mk/7-raboti-za-koi-se-grizat-zenite-za-vreme-na-seksot-2/ Mon, 27 Jul 2020 13:20:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160733

За жената да може да ужива во сексуалниот однос, треба да стекне доверба во вас. Ако вие не ги почитувате нејзините желби и потреби, тогаш таа нема да биде опуштена. Во продолжение прочитајте за што најмногу се грижи жената за време на сексот. 1. Дали ѝ возвраќате во иста мера Таа сака да доживее оргазам и не сака да ја извршува целата работа сама. Сексот треба да биде страсен и возбудлив исто како што е за вас. Не е фер вие да уживате, а таа да биде незадоволна. Треба да давате онолку колку што примате. 2. Дали ја правите да се чувствува убаво Таа нема да има возбудлива ноќ ако чувствува дека треба да го вовлече стомакот, да го исклучи светлото и да се покрие. Вие треба да ѝ давате комплименти, да ја убедите дека ви се допаѓа тоа што го гледате и да направите да се чувствува убаво. Треба да кажувате само убави работи за нејзиното тело. Не треба да ги истакнувате нејзините недостатоци и тоа што сакате да го смени. Ако се чувствува ужасно додека има односи со вас, таа нема да го стори тоа повторно. 3. Дали ги почитувате нејзините граници Ако таа каже „не“, не треба да се обидувате да ја премислите или да ѝ наметнете чувство на вина за да го добиете тоа што го сакате. Вие треба да го почитувате нејзиниот избор и никогаш не треба да ѝ вршите притисок да направи нешто поради што ќе се чувствува непријатно. Или прифатете ја нејзината одлука или заминете. Тоа се вашите опции. 4. Дали одржувате добра хигиена Таа веројатно не се грижи за големината на вашиот полов орган или за тоа дали имате стомачни мускули. Но, се грижи за тоа дали одржувате хигиена и дали мирисате убаво. Ако очекувате таа да биде мазна по целото тело, тогаш можете и вие да одвоите време барем да се истуширате. 5. Дали сте фокусирани на неа Ако гледате во телевизорот, во вашиот телефон или во ѕидот, вашата партнерка нема да биде среќна. Таа го сака вашето целосно внимание. Таа сака целосно да ѝ бидете посветени неа, а ако вие изгледате незаинтересирано, тогаш и таа ќе изгуби интерес. 6. Дали користите заштита Таа не сака сексуално преносливи болести, непланирана бременост и изговори зошто не носите кондом. Таа сака да има безбеден секс, а не каков било секс. Нејзе нема да ѝ биде проблем да ве замоли да си заминете ако не користите заштита. 7. Дали ја користите за секс Ако веднаш по сексуалниот однос се облечете и си заминете, таа ќе претпостави дека поминувате време со неа само за да извлечете нешто од неа. Таа сака да се гушка, да разговара и да се чувствува вредно. Ако се грижите само за нејзиното тело, но не и за нејзините чувства, таа нема да сака ништо со вас. извор:кафепауза.мк]]>