градови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Sep 2023 11:23:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png градови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Караванот тргна: Штипјани први покажаа колку многу во срцето ја носат Македонија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/karavanot-trgna-shtipjani-pokazhaa-deka-vo-srtseto-ja-nosat-makedonija-foto/ Thu, 07 Sep 2023 06:11:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317111

Плоштадот „Слобода“ во Штип беше претесен за штипјани, кои дојдоа да го поздрават стартот на караванот „Македонијо во срце те носиме“. На сцената публиката ги виде и слушна Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе и Миле Кузмановски. Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни. Сите се спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел  - да им се продолжи векот на песните. Да се испрати порака особено до идните генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното. Затоа и вие во вашиот град или во билокој друг каде караванот ќе врви  бидете дел од  „Македонијо во срце те носиме“. Дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. По Штип караванот продолжува во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци, а ќе заврши во Скопје. Стартот на концертите од музичкиот караван во сите градови во Македонија е во 20 часот.    ]]>

Петте најбезбедни градови во светот за патување по пандемијата https://arhiva.vistina.com.mk/pette-najbezbedni-gradovi-vo-svetot-za-patuvanje-po-pandemijata/ Thu, 28 Oct 2021 12:45:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225049

Погледнете кои дестинации ќе бидат најбезбедниот избор по пандемијата. Economist Intelligence Unit го објави Индексот на безбедни градови, кој рангира 60 градови врз основа на 76 безбедносни индикатори - во целосна инфраструктура, дигитален живот, лична безбедност, здравје - со еден збор, подготвеност за пандемии. Мерките на претпазливост од пандемијата ги направија градовите уште повнимателни во врска со здравствената заштита и целокупната безбедност за подобра заштита на нивното население. На врвот на листата се Копенхаген, Торонто, Сингапур, Сиднеј и Токио. Жителите на тие градови ги споделија своите искуства за тоа како промените предизвикани од пандемијата ги направија градовите побезбедни и поотпорни и што сè уште треба да знаат патниците за да бидат безбедни кога ќе одлучат да посетат некои од овие градови.

1. Копенхаген

На врвот на индексот, данскиот главен град е особено добро рангиран поради индексот за развој на животната средина, кој ја мери одржливоста, квалитетот на воздухот, управувањето со отпадот и покриеноста на урбаните шуми. Последниот фактор апсолутно влијаеше на тоа како градот и неговите жители се справија со ограничувањата на пандемијата, кои беа целосно укинати во септември 2021 година. „Парковите и зелените површини, како и водните патишта, беа популарни за време на пандемијата. Жителите на Копенхаген шетаа купувајќи храна за носење и уживајќи во многу урбани простори“, рече жителот на Копенхаген, Асбјорн Овергард, извршен директор на непрофитната организација Copenhagen Capacity.

2. Торонто

Најголемиот канадски град е рангиран на второто место во вкупниот индекс на безбедност, со добри резултати во инфраструктурата и безбедноста на животната средина. Жителите ја нагласуваат инклузивната култура која ја вреднува насочената комуникација во заедниците, особено кога станува збор за свесноста за вакцинација и усвојувањето на нови социјални форми. Жителката на Торонто Фарида Талат истакнува како градот започнал серија програми за вакцинација специфични за заедницата за да го направи градот побезбеден. Планот за вакцинирање дома функционираше со обезбедување на првите дози на жителите кои не можеа да ги напуштат своите домови. Локалните жители се чувствуваат безбедно и поради долгата историја на мултикултурализмот на градот. „Типична група на луѓе веројатно има луѓе од различни етнички групи, сексуални ориентации и религии. Торонто е град со отворен ум во кој можете да се чувствувате безбедно и да бидете тоа што сте“, рече Филипе Верназа, кој живее во градот од 1998 година.

3. Сингапур

На второ место во однос на дигиталната безбедност, здравствената безбедност и безбедноста на инфраструктурата, Сингапур ги искористи овие предности за брзо движење во раните денови на пандемијата и брзо воведе дигитален надзор и следење контакти. Земјата може да се пофали и со една од највисоките стапки на вакцинирање во светот (во моментов 80 проценти), но сето тоа сè уште бара строго следење на контактите во однос на новите варијанти. „Пред да можат да влезат во згради или простории, сите жители мора да го скенираат својот токен TraceTogether или мобилната апликација за SafeEntry апликации. Ова им овозможува на властите брзо да пронајдат поединци кои можеби се мешале или контактирале со заразените,. за да одреди карантин“, рече Сингапурецот Сем Ли, кој води блог за патувања.

4. Сиднеј

Најголемиот град во Австралија е меѓу првите 10 во однос на здравствената безбедност. Австралија беше една од првите земји што целосно ги затвори своите граници за време на пандемијата и задржа строги мерки за изолација со зголемување на бројот на случаи. Стапката на смртност по глава на жител во Австралија од 19 е сè уште една од најниските во светот. Кога вакцинацијата во Нов Јужен Велс ќе достигне 70 проценти, многу од тие ограничувања се очекува да бидат укинати и меѓународните граници ќе се отворат во ноември. „Навистина никогаш не се чувствував толку безбедно во земјата како што се чувствувам сега кога живеам во Сиднеј“, рече Клои Скорги, основач на австралиската туристичка веб-страница Passport Down Under, која првпат се пресели во Сиднеј во 2018 година. Градот беше на прво место и кога станува збор за дигиталната безбедност.

5. Токио

Јапонската престолнина е рангирана на петтото место во вкупниот индекс и е на самиот врв на индексот за здравствена безбедност, кој ги мери факторите како што се универзалната здравствена заштита, подготвеноста за пандемија, очекуваниот животен век, менталното здравје и смртноста од COVID-19. Иако бројот на пациенти се зголеми за време на Олимписките игри, стапките драстично се намалија бидејќи бројот на вакцинирани достигна речиси 60 отсто од населението. Јапонија најави постепено укинување на ограничувањата од крајот на септември 2021 година. извор: Кајгана ]]>

Најубаво украсени градови во светот https://arhiva.vistina.com.mk/najubavo-ukraseni-gradovi-vo-svetot/ Mon, 16 Dec 2019 12:46:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124223

Остануваат уште помалку од 30 дена до Нова година, а големите европски метрополи се украсени уште во месец ноември. Доколку се уште не знаете каде ќе одите за новогодишната ноќ, тогаш може да одберете некоја од овие европски метрополи и да ја почувствувате новогодишна магија. Овие градови се најубаво украсени во текот на новогодишниот период. Секој град е украсен на посебен и различен начин, но секој го носи новогодишнот дух и може да се почувствува празнична атмосфера. Освен тоа, веќе и во домовите на луѓето започнува новогодишното празнување. Евроспките метрополи се преполни и со туристи кои го искористија времето за да заминат некаде и да уживаат во празничната идила. На големите плоштади светат огромните елки, а центрите се украсени со разни сијалички и разни декорации кои ја најавуваат новогодишната еуфорија. Градовите белскаат во полн новогодишен сјај, а веќе ситно броиме до новогодишната ноќ и официјално да започне 2020 година. Вака момнтално изгледа Виена. Милано Рим Ватикан Атина   Будинпешта Москва фото: Инстаграм]]>

Секој град во Македонија има своја новогодишна елка: Еве како ја китат елката скопјани, битолчани, прилепчани, охриѓани, струмичани… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-grad-vo-makedonija-ima-svoja-novogodishna-elka-eve-kakva-imaat-skopjani-bitolchani-prilepchani-ohrigjani-strumichani-foto/ Thu, 12 Dec 2019 11:00:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123491

Прва асоцијација за Нова Година се Дедо Мраз и новогодишната елка... На најпознатиот и најпосакуван дедо на светот најмногу ни текнува токму во овој период во година, а елаката...? Неа сите ја китиме отприлика сите исто: со новогодишни украси, лампиони, сијалички, фигури... Иста, ама кај сите, сепак различна. Ама дека секој град во Македонија има свои специфики во китењето и своја тип на новогодишна елка сигурно не сте знаеле. Токму чикашкиот камионџија Дарко „Влогс“ Јефремов дојде на идеја да ви ги претстави новогодишните елки по македонските градови. не сите, се разбира, ма затоа најинтересните и најуникатните... Како што секој град, секое подрачје или регион во Македонија има свои специфики, така има и своја елка. Затоа, погледнете какви елки имаат скопјани, битолчани, прилепчани, велешани, струмичани, крушевчани... 1. Скопската е најнакитена со украси. И најмногу личи на вистинска елка, ама само ако можеш да ја видиш... од маглата и смогот. 2. Скопје има многу општини, свои региони, населби... „држава во држава“ што би рекле, а Драчево е една од  најпрочуените... по кромидот! 3.  Битола е вториот најголем град во Македонија... ама важи и за најградскиот, а и чупињата им се „јака штикла“. 4. Охрид е најпознатиот туристички центар. Рибарине кога не фаштет пастрмчиња, трските ги чуваат за елка! 5. Велес е близу до метрополата, ам уште поблизу до Америка. Откако расчистија со „Франкфурт мафија“, велешани се префрлија на изборна интернет Трампманија, па редно е и елката да им биде „америчка“! 6. Тетово е исто така блиску до престолнината, ама уште поблиску до рафална стрелба. Таму кога се слави, не се штеди на муниција... Ни за сунет, ни за свадба ни за Нова Година!  Затоа и елката им е „пушка“... Море „бомба“!!! 7. Кочани е познат по оризот, а оризот ситно зрнце, не се гледа да го ставиш на елка... Чаре - накитија елката со второто што најмногу го имаат кочанчани после оризот - бугарски пасош! 8. Да не Ресен, Европа јаболка нема да помириса, а камо ли да проба... Затоа и елката на ресенчани им е така богато наредена. Што да ги фрлаат кога нема откуп, вака барем украсни  елки може да извезуваат! 9. Прилепчани со извоз немаат главоболки... Тутунот се' уште се пуши наголемо... Го „пушиме“ сите, па и фазла има... Тоа што прекарот на прилепчани им е каков што им е,  а на нивното поднебје банани не виреат,  не значи дека треба да им правите мајмунлоци, па елка од увоз не треба да имаат? 10. На прилепчани бизнисот со пушењето полека им го превземаат струмичани... Само не со тутунот... А какво ти е пушењето, такава ти е и елката... Релакс - плантажна! Од кај братот или брачедот... 11. Кој пуши, кој пие... Тоа ти е Македонија. А кај се пие најмногу, ако не таму кајшто најмногу се прават виното и рачијта... Разбира се у  Тиквешијата... Алкохолот сигурно не оди фира, ама за да не се фрла амбалажата како скисната зелка, еве ти од шишиња направена новогодишна елка... 12.Малешевијата нема ни тутун, ни јаболка, ни грозје, ама затоа има нешто што се сади, а не се гледа, оти расте под земја... Компир во вреќа, а вреќа по вреќа и ете ти беровска елка, за новогодишна среќа... 13. И за крај највисокиот град во Македонија... Крушево! Таму ништо не вирее од земјоделски култури... Само Лобито им е јако и богато, ама затоа елката сиромашка... оти е Влашка! Ах, да... И оваа последнава елка да не ја заборавиме. Неа на нашиот премиер, францускиот претседател му ја подари... И тоа уште пред извесно време... Како „мали знак пажње“ за Преспанскиот договор, да си ја постави во двор: „ From Paris with Love“...! Епа, Среќна Нова, народе!    ]]>

Градска фарма: Центарот на Скопје има коњ без принц, а еве што имаат Прилеп, Битола, Кичево, Кочани… среде центар (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/centarot-na-skopje-ima-konj-bez-princ-a-eve-shto-imaat-prilep-bitola-kichevo-kochani-srede-centar-foto/ Thu, 14 Nov 2019 12:17:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118555

Се сеќавате на фотографијата од пред некој ден која најпрвин ги „поплави“ социјалните мрежи, а потоа и порталите, на која бел коњ слободно се шеташе по улицата пред „Рекорд“, среде строгиот центар на Скопје. Принцот нормално, не се ни појави ни пријави, а коњот го снема исто како и што се појави. Со помош  на „Џипси меџик“, како во филмот на Столе Попов... И така центарот на Скопје доби коњ без принц, ама знаете ли што имаат останатите македонски градови како на пример, Прилеп, Битола, Кичево, Кочани... среде центар? Или тука некаде, во околината? Прилеп на пример, иако ги има Ат Пазар и Марковите кули, а кралот Марко бил познат по својот коњ Шарац, ама бел „ат“ среде Прилеп нема. Затоа има бело Југо со 45 коња и коза или поточно прч, одозгора на багажникот! Битола отсекогаш важела за покултурна. Ги има село Кравари и Битолска млекарница, па следствено на тоа, логично е да има и крави... И тоа среде улица, на дупла полна! За да изгледа дека битолскиве „пасат асфалт“! Во Кичево ниту коњи, ниту крави... Градот е полн со овци! Ги има и вакви и такви... И црни и бели! Објективот ги начекал, оние белите и тоа нестрижени... Сега ги носат на стрижење, среде центар! Ко божем на бербер или на фризер ќе ги стрижат, па мора да поминат низ строгото градско јадро, покрај сите кафулиња!? Сите си имаат по некое домашно животно среде град, ама како Кочани што има, никој нема... Живо е, ама не е класично домашно животно иако има афинитети, па слободно може да добие прекар и по некој од ликовите од стриповите или филмовите... Човек-лилјак или Бетмен, Човек-пајак или Спајдермен, Супермен... Некој „мен“ е сигурно, ама според постапките кришум да му се качи на покрив на таксистот и така легнат на неговото такси инкогнито да се вози како „слеп патник“  до дома... Мора да е... „МЕНтален“!  ]]>

10 најдобри градови за живеење на светот за 2018 година https://arhiva.vistina.com.mk/10-najdobri-gradovi-za-ziveenje-vo-svetot-za-2018-godina/ Wed, 15 Aug 2018 14:04:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42999

Виена е најдобар град за живеење за 2018 година според најновото истражување на „Економист“. Најдобри градови Мелбурн, кој седум години стоеше на врвот на листата, сега го зазеде второто место. „Иако и кај Мелбурн и кај Виена беше забележано подобрување во изминативе шест месеци, зголемувањето на рејтингот на Виена, особено во категоријата стабилност, беше доволен за да го надмине Мелбурн“ - велат од „Економист“. Вкупно 140 градови беа рангирани од Economist Intelligence Unit врз база на кластер од фактори како политичка и социјална стабилност, здравство, криминал и образование. Во првите 10 влегоа три градови од Австралија и три од Канада. Виена и Копенхаген се европските градови кои се најдоа на челните позиции. Дамаск во Сирија беше рангиран на последното место. Еве кои се најдобрите градови:

1. Виена, Австрија

Најдобри градови

2. Мелбурн, Австралија

Најдобри градови

3. Осака, Јапонија

Најдобри градови

4. Калгари, Канада

Најдобри градови

5. Сиднеј, Австралија

Најдобри градови

6. Ванкувер, Канада

Најдобри градови

7. Токио, Јапонија

Најдобри градови

8. Торонто, Канада

Најдобри градови

9. Копенхаген, Данска

Најдобри градови

10. Аделаида, Австралија

Најдобри градови]]>