готвење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Nov 2023 12:35:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png готвење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара Тодевска се пофали со својата тајна вештина: За оваа нејзина умешност најдобро знаат најблиските, но кој би рекол!? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-se-pofali-so-svojata-tajna-veshtina-za-ovaa-nejzina-umeshnost-najdobro-znaat-najbliskite-no-koj-bi-rekol-foto/ Fri, 10 Nov 2023 08:37:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326284

За Тамара Тодевска сите добро знаеме дека е еден од најдобрите вокали во земјава. Реализирана жена, посветена на кариерата, децата, на себе... Она што и прави задоволство секако е љубовта кон музиката без која не може да и минува секојдневието и животот воопшто.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Познато е дека неколку години наназад стана страствен вљубеник во вежбањето, ги намали килограмите, од неодамна почна да прави и музика, сака вечерни излегува со друштво, наедно, секогаш немирна ко ветер, со темпераментен дух каков што имаат астролошките близнаци како неа. Токму близнаците, знаат да изненадат со нешто за кое на крај памет нема да ти падне, а тоа секогаш да биде изведено до перфекција, како во случајов. Имено, Тамара деновиве со или без повод засука ракави во кујната и подготви полна трпеза за пријателките и саканиот, а за истото се пофали самата преку социјалните мрежи, а секако ја пофалија и оние што се насладуваа од богатото мени. Од разни видови на салати, сирења, месо, апетисани, ајварче од Драчево кое го превеше со тато Велко неодамна, се’ на се’ гозба за мерак приготвена и сервирана како во ресторан од вештите раце на домаќинката Тамара Тодевска. Со ова се покажа и пред Лука, а за пријателките веруваме дека веќе знаеја колку им е вешта и вредна пријателката. Епа, алал вера шефице!]]>

Како заедничкото готвење ја зајакнува љубовта https://arhiva.vistina.com.mk/kako-zaednichkoto-gotvene-ja-zajaknuva-lubovta/ Tue, 01 Aug 2023 12:33:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312354

Кога станува збор за готвење во врска или брак, може да има напнатост околу договорите што да вечераат секоја вечер и кој готви. Сепак, според еден експерт за односи, готвењето како пар всушност може да биде многу здрава практика. – Кога парот има заеднички навики и активности во својот дом, тоа ја зајакнува нивната врска. Создавањето спомени дома помага да се негува вашата врска, бидејќи ставањето приоритет еден на друг прави луѓето да се чувствуваат сакано, објаснува Џејми Бронштајн, лиценциран терапевт за односи, според Brides. Без разлика дали и двајцата партнери сакаат да готват или едниот партнер има тенденција да поминува повеќе време во кујната, врската дефинитивно може да има корист од оваа практика. Покажување љубов преку услуги – Без разлика дали готвите за вашата сакана личност или готвите заедно, споделувате, давате и добивате љубов. Пронаоѓањето „заеднички јазик“ со храната е одличен начин да ја изразите својата љубов еден кон друг, а да направите нешто за саканата личност е еден од најдобрите начини да ја покажете вашата благодарност. Вежбате да работите заедно Заедничкото готвење е совршен начин за соработка – нешто што може да се пренесе на толку многу области од врската. Ќе комуницирате, ќе споделувате одговорности, а можеби дури и ќе вежбате малку трпение! извор:попара.мк]]>

Вешта жена: Лоба знае како да му го направи меракот на сопругот, ама и својот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/veshta-zhena-loba-znae-kako-da-mu-go-napravi-merakot-na-soprugot-ama-i-svojot-foto/ Wed, 24 May 2023 07:00:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295914

Пејачката Викторија Лоба преку социјалните мрежи се пофали за своите вештини кои ги има како домаќинка во домот. Иако неколку години пред официјално да стане мажена жена, живееше заедно со својот Ѓорѓи, Лоба денес е веќе искусна во нивните заеднички семејни навики и ритуали. Велат дека љубовта кај мажот доаѓа преку стомакот, па убавата пејачка со руско потекло, веројатно и во пракса често го применува ова, па со својата вештина во готвењето му го прави меракот на сопругот. Ама, нели најпрвин и пред се’ сме важни самите, па Викторија секојдневно си ги полни своите резерви со позитивна енергија преку готвењето. -Го сакам готвењето зошто ми дава шанса да бидам креативна. Обожавам да се губам во ритуалите на сецкање, мешање и дегустација, напиша таа во описот на финалното дело. Секој од нас има или може да најде начин како да ја канализира својата енергија, а Лоба многу добро знае што е најдоброто за себе и секако за свој мерак. Претходно не баш често преку социјалните мрежи сме биле сведоци на кулнарските дела на пејачката, но овој пат преку приложеното се покажа дека искуството го има од неодамна. На нејзиното мени беше медитерански ручек од салата со шери домати, а како главен оброк изборот бил на паста со ракчиња и кикирики. Егзотично, свежо и сочно, за мерак! Вака „набилдана“ во кујната освен како модна инфлуенсерка, може да стане и блогерка за кулинарски рецепти за кои очигледно е врвен шеф. фото:Инстаграм принтскрин/Викторија Лоба]]>

Ќерката на Ким Кардашијан ги откри најдлабоките тајни на својата мајка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kerkata-na-kim-kardashijan-gi-otkri-najdlabokite-tajni-na-svojata-majka-foto/ Tue, 16 May 2023 10:14:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302185

Ријалити ѕвездата и претприемач Ким Кардашијан насмеа многу корисници на социјалните мрежи со објава на Инстаграм. Познатата американска старлета Ким Кардашијан е мајка на четири деца кои ги доби во бракот со раперот Канје Вест. Сега, за Денот на мајката, таа објави фотографија од писмото на нејзината помала ќерка Чикаго, што насмеа многу корисници на социјалните мрежи. – Мајка ми има 22 години – пишува на почетокот на писмото, иако Ким има 42 години, но тоа не е она што најмногу ги забавувало луѓето на Инстаграм. На прашањето што најдобро готви мама, одговорот гласи: - Мама не готви. Таа има готвач – напишала Чикаго, ќерката на Кардашијан, која накратко искоментирала со: „О Боже“. - Нејзиното омилено јадење е салата. Кога одмара, најмногу сака да спие во својот кревет. Сакаме да си играме со неа. Таа е многу добра во теретана. Мајка ми е посебна затоа што ме сака – пишува во остатокот од писмото. Таа потоа за да се оправда објави стории на Инстаграм каде подготвува ручек. - Чи згреши, јас готвам - напишала Ким која сето ова многу ја насмеа. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Како готвењето може да ви го спаси бракот? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-gotveneto-mozhe-da-vi-go-spasi-brakot/ Wed, 12 Apr 2023 10:26:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297944

Кога бракот е во неволја, многу парови се свртуваат кон терапија како опција. Но, за некои луѓе, идејата за советување може да изгледа исцрпувачка или застрашувачка. Може да постои страв од отворање кон странци. Сепак, вашите можности не завршуваат тука. Ново истражување покажа дека патот води кон - кујната. Готвењето е одлична активност за здравјето на мозокот и се смета дека е одлична и за емоционалното здравје. Еве што може да направи за вашата врска. „Терапијата со готвење“ може да помогне да се изградат комуникациски вештини и интимност. Размислете што треба да направите за да дојдете до крајниот резултат, оброкот. За почеток, треба да одлучите за оброк што и на двајцата ви се допаѓа, да излезете и да ги набавите состојките, да се подготвите за процесот на готвење, да готвите и на крајот да уживате во заедничкиот оброк. Целото искуство бара фокус, координација, комуникација и креативност, а сето тоа заедно влијае на вас како двојка. Готвењето е исто така одличен начин да му покажете љубов на вашиот партнер, вели терапевтот за врски Џејми Бронстин, пренесува The List. „Без разлика дали готвите за вашата сакана личност или готвите заедно, споделувате, давате и добивате љубов, и тоа е победничко сценарио. За некои парови, можеби тоа е единствениот момент кога ќе поминат квалитетно време заедно во напорна недела. Идејата е да воведете заедничка активност во вашиот живот - активност која обезбедува инспирација и заедничка цел“.
Како да пробате терапија со готвење во вашата врска?
Психотерапевтката и поборничка за терапијата со готвење, Шарлот Хестингс изјави за Metro дека е важно да се разгледаат сите начини на кои можете да ги споделите одговорностите во процесот на готвење. Ова може да стане клучно за паровите кои немаат голем кујнски простор или многу прибор. Секој од вас има што да прави - без разлика дали тоа е купување на намирници, подготовка, готвење или миење садови. „Најважно е да ги поделите задачите и да го цените фактот дека подготовката на целосен оброк бара толку многу различни подеднакво важни делови“, советува Хестингс. Извор: Кајгана.мк]]>

Елена „Живот со стил“ е благословена жена: Она што го прави сопругот за неа за повеќето е незамисливо (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-zhivot-so-stil-e-blagoslovena-zhena-ona-shto-go-pravi-soprugot-za-nea-za-poveketo-e-nezamislivo-foto/ Wed, 01 Mar 2023 08:30:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291059

Според балканскиот менталитет, генерално, жената е таа која е задолжена за подготовка на оброците во семејството. Секако, од ова непишано правило има исклучоци, а оние жени чии мажи се љубители на готвењето се среќни што има кој да ги замени, па обврските да бидат на некој начин поделено редуцирани. ТВ водителката Елена Најдоски или попозната како Елена „Живот со стил“ е во рредот на оние соопруги кои се благословени со таков маж. Имено, таа е тазе мажена, но нејзиниот избраник Бојан уште додека беа во врска и живееја под ист покрив, и покажа дека е од оние мажи кои не само што готват, туку е голем гурман и љубител на подготовка на разни сопецијалитети. Таа не ретко знае да каже дека така приготвени порции нема ниту во ресторан. Со еден таков оброк, поточно паста со морски плодови, Елена се пофали на својот Инстаграм, будејќи ги и апетитите на своите следбеници. -Кога сопругот ме разгалува, ниту еден ресторан не може да го замени, напиша водителката и му поласка на сопругот за изборот, подготовката, сервирањето и секако вниманието. Веројатно на овој шеф омилено му е да готви морска храна која често е на нивната трпеза. Љубовта доаѓа преку стомакот, а овој домаќин го има најдобриот рецепт за тоа. фото:Инстаграм принтскрин/Елена Најдоски]]>

Искрено со Каролина Гочева: „И покрај разделбата, моите родители и денес се во одлични односи“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/iskreno-so-karolina-gocheva-i-pokraj-razdelbata-moite-roditeli-i-denes-se-vo-odlichni-odnosi-video/ Thu, 30 Jun 2022 08:10:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256494

Поп-ѕвездата Каролина Гочева 30 години е на музичката сцена. Зад неа се хитови, фестивали, концерти, настапи. На 1 јули на стадионот на АРМ ќе има прв концерт под отворено небо со хитови од нејзиното најубаво музичко време. По три години пауза, повторно е пред скопската публика, а концертот го носи името „Ајде да летаме“. „Едвај чекам. Возбудата е голема, ама најголемата енергија пред овој концерт ми ја зема временската прогноза“, искрена е Каролина за Репортер.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Во текот на сите овие години вели дека пеела и кога е среќна, и кога е тажна и кога е болна. „ На концертите во Филхармонијата, а беа четири, на последниот ми се слоши додека пеев, затоа што предходно бев болна. Ама издржав до крај затоа што и тоа е дел од работата“, раскажува поп-ѕвездата. Неодамна се врати од женски одмор, на кој беше со мајка си, сестра си и со внуките. „Секое лето тие неколку дена ми се најубави. Знаеме и да се скараме и да се смириме, ама тоа е сè нормално за семејствата што се блиски“, раскажува Каролина. Посебна приказна е сестра ѝ Сандра, од која е две години постара. „Уште кревам паника ако ја нема да се јави, па им вртам на сите можни луѓе што се околу неа за да ја чујам ако не ми крене. Сега внуките ме научија, па ѝ велат: мамо јави ѝ се на тета за да не се секира. Кога бевме мали, двете бевме рогови во вреќа оти во тинејџерските години се забележуваше таа разлика. Денес, имаме исти пријатели и многу сме блиски. Кога се караме, сакам да држам лутина, ама не ми оди, а и денес, исто како и кога бевме мали, си ја крадеме облеката една на друга“, раскажува Каролина. Со посебна љубов зборува за внуките Луција и Инес, оти ако вели, љубовта на тетката е веројатно слична како што е љубовта на мајката кон децата. Првпат проговори за разделбата на родителите. Тие повеќе од 20 години не живеат заедно, но и денес се големи пријатели. „ Кога се разведуваа тоа го направија да не приметиме јас и сестра ми. Тие денес се во одлични односи. Заедно сме за празници, родендени и таков цивилизиран однос меѓу разделените родители мислам дека е најдоброто нешто за децата. Татко ми е човек што не сака да го има на социјалните мрежи, ама кога сме заедно, на нашите ручеци или собири, секогаш гласно дебатираме и зборуваме за сè“, открива Гочева. Во брак е со Михаил 5 години. Вели дека е среќна. За фотогрфаијата која тој и ја нацрта за каверот на албумот „Извор“ вели : „Моја желба и идеја беше Михо да ме нацрта, но не знаев дали ќе прифати. Ни откри дека добро се снаоѓа и во кујната и сека готви секој ден. „Не ме држи многу со муабет во студиото, морам да одам ручек да правам“, на шега вели Каролина . За тоа дали и колку ја погодуваат лошите коментари, вели: „Најзлобните коментари ги пишуваат жени што на профилната фотографија се со внуци или цвеќе. Не знам што ги тера да бидат такви, веројатно тоа ги исполнува“, искрена е Каролина. Зборувавме за Битола, школските денови со Кире Лазаров и како поп-ѕвездата заврши во неговата книга, за бракот со Михаил, за естетските корекции, за семејството и каква е приватно Каролина... гледајте го интервјуто. ]]>

Како да заштедите, а притоа да се храните здраво https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-zashtedite-a-pritoa-da-se-hranite-zdravo/ Fri, 03 Jun 2022 11:45:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253025

Добрата исхрана е клучот за здрав ум и здраво тело. Сепак, здравата исхрана може да се одрази врз вашиот џеб, а токму затоа и таа е недостапна за семејствата со ниски приходи. Еве како можете да се храните здраво со ограничен буџет. Гответе Еден од најефикасните начини да заштедите е да готвите без разлика дали работите од дома или одите на работа. Доколку, пак, немате време, можете во недела да зготвите поголема количина која ќе ја ставите во фрижидер. Купувајте од локалните пазари Посетете го пазарот за овошје и зеленчук кој се наоѓа во ваша близина. Освен тоа, купувањето сезонски производи може навистина да ви помогне да заштедите. Искористете ги сите намирници Погрижете се максимум да ги искористите вашите намирници за да не фрлате ништо. Така, на пример, можете максимално да ја искористите зелката која ви е при рака па да направите чорба од зелка, да ја додадете во други јадења, или пак смуди. Бидете креативни! Користете ги попустите Понекогаш продавниците нудат големи попусти кои не смеете да ги пропуштите. Подготвувајте ги оброците однапред Сигурно не сакате да готвите по напорниот ден. Затоа, добро би било да одвоите еден ден од неделата за подготовка на оброците. Притоа, не заборавајте да додадете колку што е можно повеќе зеленчук и протеини. Купувајте замрзнати производи Купувањето замрзнато овошје и зеленчук е одличен начин да се храните здраво кога имате ограничен буџет. Замрзнатите производи се поевтини околу 30 проценти од свежите и траат многу подолго, а освен тоа тие се веќе спремни за употреба така што нема да губите време на сечкање. Јадете помалку месо и млечни производи Не заборавајте да вклучите веганска или вегетаријанска опција во вашето неделно мени. На пример, можете да го замените месото со тофу или веганско сирење. Ова може да биде одлична идеја со оглед на тоа дека цената на месото поскапува. Откако ги прочитавте нашите совете за штедење, можеби ќе сакате да прочитате и за 6-те методи за штедење без одрекување. Извор: ljepotaizdravlje.hr/kafepauza.mk]]>

Цеца Ражнатовиќ ја покажа својата духовита страна: „Не сум имала ниеден маж што мирисал на запршка“ https://arhiva.vistina.com.mk/ceca-raznatovikj-ja-pokaza-svojata-duhovita-strana-ne-sum-imala-nieden-maz-shto-mirisal-na-zaprshka/ Wed, 11 May 2022 10:16:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249844

Пејачката Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ во бела, атрактивна комбинација како каубојка. Цеца овој пат проговори за чудните јадења кои ги пробала., секако по прашање на присутните медиуми. - Тоа е познато, јас сум месојад. Јадев месо од различни диви животни. Единственото нешто што никогаш не можев да пробам беа полжавите, кога ќе се сетам како изгледаат, навистина не можам. Но, јас пробав змии, зебри, ноеви, месо од ајкула, крокодили - рекла Ражнатовиќ и даде свое мислење дали подобри готвачи се мажите или жените.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

- Не знам. Тоа се прави од љубов. Тоа се луѓе кои сакаат да го прават тоа и затоа сето тоа е толку вкусно. Но, јас немав ниту еден маж кој мириса на запршка - рекла Цеца и ги насмеала новинарите. фото:ИнстаграмЦеца/ Принтскрин Ѕвездите на Гранд]]>

Љубовта доаѓа преку стомакот: Вака саканиот ја разгалува Елена Стефановска (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ljubovta-doagja-preku-stomakot-vaka-sakaniot-ja-razgaluva-elena-stefanovska-foto-2/ Thu, 21 Apr 2022 09:09:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247251

Водителката на емисијата „Живот со стил“, Елена Стефановска изминатите години немаше пракса да открива детали од својата приватност и љубовниот живот пред очите на јавноста, но сега веројатно поради силните љубовни искри, Еленче пред сите ја покажува љубовта со саканиот Бојан. Стефановска е активна на социјалните мрежи каде што редовно објавува фотографии од своја емисија, ги промовира своите пријатели…но не го крие ниту својот приватен живот. Овој пат, уште еднаш гордо се пофали со тоа дека нејзиниот Бојан не само што е домаќин човек, туку е одличен и во кујната. Така таа често знае да сподели фотографија од рецептите со морска храна кои и ги подговтил, да покаже како го поминуваат времето заедно или пак да му упати емотивна порака. Веројатно на овој шеф омилено му е да готви морска храна која често е на нивната трпеза, а ниту Елена не сакаше да остане покуса и да се покаже дека е вредна домаќинка, па му завитка сарма. Инаку, Елена и Бојан наскоро ќе го кажат судбоносното „да“ и налето ќе прават свадба, а дотогаш во една прилика Елена кажа:
„Само да сме живи и здрави. Се што ни е потребно е љубов“.
За потсетување, Бојан ја запроси Елена на патување во Русија, а потоа следеше прослава со пријателите во нивниот дом. фото:Инстаграм/Елена Стефановска]]>