грав – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Jan 2024 11:05:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png грав – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бoмбакис има одговор за самобендисаните нарциси на социјалните мрежи и нивните анимални потреби: „И гравот се срка со слика“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bmbakis-ima-odgovor-za-samobendisanite-nartsisi-na-sotsijalnite-mrezhi-i-nivnite-animalni-potrebi-i-gravot-se-srka-so-slika-video/ Tue, 30 Jan 2024 08:55:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336715

Социјалните мрежи дефинитивно станаа „поле за натпревар на објава на глупости“.  Врие од  она што се нарекува: „Она од што паметниот се срами  – будалата се гордее“,  вели една стара поговорка, а по принциот на истата Фејсбук, Инстаграм ТикТок, па и Х станаа  преплавени со самобендисани нарциси и нивните анимални потреби. Од тоа кој кај бил, што правел, што купил, што јадел, што пиел, каде спиел… Полнењето и прекривањето на телото - пуштени на најјако, остана само да почнат да го сликаат и споделуваат „празнењето“! Златна тоалетна школка, на неа даска од махагониј и кристално казанче, се веројатно следните инфлуенсерски достигнувања... Ах, да и... тоалетна хартија од кадифе и свила, да не заборавиме да ставиме! Каолку сето ова да звучи парадоксално и смешно, бидете убедени дека еден ден ќе се разбудите затечени и со ваква врвна егзотика на социјалните мрежи штом го вклучите мобилниот или компјутерот. Во меѓувреме додека некој „се*ко“ не се охрабри и ова да го направи, најчесто се фалиме каде и што сме јаделе. Суши, риба, морски плодови, лигњи , октоподи, ракови, шкампи и школки, па се до јастози и кавијар... За специјалитети од свинско-говедска па и јагнешка провиненција и да не говориме... Таму има жестока конкуренција! Од најлуксузни ресторани, локали и кафеани, до нај биртии и селски меани. Во целата таа гастрономскао - хедонистичко-нарцисоидна трка, битно е да се покаже каде и што се крка! Токму затоа одговор на сите овие самобендисани фотомајстори по социјалните мрежи, им даде со свој пример познатиот „картон креатор“ Бомбакис, познат по своите поенти и пораки испишани токму на парче картон! Само што овој пат картонот го оставил зад врата, па решил со вирално видео  „да им го плесне“ в лице и да ги соочи со суровата вистина, дека не е исто она што го јадат дома и она што го вадат на виделина! Па затоа, кога веќе споделуваат, барем еднаш можат да го сликнат и она што го јадат дома, колку за промена!  Или стравот од гравот е толку голем, што подобро да се скриеш кога го јадеш гравот, за да не те изеде срамот? Од „ку*чот“ и лажната слика за себе самиот што ги постираш, кога глумиш  и се фолираш како се луксузираш?! А Бомбакис вика дека и... гравот се срка со слика!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kristijan Stankovski (@bombakis)

Фотои видео: Инстаграм/bombakis
]]>

Ужива во домашно готвење: Сека Алексиќ, ја наполни чинијата и покажа што јаде (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/uziva-vo-domashno-gotvenje-seka-aleksikj-ja-napolni-chinijata-i-pokaza-shto-jade-video/ Thu, 15 Dec 2022 10:28:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280180

Пејачката ги спомена рестораните, сушито и „модерните“ деликатеси, а ја коментираше и разликата во кујната. Сека Алексиќ наполни чинија со грав, седна да јаде и откри што најмногу сака кога е храната во прашање. - Кога ќе почнат да ми се фолираат, ресторани, суши... Ми се гади од ресторани и суши и се останато.Грав! Цел живот јадам грав и нема ништо поубаво од леб и грав. Знаеш што друго сакам?Со него млад кромид, па лута пиперка, ајвар... - рече Сека Алексиќ, не криејќи го ентузијазмот за вкусната храна.
@seka_aleksic Šta fali pasulju?! 😋😋😋@Stanislav Zakić ♬ original sound - Seka Aleksić
Инаку, Сека на социјалните мрежите покажува „обичен“ живот, па не се двоуми да зборува колку и е тешко кога е на диета, ама нема проблем да јаде леб и ајвар на сред аеродром. Фото: Принтскрин/Инстаграм/ТикТокСека Алексиќ/]]>

Планински грав со шампињони: Кога ќе го пробате зготвен на овој начин, нема да се вратите на традиционалниот! https://arhiva.vistina.com.mk/planinski-grav-so-shampinjoni-koga-kje-go-probate-zgotven-na-ovoj-nachin-nema-da-se-vratite-na-tradicionalniot/ Wed, 17 Aug 2022 12:45:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263075

Состојки: 250 гр грав 3 чешниња лук 500 гр печурки 2 моркови со средна големина 1 главица кромид, помала 1 корен од целер (помал) сол бибер црвен пипер 1 чаша просо 2-3 лажици доматно пире 3 ловорови листови Подготовка: Потопете го гравот преку ноќ. Морковот, кромидот и целерот се сечкаат и се пропржуваат на малку масло, печурките се сечат на половини или четвртини и се додаваат во зеленчукот заедно со сечканиот лук. Посолете, побиберете и пропржете само неколку минути на силен оган. Додадете црвен, мелен пипер и измешајте. Додадете грав и ловоров лист, налејте околу литар вода (или по проценка), покријте и варете по проценка. На младиот грав нема да му треба повеќе од час и половина. Некаде при крајот на варењето додатете просо и доматно пире, варете уште 15 минути и поклопете.]]>

Вкусна салата од пиперки и грав https://arhiva.vistina.com.mk/vkusna-salata-od-piperki-i-grav/ Wed, 29 Jul 2020 12:50:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161133

Дополнете го вкусниот ручек со необична салата… СОСТОЈКИ: 1 голема црвена пиперка 1 голема жолта пиперка 150 гр црн грав од конзерва 1 главица кромид сок од 1 лимета 2 лажици маслиново масло 1/4 лажичка лута пипер 1/2 лажичка кумин 1/4 лажичка сол магдонос НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Лиметата добро измијте ја, изрендајте ја и исцедете го сокот. Пиперките исечкајте ги на ленти, измешајте ги со измиен грав, кромид исечкан на кругови, кумин, лута пипер, кора од лимета, сол и маслиново масло. Добро измешајте и прелијте со сок од лимета, на крај додајте магдонос и изладете пред сервирање. Добар апетит! извор:готви.мк]]>

Сузана Гавазова мами на грев: Македонската фолкерка од естрадната „Џунгла“ директно влета во 2020 со високо кренати нозе! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-gavazova-mami-na-grev-makedonskata-folkerka-od-estradnata-dzungla-direktno-vleta-vo-2020-so-visoko-krenati-noze-video/ Thu, 02 Jan 2020 09:24:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126912

Сузана Гавазова уште еднаш покажа дека е „ретка ѕверка“ во естрадната „Џунгла“. Една од ретките што точно знае кога е време да ви го крене адреналинот, ама и како тоа најдобро се прави. А како поинаку една пејачка би можела, ако не со своите песни и атрактивен изглед. Но, со оглед на тоа дека во естрадната „Џунгла“ конкуренцијата е навистина жестока и безмилосна, за да не те прегазат посилните или да те проголта времето на заборавот, мора постојано да си во фокусот. Повеќе од јасно е дека попусто добро пееш, ако добро не изгледаш... И тоа ѕверски добро, животински привлечно и атрактивно, зашто само згодна и сексапилна естрадна „ѕверка“ може да ги намами своите „жртви“... на грев! И тоа доброволно! Зашто нивниот грев всушност е аудиовизуелно задоволство за кое се подготвени да платат, а нивната омилена естрадна „ѕверка“ да им го овозможи и исполни со песна! А расната струмичанка е токму таква! Особено тогаш кога најмногу треба, па затоа Гавазова во вистински момент, околу новогодишните празници, кога расположението е наголемо и највесело, влета со високо кренати нозе во 2020 година директно од естрадната „Џунгла“... Со новата истоимена песна, каде преку новото видео, од својата постела мами на грев! Всушност, така некако се пее во стиховите, а таква е и визуелната содржина на новото видео на македонската фолкерка, која овој пат направила нешто што е музички ултрамодерно, многу поблиску до современиот поп отколку до класичен фолк, а визуелно апсолутно примамливо. Разголени долги нозе, танга боди со животински принт или распослана на постела во црна садо-мазо комбинација, пејачката зрачи со еротски набој и неодолива привличност и елеганција. Зашто кога Гавазова ќе го распостеле сиот свој телесен раскош, тешко дека некое машко може да одолее и само да не влета во нејзината „Џунгла“, во која таа е „главната ѕверка“,  која својот плен лесно го мами на „грев“. Патем, ова е  добра можност, ако не со поинаква, барем со исполенета музичка желба, Гавазова да ви ја честита Новата 2020 година... Се разбира како најзгодната  распеана „дива мачка“ во естрадната „Џунгла“. ]]>

На Жаре – „1 на 1“ му се бројат ребрата… еве „на што е“ водителот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-zare-1-na-1-mu-se-brojat-rebrata-eve-na-shto-e-voditelot-foto/ Fri, 21 Sep 2018 08:30:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49137

Новата сезона на едно од најгледаните македонски ток шоу „1 на 1“  стартува!  Екипата подготвена како никогаш до сега...
... Студиото и техниката спремни за акција...
...Градот преплавен со билборди...
А, водителот? Што е со Жарко Димитриовски? Јавна тајна е дека за познатите личности кружат разни приказни дека товарот на професијата тешко се носи ако не си „на нешто“! Па, така барем се зборува низ чаршијата, дека некој е на „бело“, друг на литар, два, три... „течна храна“, трети се на јога, пилатес, стероиди, теретана, четврти на само на овошје и зеленчук... А кој ќе ги знае? Кој веќе може во морето од пласирани информации и дезинформации, од спинувани, лажни  и точни вести да знае што не е, а што е вистина?
Ама затоа пак Вистина.мк има секогаш црно на бело... За се', па и за Жаре „1 на 1“! Оние кој летоска го виделе велат дека на водителот му се „бројат ребрата“! И тоа може да се види со голо око! Па луѓето почнаа да се прашуваат: „Добро, па „на што е“ тој Жаре? Затоа, ние решивме да ја одгатнеме мистеријата. Па ако лаже чаршијата, не лаже фотографијата, нели?! Точно е дека Жаре Димитриовски неодамна е виден како„ му се бројат ребрата“. Точно шест на број!  И тоа на скара! Водителот сам свој мајстор, ала „Чичко Стоилко“, што би рекол и самиот! И машала, да не го урочиме и за ова го бива, а и се гледа дека добро му оди!
Што би рекле Жаре  секогаш има „план Б“, односно алтернативна професија, ако не дај Боже, затреба! А, што се однесува на она: „на што е водителот“? Неееее... Жаре не е само на ребра! Кој сака да проба од она што на Жаре му дава „ветер во грб“, нека крене рака!
Зашто, ретко се наоѓа место за вистински грав во кафеана! И тоа во друштво со Жаре!    ]]>

(ФОТО) Сара Мејс му го свари гравот на Димитар! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-sara-mejs-mu-go-svari-gravot-na-dimitar/ Mon, 12 Feb 2018 09:20:52 +0000 http://vistina.mk/?p=12374

Велат дека првата година од бракот е онаа највозбудливата, а токму во тој возбудлив период од брачниот живот се водителот Димитар Атанасовски и пејачката Сара Мејс. Кон почетокот на месец септември 2017 година, Диме и Сара ја запишаа својата љубов и по закон, но заедничкиот живот не им беше новитет, бидејќи и претходно додека беа во врска, тие живееја заедно. Но, сепак бракот си носи свои одговорности, а Сара очигледно ги засука ракавите и покажа што ја научила мама во домаќинските работи.
Познатите сопружници неодамна беа гости во ТВ 21 каде открија како им тече брачниот живот, а пак Сара откри и дека е одлична домаќинка во кујната. Особено се пофали со тоа како го прави гравот, а за да не биде само на муабет, по интервјуто таа на социјалните мрежи навистина покажа како изгледа нејзиниот грав во тенџере.
Сара му го свари гравот на Димитар, а за тоа дека е многу вкусен не можеме да потврдиме од фотографијата, но со оглед на тоа дека пријателите изразија желба да и дојдат на гости и да јадат, веројатно домаќинката го прави прсти да излижеш.]]>