гранд хотел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Mar 2023 09:40:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гранд хотел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вистина.ком.мк на „Music Week“ фестивал на Копаоник: Лепа Брена и Дино Мерлин направија зимата на врвот да звучи и изгледа волшебно (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vistina-kom-mk-na-music-week-festival-vo-kopaonik-lepa-brena-i-dino-merlin-napravaja-zimata-na-vrvot-da-zvuchi-i-izgleda-volshebno-foto/ Mon, 20 Mar 2023 10:31:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294088

Семиот по ред Music Week фестивал на Копаоник, го имаше своето второ продолжение и овој викенд во хотелот Гранд Копаоник.  Екипата на Вистина.ком.мк заедно со уште два македонски медиуми (Вечер.мк и Убавина и здравје.мк) беа специјални гости на овој градиозен музички настан на покана на организаторот кој се погрижи престојот и третманот на македонските и сите останати новинарски екипи  да биде на највисоко можно ниво, со сите удобности, можности и содржини што ги пружа и нуди ултралуксузниот хотел Гранд... Или што би рекле со јазикот на хотелиерите - за 5 ѕвездички! Првата вечер, во петокот на 17-ти март 2023 год. гостите и публиката во преполната сала уживаа во музичката ретроспектива на веројатно најголемата фолк ѕвезда на бившите ЈУ простори на сите времиња, единствената Лепа Брена. Едноставна, а сепак магична, Брена со своите постари и понови фолк хитови („Ситније Циле, ситније“, „Чачак“, „Миле воли диско“...) ги крена сите на нозе, а концертниот набој на журката само на моменти од еуфорија преоѓаше во посмирена, сентиматлно - емотивна елегија во изведбата баладите на балканската фолк кралица, како „Зрно бибера“, на пример. Речиси три часа непрекината „забава луда до максимум“ за публиката за која Брена и овој пат ја остави „душата на сцената“ и естрадна лекција за колегите како тоа го прави една вистински најблескава музичка ѕвезда. Претходно, непосредно пред почетокот на концертот балканската фолк кралица имаше блиска средба со новинрите.  На прес конференцијата таа без ограничувања и лимити отворено одговараше на сите поставени прашања. Односот кон седмата сила е само уште една потврда зошто Брена е вистинска мегаѕвезда... И тоа најголемата! На вториот фестивалски ден ( сабота, 18-ти март 2023 г.), уште една балканска ѕвезда, музичкиот волшебник Дино - Мерлин одржа концерт за паметење. Овој пат сосема поинаков и многу поразличен од оној на првата вечер на Брена. На моменти многу поконцептуален, на моменти концептот пак се прелеваше во чиста танцова поп забава, па се до чиста емоција во баладите кои следуваа. И сето тоа во зависност од изборот на песните кои середеа во неговата концертна сложувалка. Едните аранжмански видоизменети, концептуално збогатени со психоделични етно моменти и куси музички соло делници на брилијантните инструменталисти од неговиот придружен бенд на сцената и особено двата придружни вокала - Аида и Ајзела кои фантастично се надополнуваа со седефестиот вокал на пејачот, но и во сценската изведба заедно со него која се огледаше во кореографските чекори и движења, гестикулациите, мимиките... За целиот музичко-сценски перформанс на Дино Мерлин да биде збогатен со фасцинантните светлосно-ласерки ефекти на „Sky Music“ и видео илустрациите и анимациите  кои одеа на големите лед екрани за цело време на настапот, претворајќи го концептот во вистинска аудио - визуелна магија. Кога на тоа ќе му се додадат пиротехничките ефекти, ленти и конфети и во еден момент мноштвото огромни балони кои влетаа во публиката, настапот на познатиот поп пејач и композитор  на втората вечер на Music Week фестивалот на Копаоник може да се окарактеризира како вистинско аудио-визуелно волшебство за паметење. Бројната публика меѓу која имаше и многу познати личности од јавниот, културниот, естрадниот живот и бизнис секторот, меѓу кои и некои од Македонија, имаа можност да уживаат во магијата и  познатите хитови на Дино Мерлин, кој пак не го криеше задоволството што и оваа, како и минатата година е дел од овој спектакл. Во уникатниот, луксузен амбиент на хотелот Гранд Копаоник, со врвна аудио-визуелна продукција потпишана од продуцентската куќа Скај мјузик, концертното искуство на најпопуларната планина во регионот и овој викенд  беше настан за паметење. Едноставно, домаќините, Лепа Брена и Дино Мерлин направаја зимата на врвот навистина да звучи и изгледа волшебно! Благодарение на ексклузивната листа на изведувачи кои настапуваат во живо на едно место пак, идиличното мартовско скијање кое не звршува овој викенд, но и врвниот комфор, луксузните спа содржини, ненадминатото гастрономско искуство и посветената услуга на персоналот на хотелот Гранд, даваат можност за совршен зимски одмор на Копаоник, за кој дефинитивно вреди да се резервира место.   Фото: Приватна архива          ]]>

Најголемите ѕвезди и гости од целиот регион на Music Week фестивалот во хотелот Гранд на Копаоник https://arhiva.vistina.com.mk/najgolemite-zvezdi-i-gosti-od-tseliot-region-na-music-week-festivalot-vo-hotelot-grand-na-kopaonik/ Sun, 26 Feb 2023 09:39:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290561

Иако сезоната на најпопуларната зимска дестинација во соседството е во полн ек, месец март ветува и многу повеќе, со музичкиот спектакл кој се ближи, и тоа во едно од своите најдобри изданија. Седмиот по ред, Music Week Kopaonikќе се одржи во Event халата на хотелот Гранд Копаоникза време на два викенди во март - од 9 до 12 и од 16 до 19 март, а листата на главните изведувачи и оваа година го прави овој настан ексклузивен и единствен заради фактот дека најголемите регионални ѕвезди ги собира на едно место.  Првиот викенд е резервиран за „ексклузивните настапи“ со сењорита Милица Павловиќ и Саша Матиќ, кои заедно ќе настапат пред публиката во петок на 10 март, додека во сабота на 11 март маестралниот Жељко Јоксимовиќ ќе го подготви своето автентично шоу за сите посетители на фестивалот. Вториот викенд ќе го отвори дамата која со децении ја „тресе“ балканската сцена - Лепа Брена. За самиот крај на фестивалот, на 18 март, најавен е долгоочекуваниот спектакл и концерт за паметење на регионалната ѕвезда Дино Мерлин.  Покрај ексклузивните содржини, Копаоник со хотелот Гранд во март зрачи со енергија на вистинските монденски европски ски-центри - динамична и возбудлива комбинација на скијање и сончање, неизбежните гастро и апрес ски станици, префинети деликатеси и феноменален ноќен живот, благодарение на врвната продукција и музичко-сценскиот спектакл во режија на Скајмјузик.  Music Week Копаоник е најголемиот зимски музички фестивал во регионот, единствен по тоа што на едно место ги собира најпознатите имиња од регионалната музичка сцена. Воедно, тоа е уникатен концепт на луксузен планински одмор, кој им овозможува на гостите да уживаат во сите привилегии како врвна скијачка услуга блиску до ски-патеките, луксузни спа содржинибенифицирани билети за сите концерти и првокласна удобност на локацијата на самиот фестивал! Затоа низ годините прерасна во настан кој е препознаен и атрактивен и надвор од Србија, во Македонија, Црна Гора, Босна и Хрватска“, велат организаторите на фестивалот „Скајмјузик“ и „Гранд Копаоник“, годинава очекувајќи рекордна посетеност.  Влезниците за концертите се достапни во ограничен број и надвор од хотелските пакети, во слободна продажба, преку официјалните страници на фестивалот. Истраен во обезбедувањето на луксузна хотелска услуга  Еден од најубавите хотели кој се наоѓа на покривот на Србија е сместен во најубавиот пејзаж глетка преполна со богати зимзелени шуми и планински врвови до кои допира погледот. Гранд Копаоник е омилена дестинација на вистинските љубители на луксузната атмосфера на планината, обезбедувајќи им персонализирана услуга, врвен комфор и удобност, како и највисоко ниво на понуда.  Гранд Копаоник - престижен планински хотел се погрижи на своите гости да им овозможи релаксација во луксузни спа содржини, уживање во новите гастрономски сензации создадени во најдобрите ресторани, комплетен ски-сервис блиску до ски-патеките, но и ненадмината вечерна забава, сето препуштајќи му го на врвниот консиерж кој ќе се погрижи вашиот мартовски продолжен викенд да стане ништо помалку од незаборавно искуство.  ]]>

Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов го славеа денот на љубовта во Бугарија: Бакнежи во цветно срце во хотелското фоаје (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dunavka-trifunovska-i-vane-cvetanov-go-slavea-denot-na-ljubovta-vo-bugarija-baknezi-vo-cvetno-srce-vo-hotelskoto-foaje-foto/ Tue, 15 Feb 2022 07:09:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239194

Поранешниот директор на финансовата полиција Ване Цветанов и манекенката, мисица и модел, Дунавка Трифуновска по сите превирања, по се' изглед не престанле да живеат филмски... Само во кој филм ќе бидат во моментот, зависи од денот. Овој пат денот беше Св. Валентин - денот на вљубените, па некогаш вљубените, а потоа земените, па разведените, па повоторно смирени, очигледно одново како да се заљубени!? Имено, откако се земаа пред Прочка минатата година, по само шест месеци бракот им се распадна како кула од карти, со медиумска помпа и статуси по социјалните мрежи, ама затоа пак не мина долго, кога сфатија дека можат да си простат, и повторно да бидат заедно. Можеби не како брачни другари, ама зашто да не како љубовници? А, Денот на вљубените дури и за разведените беше како создаден за споделување на љубов во неограничени количини, зачинета со симпатични подароци и секако, размена на бакнежи. Бакнежот на вљубените гулапчиња е евидентен од нивната објавена фотографија... Единствено е нејасно кој од нив двајца бил така галантен и фин, па  честел љубовен престој во хотелот „Гранд“ во Бугарија, за Св. Валентин? Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/dunavkatrifunovska/vanetsvetanov
 ]]>

Современата балетска претстава „Гранд хотел“ гостува во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/sovremenata-baletska-pretstava-grand-hotel-gostuva-vo-skopje/ Fri, 19 Nov 2021 13:55:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228142

Современа балетска претстава од Белград „Гранд хотел“ во продукција на „Мадленианум“ опера и театар, гостува во Скопје на 21 ноември (недела) со почеток во 20 часот во Салонот на Националната опера и балет, во рамки на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености 2021“. Претставата е во кореографија на Александар Илиќ, а во режија на Александар Николиќ. Композитор е Ана Крстајиќ, костимограф Александра Каровиќ, сценограф е Жорж Драушник, додека асистент сценограф е Рања Жиропаџа. Играат Мојца Мајцен, Огњен Вучиниќ, Бранко Митровиќ и Јакша Филиповиќ. Билетите за претставата се во продажба на karti.com.mk, а ќе може да се купат и пред почетокот на претставата на благајната на Националната опера и балет. Претставата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.  ]]>