GrandVin – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Oct 2023 12:26:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png GrandVin – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Taste of Awards 2023“ – Mакедонски вински врв https://arhiva.vistina.com.mk/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/ Tue, 10 Oct 2023 12:26:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321939

На јубилејниот петти по ред настан "GrandVin - Taste of Awards 2023" беа претставени највисоко наградените македонски вина кои во 2022/23 година се закитија со  престижни награди на познатите меѓународни вински натпревари. На настанот учествуваа дванаесет винарници: Тиквеш, Камник, Бовин, Попов, Лазар, Захарчев, Попови, Парагон, Имако, Керем, Венец и Сопот, кои покрај највисоко меѓународно оценетите вина претставија и по некој вински новитет. Настанот се одржа во вечерните часови на 05 октомври 2023 во Roof Bar 55 на хотелот Double Tree by Hilton, со што организаторот, МАСОМ - Македонска асоцијација на сомелиери, заедно со учесниците и ценетите гости , преку овој настан воедно го прославија и светскиот ден на вранецот.
„Вкусот на наградите е специфичен вински настан, традиционално поддржан од Министерството за земјоделие, кој нуди квалитативен пресек на тековните достигнувања во македонското винарење, гледано низ објективот на искусните меѓународни вински судии. Воедно претставува повик и предизвик за постојано подобрување на квалитетот на македонското вино“ појаснуваат од МАСОМ.
„Количините на таквите вина се скоро секогаш мали и мошне лимитирани, што е клучна причина поради која не можевме да одговориме на големиот интерес на вљубенците на виното и да обезбедиме поголем простор за овој навистина посебен настан.“
Воедно сакаме да се заблагодариме на винариите и сите кои присуствуваа на настанот.
„Посебна благодарност упатуваме до јапонскиот Амбасадор г. Оцука Казуја, претседателот на здружението „Вина од Македонија“ г. Светозар Јаневски, кинеската делегација на претприемачи и увозници на вина, секретарот на здружението „Македонски семејни винарии“ г. Гоце Попов, членовите на „Европското винско витештво“ кои со своето присуство допринесоа во промовирање на овој настан“ додаваат од МАСОМ.

Фотогалерија

]]>