Green Room Sound Studio – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 23 Nov 2021 13:40:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Green Room Sound Studio – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наташа Миха има илјада причини и само еден план – „Ти давам се’ што знам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-ima-iljada-prichini-i-samo-eden-plan-ti-davam-se-shto-znam-video/ Tue, 23 Nov 2021 13:40:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228504

По пауза од една година од излегувањето на нејзината „Пеперутка“, поп пејачката Наташа Миха има нова песна, насловена „Сé што знам“. Станува збор за поп сингл со модерен звук кој умешно се носи со естетските стандарди на светската музичка сцена, притоа задржувајќи го автентичниот артистички израз и печат на Наташа.
„Ми претставува големо задоволство и со гордост ви ја претставувам „Сé што знам“, мојот нов сингл.
Мене срцето ми е полно, посветив многу љубов, работа и време за реализација на целосниот проект и се надевам дека она што ќе го слушнете и видите ќе ги заскокотка вашите сетила и нема да ве остави рамнодушни„ - вели младата пејачка и додава:
„Сé што знам” е дело кое дели сличен тематски концепт со моите досегашни авторски песни. Музиката и аранжманот се вистинско звуковно освежување чија колоритност и динамика испровоцираа интимност и игривост во мојот вокален израз. Секоја нова можност за експериментирање и проширување на границите го буди детето во мене, желно за освојување  нови хоризонти. Во подготовка сум на свој солистички албум кој сакам да биде објавен во блиска иднина… „Сé што знам“ е снимена во Green Room Sound студио во Скопје. Зад музиката се потпишуваат Дамир Пух и Наташа Миха. Текстот е на Наташа, а изработката на аранжманот, како и целосниот микс и мастеринг на песната се дело на Дамир. Видеото е снимено на локација во околина на Скопје, во продукција на Ѓорѓи Вацев. „Со Ѓорѓи веднаш се согласивме дека битот на песната е она што најмногу движи, па едногласно решивме видео записот тотално да кореспондира со истиот. Идејата за возење бесен автомобил во планински предели и есенски колорит ме освои од прва. За време на снимањето имавме супер опуштена атмосфера и одлична соработка. И, секако, возењето беше безбедно. Топло ви препорачувам да ја слушнете „Сé што знам“ додека сте зад волан, искуството е посебно“ - ви порачува Наташа канејќи да го проследите нејзиното најново остварување во продолжение. ]]>

Мијата со роденденска честитка за себе и своите фанови со -„Невидени“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-so-rodendenska-chestitka-za-sebe-i-svoite-fanovi-so-nevideni-video/ Thu, 01 Jul 2021 12:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209298

Македонската пејачка Мијата деновиве го прослави својот роденден. Можеби на дамите не им се бројат и не треба, годините, ама затоа на естрадните уметници им се вројат успесите и песните. Затоа и новата песна „Невидени“, со симболичен наслов кој асоцирана тоа дека многумина не беа во можност речиси две години да ги видат саканите луѓе, доаѓа како своевиден роденденски подарок и за самата Мијата, но и од неа за нејзината публика, обожаватели, следбеници на социјалните мрежи... После сите предизвици, а пред се' здравствени, Мијата одлучи новата животна декада да ја започне весела, во друштво на оние што ѝ ја наполниле душата со убавини, а таа емоција воопшто и не се труди да ја сокрие. „Како да Ви се заблагодарам поинаку на прекрасните честитки, ако не со песна. Многу Ве ценам, вреднувам и благодарна сум за секое Ваше внимание. Повелете нова песна со наслов - Невидени“ - напиша Мијата споделувајќи ја песната на својот Фејсбук. Инаку, „Невидени“ е дело на Александар Јовевски кој ги напишал музиката и аранжманот за песната и Весна Малинова, која е автор на стиховите. Режијата и монтажата на видеото со кое е визуелизирана „Невидени“ се на самата Мијата, а во песната и видеото уште учествуваат: Придружни вокали - Наташа Миха, пиано - Александар Јовевски, ударни инструменти - Ратко Даутовски, гитара - Данијел Маодуш (Хрватска). Микс и мастерингот ги изработил  Дамир Пух, а песната е снимена во „Green Room Sound Studio“ во Скопје. Ако досега не сте ја слушнале и виделе „Невидени“, еве ви уште една можност за тоа: ]]>