граѓанска прослава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 15 Jul 2018 15:52:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png граѓанска прослава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За Владо Јаневски сношти Кичево беше „главен град на тагата“: За граѓанската прослава пееше пред 20-ина случајни минувачи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-vlado-janevski-snoshti-kichevo-beshe-glaven-grad-na-tagata-za-gragjanskata-proslava-peeshe-pred-20-ina-sluchajni-minuvachi-video/ Sun, 15 Jul 2018 11:47:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38205

Владо Јаневски потврди дека е пејач за секоја власт... и прилика!  Од партиски митинзи и изборни кампањи, до политички прослави и журки... Во времето на минатата власт, пред неа, а и за време на владеењето на оваа... Не е важно кој и како владее, важно добро да плаќа. И тоа со наши пари, парите на даночните обврзници, а останатото...
Сепак, видеата направени вчеравечер од еден граѓанин за време на „големата граѓанска прослава“ на владата на СДС,  покажува дека едвај 20-ина луѓе го следат настапот на најголемата македонска поп ѕвезда во градот на неговото семејно потекло – Кичево. Дебакл, фијаско, катастрофа… Кичево сношти за Владо Јаневски очигледно беше „главен град на тагата“ !  ]]>

И „Љубојна“ се премислија, па го откажаа настапот на „граѓанската прослава“ во Струмица https://arhiva.vistina.com.mk/i-ljubojna-se-premislija-pa-go-otkazaa-nastapot-na-gragjanskata-proslava-vo-strumica/ Sat, 14 Jul 2018 21:14:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38211

Етно составот „Љубојна“ не дојдоа на големата граѓанска прослава за НАТО и ЕУ. На само два часа пред почетокот на концертот составот го откажа настапот во Струмица. Иако првично прифатиле да свират и пејат, бидејќи настапот бил закажан многу порано пред да знаат за каков настан се работи, откако социјалните мрежи и целокупната јавност зовре од негативни коментари за таканаречената „голема граѓанска прослава“, Вера Милошевска и екипата соопштија  дека кога веќе мора да настапат, хонорарот ќе го донираат во хуманитарни цели.
Сепак, тие се предомислиле и на два часа пред настапот истиот го откажаа. На нивно место во Струмица настапи блех оркестарот „Кочани оркестра“.]]>

Владата фрли милионски суми за прославата, посетата – очајна: Народот не ја проголта лагата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vladata-frli-milionski-sumi-za-proslavata-posetata-ochajna-narodot-ne-ja-progolta-lagata-foto/ Sat, 14 Jul 2018 21:04:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38201

Владата доживеја дебакл откако „фрли“ милионска сума за прославата, а доби очајна посетеност. Народот овој пат не ја проголта лагата. Организацијата на прослави во 15 градови, каде би се славела поканата која Македонија ја доби за членство во НАТО, а тие градови се Скопје, Битола, Струмица, Струга, Охрид, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово и во Штип, доживеја вистински дебакл. Помалку  од 300 луѓе во родната Струмица на Зоран Заев. 70 луѓе во Кочани, по 100 во Тетово и во Струга. Празни плоштади и во останатите градови. Видеото направено од еден граѓанин покажува дека едвај 20-ина луѓе го следат настапот на најголемата македонска поп ѕвезда Владо Јаневски во градот на неговото семејно потекло - Кичево. Дебакл, фијаско, катастрофа... Информациите од терен говорат дека и тие во мал број што отишле на прославата се функционери од СДСМ, обичен народ скоро и да нема. Граѓаните овој пат не ја проголтаа лагата на власта- јасно се спротивставија на капитулантските политики. Македонците не го слават срамниот договор и промената на името. Иако од власта постојано инсистираат дека граѓаните го поддржуваат нивниот пат и начин да се стигне до ЕУ и НАТО, вечерва низ сите 15 градови каде се одржуваат „прослави“, тие кажаа НЕ на предавничките политики на власта.
ШТИП
ГОСТИВАР
КАВАДАРЦИ
КОЧАНИ
СТРУГА
ТЕТОВО
ОХРИД
СТРУМИЦА
]]>

Македонската естрада на „големата граѓанска прослава“: Уценети, уплашени, воодушевени, рамнодушни или алчни? https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-na-golemata-gragjanska-proslava-uceneti-uplasheni-voodusheveni-ramnodushni-ili-alchni/ Fri, 13 Jul 2018 09:29:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37935

Власта се коцкаше со името на државата и идентитетот на македонскиот народ па ги прокоцка... Или барем е на чекор тоа да го направи! Приказните за подобар живот и влез на Македонија ЕУ и НАТО само се мултиплицираат заглибувајќи во се'подлабоката кал, во живиот песок во кој и тие што сакаат и тие што не сакаат се вовлечени да потонат. Една од првите жртви е македонската естрада. Или барем поголем дел од неа, кој во трката на и онака се поскромните можности за материјализирање на сопствената уметност и авторство, се фаќа за секоја сламка, па и за оваа на власта, која во случајов не е сламка туку мамка... Или поточно стапица! До душа, не за сите кои прифатија да настапат на „големата прослава“, па се најдоа на удар на јавноста, најмногу  на социјалните мрежи откако беа објавени имињата кои ќе настапат на владината алиби журка. Под плаштот на лагата дека државата само што не станала дел од ЕУ и НАТО,  всушност се подгрева атмосферата и подготвува теренот  за референдумски успех на предавничкиот чин со договорот со Грција кој  владата го прифати, а предвидува целосна ревизија на македонскиот Устав и ревизија на историјата и културата... Со еден збор,  целосно бришење на идентитетот на Македонецот, државата Македонија и придавките кои произлегуваат од името. Или што би рекол легендарниот Џони Штулиќ во неговата „Кога фазаните летаат“: „До какво непрепознавање е доведена суштината на измамата...?“ А измамата има повеќе лица и е составена  од неколку сегменти.
Како прво, слоганот на „прославата“: Македонија во НАТО и ЕУ? Извинете, а што тоа треба да славиме кога за НАТО датум не добивме, туку наместо него добивме нови услови за исполнување? За во ЕУ никој и не не спомнува! Не сме и на ЕУ ниту на крај на умот... Не барем засега, а ние ќе славиме?! Како второ, и кога ќе влезе - ако влезе, кој тоа ќе влезе во НАТО и ЕУ? Македонија или Северна Македонија? Како Македонија сигурно нема да не примат. Особено не сега, откако самите „ги спуштивте гаќите“! А власта го  тера народот и естрадата да ја слават МАКЕДОНИЈА во ЕУ и НАТО? Така вели слоганот. Што тоа да слават? Вашата лага и измама и сопственото предавство? Но, дали се баш сите од естрадата што се договорени оваа сабота, на 14. јули 2018  да настапуваат владината забава во 15 града, се измамени?
Веројатно некои да, некои не, некои не се ни свесни што прифатиле, на некои не им е ни грижа, најважен им е хонорарот... Всушност на сите им е (нај)важен хонорарот, со тоа што за некои  ова ќе биде круна на нивното долгогодишно„лижење“ со оваа власт, уште од времето кога истата беше во опозиција. За други добра можност да се чепне денар повеќе во ионака се' посушната естрадна сезона, а тоа што настапуваат на „прослава“ која приватно не им е по воља за славење... Тоа е само колатерална штета... Кнедла која мора да се голтне, ако веќе треба да се лапне „помрсна тезга“! Сепак едно е сигурно, дека повеќето од учесниците на „големата прослава“ до последен момент не знаеле каде и за што ќе настапуваат. Без оглед дали имале писмен договор  или само усмено биле договорени... Организаторот го чувал во тајна настанот или не сакал да соопшти за што точно се работи од страв дека може да не му успее, голем дел од естрадните уметници да не прифатат и слично, па со нив манипулирал со вистинскиот повод за „прослава“ од типот: „Ќе пееш на 14 јули на плоштад во тој и тој град, или ќе настапите на културен настан за ЕУ, таму и таму...“  Како што сега, откако прославата е обзнанета, манипулира со народот и јавноста: Македонија во ЕУ и НАТО!? Но, на естрадата има и такви што пеат за секоја власт и по секој повод, па така и овој пат, за оваа. Ја пеат својата песна, ама во туѓ аранжман! Без оглед кој е аранжерот, а кој диригентот. До вчера кај едните, денес кај другите. А ги декларираат за најголеми домашни естрадни ѕвезди. Со највисоки хонорари, ама очигледно со најниски морални норми. Иако кај едната власт, додека била власт, дотуркале речиси и до политички функции, штом таа замине во опозиција, подготвени се на новата власт да и јадат од рака, око да не им трепне. Без оглед на тоа колку се големи и квалитетни автори или изведувачи, за колку популарни ѕвезди ги смета јавноста, има и нешто што се нарекува малку поинаква вредност... Морална, етичка, човечка... Нешто што не се купува и продава за пари, а во народот се вика „образ“! Но, веројатно и тоа е нормално. Конечно, и кога ќе се сменат газдите на јавната куќа, ку*вите не ги менуваат... Само чаршафите! За на чист да може да ги легне новиот муштерија! Во меѓувреме на поголемиот број на естрадни имиња кои се објавени  дека ќе настапуваат на „граѓанската прослава“ во 14 градови во Македонија, Вистина.мк писмено им постави неколку прашања на кои би сакале да добиеме одговор, онаков каков што секој од нив смета дека треба да одговори
  • Имаш ли потпишано договор?
  • Со кого и во кој период?
  • Кој беше мотивот да го прифатиш настапот?
  • Дали со чинот на настап, автоматски и се согласуваш со Договорот со Грција и си Македонија да влезе во НАТО под тие услови?
Штом ги добиеме, нивните одговори ќе ги објавиме во интегрална форма, се разбира без лични навреди, квалификации или говор на омраза кон било која политичка опција, име, личност или медиум, вклучувајќи го и нашиот. Како и да е, дел од македонската естрада и било тоа право или не, со мерак и ќеиф или само од чиста потреба за заработка, на таканаречената „голема граѓанска прослава“ - ќе ја има! Барем оние, кои така самите избраа!        ]]>