граници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Apr 2022 13:09:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png граници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како да не ги пречекорите сопствените граници? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-ne-gi-prechekorite-sopstvenite-granici/ Tue, 19 Apr 2022 13:09:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246996

Дали во животот си ги поставувате вистинските граници, оние кои ви се својствени за вашиот карактер и се поврзани со вашите принципи? Отсуството или нејасните граници можат да доведат да толерирате речиси сè… Но, тоа не е добро, нели? Честопати се жалите дека луѓето ве искористиле. Она што можеби конечно треба да го направите е да си ги поставите личните граници и да се придржувате до нив. Притоа, можете да го направите тоа без да изгубите нечија почит, љубов или доверба. Напротив. Во продолжение прочитајте кои се основните граници што треба да ги поставите во однос на животот, кариерата и љубовта. 1. Кажете „не“ на сè што е надвор од вашите можности Сопственото искуство ви е најдобриот показател за тоа кои се вашите потенцијали. Не треба да се стремите кон нешто доколку тоа е надвор од вашите можности. Освен тоа, не одржувајте нереални очекувања за себе. Во спротивно, со тоа што ќе кажете „да“ за работи за кои немате време, не само што се лажете и се разочарувате себеси, туку го разочарувате и соговорникот. Таквото однесување не води кон градење здрав однос со другите. 2. Никогаш не влијаете врз другите за себични потреби Морате да направите договор со себе дека никогаш нема да користите некој друг како „емотивен сунѓер“. Вие и само вие, сте одговорни за сопствениот емотивен багаж. Во ред е кога-тогаш да побарате совети од семејството и пријателите. Но, обидот за манипулирање или емоционално влијание врз некого е неприфатлив. 3. Не толерирајте лаги Избегнувајте ги оние кои се „хранат“ себеси и другите со лаги. Наместо тоа, комуницирајте со луѓе кои се доволно емоционално зрели за да се справат со реалноста. 4. Не дозволувајте некој да ве третира како обична опција и да не ве почитува Никогаш не преминувајте ги границите на самопочитта поради љубовта! Доколку толерирате нечие непочитување, само покажувате дека не се почитувате себеси. Не заборавајте дека заслужувате љубов, почит и лојалност затоа што вие сте единствени. 5. Не присилувајте некој кој веќе индиректно ве одбил Ако присилувате некој на нешто, резултатите уште на почетокот ќе бидат осудени на пропаст. Кога ќе сфатите дека некој едноставно не е сигурен што чувствува кон вас, најдобро е да оставите времето да покаже. 6. Ставете крај на врската доколку сфатите дека ве злоупотребува Честопати, таквиот вид злоупотреба се одвива прикриено. Можеби вашиот партнер со години ве повредува, а вие не сте свесни за тоа. Таквите партнери неретко имаат одлични убедувачки способности и притоа ве убедуваат дека им е жал за грешките што ги направиле и дека ќе се поправат со текот на времето. За жал, тоа никогаш нема да се случи. Доколку постојано ги жртвувате вашите вредности, мир и среќа за да ги задоволите барањата на партнерот, тогаш треба да ставите крај на врската. 7. Не обидувајте се секогаш да ги решавате туѓите проблеми Секој има сопствени проблеми и тешкотии низ кои поминува во одреден сегмент од животот. Тоа не значи дека вие треба да бидете нечиј „ангел“ кој постојано ќе им помага на другите, а притоа ќе ја загрози сопствената среќа. 8. Не преминувајте ги вашите граници за никого Вашите однапред поставени граници треба да бидат универзални, нешто за кое нема да преговарате со никого. Затоа, понекогаш треба строго да се однесувате без притоа да направите отстапки. Само тогаш луѓето ќе ве почитуваат вас и вашиот простор. извор:кафепауза.мк]]>

Шпанија ги отвора границите пред рокот: Сè уште нема список на ‘добредојдени’ земји https://arhiva.vistina.com.mk/shpanija-gi-otvora-granicite-pred-rokot-se-ushte-nema-spisok-na-dobredojdeni-zemji/ Thu, 04 Jun 2020 12:41:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152603

Шпанија планира постепено да ги отвори своите граници од земјите кои се сметаат за сигурни во однос на борба против коронавирусот. Веројатно тоа ќе почне од 22-ри јуни, соопштило Министерството на туризам на оваа земја. Шпанија претходно најави дека на 1-ви јули ќе ги отвори границите. Владата на премиерот Педро Санчез треба да ја укине вонредната состојба на 21-ви јуни, што значи дека Шпанците повторно ќе може да се движат слободно. Портпаролот на министерството за туризам рекол дека веројатно истото ќе почне да се применува кај некои странски туристи во понеделник, на 22-ри јуни, а можеби веќе и во недела, на 21-ви јуни, пренесува „Yahoo News“. „Сакаме повторно да го активираме и забрзаме меѓународното патување, почнувајќи од областите со слични епидемиолошки ситуации“, рекле од шпанското Министерство за туризам. Сè уште нема список на земји за кои би важела оваа мерка, па со самото тоа не знаеме ниту во каква положба ќе бидат Македонците во случај да сакаат да патуваат во Шпанија. извор:точка.ком.мк]]>