готвач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Jun 2022 11:35:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png готвач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јелена Розга повторно заљубена, а овој познат готвач е нејзиното момче?! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-rozga-povtorno-zaljubena-a-ovoj-poznat-gotvach-e-nejzinoto-momche-foto/ Wed, 22 Jun 2022 11:35:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255604

Гласините дека Јелена Розга повторно е вљубена, во кулинарски мајстор, почнаа минатата година. Иако поп дивата од Сплит само еднаш се огласи по тој повод и истакна дека таа и згодниот „готвач“ Иван Пажанин, со кој ја доведоа во врска, се само добри пријатели, се чини дека се „зготви“ нешто многу позачинето таму. „Соло сум“, изјави неодамна Јелена, но дали е тоа така? Зашто, пред неколку дена ги снимиле со седум години помладиот готвач во кафуле во Загреб.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ivan Pazanin (@pazanin.ivan)

Тие седеле еден до друг, а би се рекло дека биле одлично расположени, пишуваат хрватските медиуми, а приказната е поткрепена со докази, односно фотографии од споменатата зграда. Иако не ги симнаа очилата за сонце, беше јасно чии очи се кријат зад темните очила. Заедно излегле од кафулето и се упатиле во ист правец. фото:инстаграм]]>

„Работев како готвач, но и таму затворија“: Познатиот пејач раскажува како се снаоѓа во кризата (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/rabotev-kako-gotvach-no-i-tamu-zatvorija-poznatiot-pejach-raskazuva-kako-se-snaogja-vo-krizata-foto/ Fri, 18 Dec 2020 10:44:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181616

Музичарот Един Осмиќ, попознат како Едо Мајка, како и неговите колеги, чека подобри времиња за да ја продолжи својата музичка кариера, бидејќи сè запре поради пандемијата на коронавирусот. Едо Мајка рече дека заработувал пари како готвач претходните месеци, но дека локалот во кој работел бил затворен. - Работев како готвач некое време, но и тоа затвори. Имам одржано работилници за креативно пишување и музика, имам неколку корисни вештини за овие луди времиња. Сега планирам да започнам подкаст, се надевам до крајот на оваа година, кој ќе се занимава со музика, психологија, луѓе, сите и сè и се надевам дека ќе излезе нешто добро кога станува збор за тој подкаст. Искрено, не сум фокусиран на себе, туку на луѓето околу мене, кои се во многу полоша состојба од мене и така ми е полесно - рече раперот за порталот „Дневни аваз“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Edo Maajka (@edomaajka.official)

Како што изјави, тој исто така започнал со хуманитарна работа, а покрај тоа слободното време го поминува со сопругата Лила и ќерката Јасмин. - Во мојата музичка кариера, апсолутно ништо не се случува, стагнира како, повеќе или помалку, сè во музиката. Нема концерти, нема студио, има само лесна снимка на идеи што ќе чекаат некои подобри денови и совладување на некои аналогни машини што ги купив пред неколку месеци - додаде Едо во споменатото интервју.]]>

Шеф Марк извади фотографија од архива и покажа како изгледал пред 36 години (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/shef-mark-izvadi-fotografija-od-arhiva-i-pokaza-kako-izgledal-pred-36-godini-foto/ Thu, 19 Dec 2019 08:24:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124679

Секој работен ден имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“ на Сител телевизија. Шеф Марк и шеф Никола кои се дел од тимот заедно со своите натпреварувачи подготвуваат најразни јадења. Во една прилика, Марк  де Јонг истакна дека се вратил во Македонија за да го исполни амантетот на својата баба која го замолила да ја посети Македонија. „Дојдов во Македонија зашто на баба ми и ветив дека еден ден ќе се вратам тука. Мајка ми остави овде дел од животот и не сака да се врати, татко ми, кој беше Белгиец, е починат, а јас мојата огромна љубов за Македонија им ја должам на моите баба и дедо. Благодарение на нив, израснав со приказните за Македонија и со мирисот на македонската храна. Баба ми Магда готвеше македонска храна и целата куќа мирисаше на лук, особено кога ми правеше летна манџа со пиперки и домати. Тој мирис е незаборавен за мене, исто како и вкусот кој моите непца се уште го паметат. Токму тоа сакав да го почувствувам пак кога дојдов овде. Го исполнив аманетот на баба ми, и не само што дојдов да ја посетам Македонија, туку имам намера и да останам овде. Ова го одлучив кога дојдов тука втор пат, тогаш заедно со син ми Мајкл со кој направивме мала турнеја низ Македонија, таа моја навистина чудесна земја. Ме маѓепса мене, а мислам дека нешто слично се случи и со мојот син, кој наскоро ќе ми се придружи. Тој тргна по моите стапки и со готвењето и ја засака оваа земја и животот во неа па во текот на овие три години доаѓа многу често. И тој, како и ќерка ми, се многу горди поради тоа што за кратко време станав препознатлив за луѓето кои постојано ми приоѓаат секаде кадешто одам, на пазар, на улица, во ресторан„…, раскажува Марк за Сител. Марк на социјалните мрежи често објавува фотографии од разни специјалитети кои ги подготвува со многу љубов. Меѓутоа, понекогаш знаеме да пребаруваме по албумите со  стари фотографии и да ни се вратат спомени. Така деновиве, шеф Марк на социјалните мрежи извади фотографија од архива и покажа како изгледал пред неколку години. Тој во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографии од пред 36 години и покажа како изгледал тогаш. За потсетување, во новата сезона на „Брза кујна“ шефовите Марк и Никола добија засилување односно има и двајца нови готвачи шеф Бобан  шеф Филип.]]>

Васил Зафирчев откри кои сличности ги има со ликот на Марио од „Преспав“ https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-zafirchev-otkri-shto-go-vrzuva-so-likot-na-mario-od-prespav/ Sat, 02 Feb 2019 09:45:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70668

Васил Зафирчев сите го паметиме по улогата на готвачот Марио во „Преспав“, лик кој донесе посебна автентичност во сценариото. Васил гостуваше во емисијата „Живот со стил“ кај Елена Стефановска и откри кои особини ги врзува со ликот на Марио.
„Она што ме врзува со Марио се само неговите убави страни. Од неговата неубава страна, приватно јас немам ништо. И во таа насока ликот ми беше многу провокативен бидејќи е многу поразличен од тоа што сум јас. За разлика од него јас сум добар во кујна. Знам да готвам, уживам да го правам тоа за себе си и за најмилите. Сакам да пробувам различни кујни“ вели актерот.
Тој потенцираше дека заедничка особина со Марио е и медитацијата. Васил изјави дека веќе седум години медитира и секој ден му завршува со медитација. Зафирчев во шесто одделние почнал да се интеренсира за актерството и тогаш се зачленил во велешката театарска секција и оттогаш знаел дека тоа ќе биде неговиот животен пат. Васил има играно и во многу театарски претстави, но дефинитивно ќе остане запаметен по ликот на Марио во „Преспав“. Дали ќе има и четврта сезона од серијата останува да видиме. Во продолжение погледнете го целото интервју. https://www.youtube.com/watch?v=ZGhB9ip8Eqw]]>

Директно од кујната од кралската палата: Рецепт за вкусни Божиќни колачи https://arhiva.vistina.com.mk/direktno-od-kujnata-od-kralskata-palata-recept-za-vkusni-bozikjni-kolachi/ Thu, 20 Dec 2018 12:09:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64274

Кралскиот готвач во текот на годината подготвува многу колачи,пити,но за време на Божиќните празници е зафатен бидејќи подготвува посебни колачи. Најверојатно на сите ви се познати „џинџер“ бисквитите кои се покрај тоа што се вкусни се и декоративни. „Секогаш е важно да го оставите тестото да „одмори“ и однапред да го подготвите“ вели главниот слаткар. Еве го рецептот: 200 грама брашно 1 лажиџа ѓумбир 1 лажица зачини 100 грама незаситен путер 75 грама шеќер 25 грама шеќер во прав 45 грама млеко Шеќер за декорација. Во сад измешајте ги зачините и брашното, додајте го путерот и измешајте со прстите. Додадете го млекото и мешајте додека не добиете паста.Оставете го тестото да стои два часа.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Размесете го тестото во дебелина од 3 милиметри, исечете ги во облик и ставете ги врз хартија за печење и ставете малку шеќер во прав. Печете ги додека не поруменат. Оставете ги малку пред да ги декорирате.]]>

Познатиот готвач Ентони Бордејн изврши самоубиство https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-gotvach-entoni-bordejn-izvrshi-samoubistvo/ Sun, 10 Jun 2018 05:07:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31600

Познатиот готвач, кој патуваше по светот и имаше неколку свои емисии за готвење и за храната во светот, Ентони Бордејн, се самоуби, објави Си-ен-ен. Тој бил пронајден мртов во хотел во Франција каде што снимал нова епизода од популарното шоу Parts Unknown. Бордејн имаше 61 година.
„Со голема тага ја потврдуваме смртта на нашиот пријател и колега Ентони Бордејн“, соопшти телевизиската мрежа Си-ен-ен. „Неговата љубов кон авантурите, новите пријателства, храната и пијалоците и неговите инзвонредни приказни од светот го направија уникатен раскажувач. Неговите таленти никогаш не престануваат да нè воодушевуваат. Ќе ни недостига многу. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејството во ова неверојатно тешко време“, пишува во соопштението на Си-ен-ен.
Бoрдејн беше господар на неговите занаети – прво во кујната и потоа во медиумите. Преку своите телевизиски емисии и книги тој ја истражуваше човечката состојба и ѝ помогна на публиката да размислува поинаку за храната, патувањето и за самите себе. Т
ој се залагаше за маргинализираното население и водеше кампања за побезбедни работни услови за рестораните. Во неговата кариера тој ја доби практично секоја награда што индустријата може да ја понуди.]]>

Млад македонски готвач ја покори Малта: Вкус, уметност и традиција од вештите раце на Зоран (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mlad-makedonski-gotvach-ja-pokori-malta-vkus-umetnost-i-tradicija-od-veshtite-race-na-zoran-foto/ Sat, 24 Mar 2018 10:38:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17506

За македонската храна светот одамна има слушнато. На нашите традиционални специјалитети се насладуваат сите кои ја посетуваат Македонија. Но, лесно е некој да вкуси одлични оброци, тешко е истите да се приготват

Зоран Богдановски од Скопје “занаетот“ го научи дома. Тој е млад професионален готвач. Откако со вкусовите експериментираше во земјава и кога ја проучи целата магија на храната, си постави себеси силни и високи цели. И замина да се усоврши себеси во Малта. Таму живее четири години, а предизвик му е секој еден зготвен оброк. Храната за него претставува професија, но и пасија и уметност. На неговото мени, во моментов е храна од кујната на Азија, а верувале или не, дури и во такви оброци ја вметнува традицијата на Европа. -Работам вo ресторан Buddhamann. Во суштина тоа е ресторан за традиционална азиска кујна. Јас ги земам класичните традиционални рецепти од нивната култура и традиција, но ги пренасочувам во европски стил. Тоа значи дека пробувам да им вметнам европско влијание на начин што ја преработувам храната, но и нејзиното презентирање. Кога почнав да работам во оваа компанија имав малку загубена волја да давам се од себеси. Но, тоа што овде го видов ми даде огромен поттик да продолжам да ја работам професијата која ја сакам. Научив многу. Видов рецепти и јадења кои за мене беа “од друг свет“, рече Зоран. И навистина, на ова работно место, вештите раце на нашиот готвач, се максимално искористени. Кога влезе во нивната кујна, Зоран ги запозна тајните во кулинарството од една сосема поинаква страна. -Го запознав течниот азот и неговата магија. Научив што може да се постигне со него. Видов молекуларни сфери, пена која заменува глазури и сосови и е многу поефектна. Бев запознаен со францускиот начин на готвење sous-vidе, готвење на месо по 40 часа на фиксна температура…. Добив сосема поинаков видик на храната и готвењето генерално, раскажува тој. Богдановски тој период неуморно работи. Секој ден му е нов предизвик. Ужива во секоја готова чинија, идеална и за јадење и за гледање. Резултатите од макотрпната работа, брзо ги чувствува. -Менаџментот на компанијата веднаш ја забележа мојата посветеност и мојот талент. Ми понудија да го водам ресторантот и да се грижам за него. Тоа беше огромен предизвик. Решив да го прифатам. Ја искористив шансата, продолжив да работам силно за да не ги изневерам. Таа година бев прогласен за најдобар готвач новодојденец. Истата година добив повик од најчитаниот магазин за храна во Малта, “Foodist”. Изразија интерес за начинот на кој готвам, а по една недела веќе тропнаа на мојата врата. Ги погледнаа и вкусија моите јадења, беа воодушевени. Ги фотографираа чиниите, направивме фотосесија и од нив ги добив сите пофалби. Тоа многу ни помогна, ни го крена рејтингот на ресторанот. Потоа следуваше уште едно позитивно изненадување. Бевме прогласени за еден од најдобрите 10 ресторани на Малта, раскажа Зоран. Убаво велат старите дека добриот глас далеку се слуша. Тоа му се случи и на нашиот готвач. Минатата година врвни готвачи од многу земју ширум светот го посетија ресторанот и ја следеа работата на нашиот Зоран. Од нив научи значајни лекции. -Запознав врвни готвачи од Шпанија, Франција, Индија, Тајланд… Сите тие несебично ги поделија со мене своите искуства и ми помогнаа во зголемување на мојот репертоар на техники на готвење, вели тој. И еден ден, Зоки помисли дека иако дава премногу, неговиот талент може многу повеќе. Освен неговиот талент за готвење, за оваа негова одлука пресудни биле решителноста, храброста и посветеноста кои ги поседува во својот карактер. -Во првиот момент кога почувствував дека еуфоријата сака да ми згасне, ги превземав работите во свои раце.Одлучив дека повеќе не сакам да работам по старо мени и решив да воведам мени кое содржи 11 мини стартери, еден интермедиате стартер и две главни јадења. Следеше БУМ. Ресторанот стана многу популарен и заинтересираноста беше огромна, раскажува младиот талент. За него се заинтересира и националната телевизија во Малта. Тие го посетиле нашиот Зоран заедно со екипа од порталот LovingMalta. Направиле врвна експлозија од илустрации во кои храната има форма на предмети од секојдневието. Потоа дојдоа и наградите во вистински раце. -На крајот на 2017-та година на доделувањето на награди за најдобри ресторани добивме „silver spoon award“. Добивме прво место за најдобар ресторан во Малта. Поседуваме и награда за најдобра услуга во ресторанот, рече тој. Ни вети дека ќе оди само напред. Дека досегашниот успех ќе му биде само мотив дека она што искрено се посакува, може да се исполни. Ние му посакуваме многу успех, но и некогаш да ја продолжи професијата дома, за најуникатните вкусови да ги проба и Македонија. Превземено од: Курир.мк
]]>