гранада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Nov 2022 12:57:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гранада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во најевтиниот град за одмор во Европа пивото чини помалку од 2 евра, а музеите се бесплатни https://arhiva.vistina.com.mk/vo-najevtiniot-grad-za-odmor-vo-evropa-pivoto-chini-pomalku-od-2-evra-a-muzeite-se-besplatni/ Tue, 22 Nov 2022 12:57:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277000

Оваа европска дестинација не е сместена во студени, пасивни подрачја, не е ниту во нашето соседство, но затоа вреди да се посети. И, не само поради убавината и богатото културно наследство, туку и поради тоа што од неа ќе се вратите со полни џебови.
Гранада е најевтината „сити брејк“ дестинација во Европа. Се наоѓа јужно од Шпанија и претставува една од навистина најпристапните дестинации за патниците. Врз основа на истражување кое го спровела страницата „Омнио“, Гранада се нашла на врвот на листата за патници со ограничен буџет. Цената е значаен фактор за поголем дел од потенцијалните туристи. Страницата „Омнио“ рангирала 100 најпопуларни дестинации за патување во Белгија, Германија, Франција, Италија, Холандија, Австрија, Швајцарија и Шпанија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by rute isabel (@ru7e.i54b3l)

Градовите биле рангирани врз основа на бројот на бесплатни атракции, пристапност на локален превоз, цена на храна и пијалаци. Гранада има многу бесплатни активности, поточно 112. Тоа вклучува и посета на 10 бесплатни музеи. Обиколувањето на градот во просек чини 6 евра, а пивото во поголем дел од баровите не е поскапо од 2 евра, наведува „Euronews“.
Освен тоа, Гранада има 1011 бесплатни Wi-Fi точки и 143 јавни фонтани. Редовната автобуска карта е една од најевтините во Европа и изнесува 1,40 евра. Тврдината Алхамбра е главната точка во Гранада. Спектакуларната тврдина е неверојатно изградена како ѕидана цитадела, а потоа станала луксузна резиденција на Насридскиот емир.
Бисерот на Андалузија Уште една од најважните историски атракции во Гранада е катедралата, импозантната градежна структура со готски, ренесансни и барокни елементи на архитектура чие градење траело повеќе од 180 години. Гранада неодамна била поврзана со поголем дел градови во Шпанија со нов и брз воз. Патниците можат да тргнат од Мадрид и да стигнат во овој андалузиски град за три часа или четири часа од Севилја. извор:точка.ком.мк]]>