грац – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Jun 2023 09:16:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png грац – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Зошто пееш на бугарски кога си Македонец“? – Дарко Ѓорѓески во „Ѕвездите на Гранд“ за малку не доби директна дисквалификација од Саша Поповиќ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-peesh-na-bugarski-koga-si-makedonets-darko-gorgeski-vo-zvezdite-na-grand-za-malku-ne-dobi-direktna-diskvalifikatsija-od-sasha-popovik-video/ Mon, 05 Jun 2023 06:25:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304865

Младиот македонски пејач кој живее во Грац, Австрија, Дарко Ѓорѓески од тимот на Цеца, во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапи во дуел со Амна Јусиќ од тимот на Марија Шерифовиќ. Тие настапија последни во емисијата, а Дарко најпрвин се претстави со баладата „Тајно моја“ од Тоше Проески и на изненадување на многумина, па и на самиот Саша Поповиќ, следна песна што ја испеа беше  „Сен Тропе“ од  популарниот бугарски пејач Азис. И двајцата кандидати освоија по пет гласови што не беше доволно директно да се пласираат  во следниот круг. Но она што ги изненади сите во студиото беше коментарот на Саша Поповиќ наменет за пејачот од Македонија. „Што си ти по националност?“  -го праша креативниот директор Поповиќ нашиот натпреварувач. „Македонец“ - му одговори Дарко кој има гостиварско потекло. „Па, зошто тогаш пееш на бугарски? Ова е дисквалификација затоа што го прекрши правилото“, заклучи Поповиќ по што во разговорот се вклучија и останатите претставници на жирито. Босанац му се придружи на Поповиќ во мислењето,   но, на Дарко  „главата му ја спасија“ другите членови на жирито кои се спротиставија велејќи дека ние на Балканот сите сме слични и се разбираме?! Ја поддржувам идејата тука да се пее на сите балкански јазици. Кај мене на Милиграм ми гостува Азис со една интересна песна, но тој инсистираше да пее на српски. Тоа го поддржувам, додаде Александар Милиќ Мили. Ставот на Мили веднаш го подржа Вики Миљковиќ, но дискусијата околу јазиците ја прекина Поповиќ кој им кажа на кандидатите: „Добро, повеќе не мора да дискутираме, и двајцата кандидати одите во бараж и нека ви е со среќа“, им порача тој на Дарко и Амна, а Цеца затоа што го пушти нејзиниот кандида да се бори понатаму го награди Поповиќ со бакнеж... овој пат во образ! Но затоа во баражот беше густо и напнато до самиот крај, но Дарко и Амна сепак успеаја да поминат во следниот, седми круг. Настапот на Дарко погледнете го  во видеото во продолжение на 2 часа 39 минути и 30 секунди (02:39:30): ]]>

Македонецот од Грац го освои жирито во „Ѕвездите на Гранд“: Дарко Ѓорѓески е новата ѕвезда што се раѓа? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonecot-od-grac-go-osvoi-zirito-vo-dzvezdite-na-grand-darko-gjorgjeski-e-novata-dzvezda-shto-se-ragja-video/ Wed, 07 Dec 2022 08:15:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278944

И покрај тоа што веќе извесен период македонските гледачи не ги следат емисиите од новата сезона на „Ѕвездите на Гранд” на ниту еден македонски ТВ канал, тоа не значи дека во истите не се натпреваруваат  македонски учесници. Еден од нив е и младиот и талентиран  Дарко Ѓорѓески (23) кој веќе пет години работи и живее во Грац, Австрија. “Во Австрија заминав првенствено да студирам.  Потекнувам од Гостивар, а работам како DJ, продуцент, инструменталист и пејач со околу 11 години музичко искуство”. Тој меѓудругото открива и дека главен инструмент на факултет му бил тромбонот, па така тој денес е тромбонист, а покрај тоа свири и уште неколку други инструменти. “Пред три години сериозно почнав да се занимавам со продукција, направив мое студио и веќе позади себе имам хит кој сите го знаат “Бог и батина”. Неодамна излезе и песната која што ја снимив во соработка со Гога Секулиќ  - “Зла копија” - додава Дарко, кој е еден од нашите македонски учесници во “Ѕвездите на Гранд”. “Искрено имав голем мерак. Како мал секогаш ја гледав таа емисија, а впрочем и нема кој не ја гледал кај нас на Балканот. Во една прилика имав можност да настапам со фолк пејачката Тања Савиќ која ме посоветува без размислување да се пријавам. И ете ја послушав”-  раскажал Дарко. Откако го помина првиот круг и веќе е во тимот на  Цеца Ражњатовиќ вели дека деталите ќе  ги открие дури по вториот круг, каде верува дека ќе биде еден од нашите македонски натпреварувачи. Што се однесува до дочекот на Новата 2023-та година, Дарко вели дека Новата година ќе ја дочека и прослави работно, како и останатите празнични денови, а наскоро ќе се појави и неговата нова песна насловена „Плен“. „Им благодарам на сите на подршката и пораките кои секојдневно ги добивам. Се надевам дека нема да Ве разочарам. Ви посакувам среќни новогодишни и божиќни празници и поминете си убаво каде и да сте”, им посака Дарко на своите фанови преку „Музика24“. Во продолжение, погледнете го настапот на Дарко Ѓорѓески во регионалното музичко ТВ шоу “Ѕвездите на Гранд”, кој можете да го проследите на 01:58:07 (КЛИКНИ ТУКА): Фото: Фејсбук принтскрин/Darko Gjorgjeski Видео: Јутјуб/Zvezde Granda]]>