гостин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 12:57:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гостин – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 22 и 23 февруари: Перо Ловшин – фронтменот на словенчката панк-рок група „Панкрти“ гостин во Кинотека https://arhiva.vistina.com.mk/na-22-i-23-fevruari-pero-lovshin-frontmenot-na-slovenchkata-pank-rok-grupa-pankrti-gostin-vo-kinoteka/ Mon, 19 Feb 2024 12:57:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339252

На 22 и 23 февруари од 20 часот во Кинотека ќе биде прикажан долгометражниот музички-документарен филм „Перо Ловшин – Ти можеш“ кој ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Перо Ловшин. Тој, како фронтмен на Панкрти, со текстовите и активизмот одбележал цел еден период од историјата на Словенија. Настанот е во организација на Словенечки центар – Скопје и Кинотека, а по повод Прешернов Ден. Режијата на филмот е на Јани Север, кој е и автор на сценариото заедно со Стојан Пелко. Улогите во филмот ги толкуваат: Ловшин, Биг Фут Мама, Присмојени професори блуза. Долгометражниот музички-документарен филм ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Перо Ловшин. Тој, како фронтмен на Панкрти, со текстовите и активизмот одбележал цел еден период од историјата на Словенија. Во режија на Јани Север, филмот го опфаќа периодот на анархизмот и бунтовноста на 1970-тите години, независноста на Словенија, демонстрациите во центарот на Љубљана, сè до учеството на UEFA Euro 2000 во Амстердам. Панкрти, формирани во 1977, во мала населба во околината на Љубљана, се најверојатно првиот панк рок бенд во тогашниот источен блок, зад железната завеса. На самиот почеток свиреле преработки од етаблирани панк и рок групи како Sex Pistols, The Clash, New York Dolls. Биле дел од сега веќе легендарната компилација Novi Punk Val. Во 1980 го објавуваат нивниот прв долгосвиречки проект, винил албумот „Dolgcajt“. Препознаени по ангажираните социјално-политички текстови и коментари, Панкрти стануваат култен бенд на територијата на некогашна Југославија. Нивниот втор ЛП „Državni ljubimci“ доживеа одличен одѕив меѓу критиката и публиката и беше прогласен за југословенски албум на годината. Во 1996, настапуваат како предгрупа на нивните идоли Секс Пистолс, во рамките на настапите низ Словенија. Застапени се и во фалениот рок документарец во продукција на Рајко Грлиќ – СРЕЌНО ДЕТЕ (Sretno dijete).]]>

Нема шанса да го препознаете Тони Зен: Промената на имиџот е толку голема што би рекле дека не е тој (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nema-shansa-da-go-prepoznaete-toni-zen-promenata-na-imidhot-e-tolku-golema-shto-bi-rekle-deka-ne-e-toj-foto/ Tue, 09 Jan 2024 09:09:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334166

Широки блузони, панталони, маички, задолжително со спортско капче и својот бунтовнички став од визуелениот израз и стилски печат – вака го знаеме популарниот македонски рапер Тони Зен. Минатото лето, односно во јуни Тони Зен пред јавноста се претстави во едно сосема поинакво светло со неговата последна музичка тема „Ел Падрино“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Toni Zen (@tonizentoni)

Пред долги години направи вистински бум со своите текстови кои никого не оставаат рамнодушен и од локален прерасна во национален музички херој, а со истото темпо продолжува и денес, токму со „Ел Падрино“ чиј текст го напиша самиот. Тони за разлика од порано не така често го гледаме во јавност, а за празничното божиќно издание на шоуто „7-мо небо“ и беше гостин на Марјана Станојковска заедно со Викторија Лоба. Оние што можеби од поодамна не го виделе Тони, на прв поглед тешко дека би го препознале. Сосема друг имиџ, елегантен господин со костум и шапка, сосема поинаку стилизирана брада. Префинета елеганција со став од новиот Тони Зен или оној кој го видовме во спотот од „Ел Падрино“. Олчигледно на Тони сега му е убаво вака, па строгата елеганција сега е неговото новото јас пред камери што совршено му стои. фото:Instagram printscreen/ tonizentoni/ marjanamay]]>

Уредникот на „Вистина“ Антонио Димитриевски на „Жешко столче“: „Ние сме таблоид, но името доволно кажува дали објавуваме лажни вести“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/urednikot-na-vistina-antonio-dimitrievski-na-zheshko-stolche-nie-sme-tabloid-no-imeto-dovolno-kazhuva-dali-objavuvame-lazhni-vesti-video/ Mon, 18 Dec 2023 08:18:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331390

Некогашен музичар кој свирел на тапани во неколку значајни македонски рок групи, меѓу кои најпозната е секако „Меморија“ со која го снима и првиот нивни албум „Оган под ѕвездите“. Речиси три и пол децении во новинарскиот еснаф. Новинар, уредник, ТВ и радио водител, која работел во сите можни медиуми. И електронските и печатените и овие кои се онлајн. Од Млад борец и Фокус, преку МРТВ и Радио Слободна Македонија, до Вистина... Од извршен продуцент и сопственик на „Премиер продукција“ до проект менаџер една цела деценија на „Универзална сала“. Од „Пулсирања“, „Шоуто мора да продолжи“, „Мислам дека имаме хит“, „Хит на месецот“, „Евтини приказни“, до „5 минути Вистина на РСМ“ и „Ништо лично“ на Слободен печат... Автор и организатор на две клучни манифестации кои ја вреднуваа, валоризираа и наградуваа македонската музика и нејзините автори и изведувачи на најрелевантен начин уште во почетокот на 90-те... „12 Величествени“ како и „Македонскиот радиски фестивал - МАкедонската Радио Селекција - МАРС“ кој ги наградуваше најслушаните песни во годината по избор на македонските радиостаници, официјален ПР на последниот „Макфест 2023“... Последните десет години основач новинар и уредник на порталот за култура, забава, естрада, мода, музика... Вистина.ком.мк - Антонио Димитриевски на гости кај младиот водител Никола  Трпковски, седнат на „Жешко столче“ во неговиот истоимен подкаст одговараше на скокотливите прашања за македонската естрада, нејзините ѕвезди и оние кои тоа би сакале да бидат, за оние кои тоа не се, а мислат дека се, за соработката и релациите со нив и нивните менаџери, за порталот во кого е новинар и уредник последнава деценија,  за новинарството и т.н. онлајн новинарство, за односот со колегите од другите медиуми, за паралелите помеѓу популарните од регионот и домашните изведувачи, за Министерството за култура, медиумите, прајм тајмот, забавата... За многу нешта за кои другите не можат, не смеат или не сакаат да зборуваат или немаат што да кажат... Сето ова во видеото кое можете да го погледнете во продолжение... ]]>

Тони Михајловски беше гостин кај Лазаров: Актерот за малку ќе направеше на јутјуберот „да му се одмили“ сексот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-mihajlovski-beshe-gostin-kaj-lazarov-akterot-za-malku-ke-napraveshe-na-jutjuberot-da-mu-se-odmili-seksot-video/ Mon, 17 Apr 2023 08:27:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298267

Во последното подкаст издание пред големиот христијански празник Велигден, на гости во неговото јутјуб шоу на Стефан Лазаров му дојде актерот и исто така некогашен ТВ водител, Тони Михајловски. Кумановецот со скопска адреса на живеење е мошне интересна личност, па така Тони има многу што да каже и раскаже на различни теми. Случки и збиднувања колку сакаш, од професијата, преку политиката до приватниот живот и тоа кажани онака како што само Тони - „Шанац“, како што му е прекарот на познатиот глумец,  може да  ги раскаже. Или што би рекле куп прикаски  од партиските кујни, преку филмот и театарот до марихуаната и кафеаната. Но, она што за момент го извади од „патки“, да не речеме од „гаќи“ младиот јутјубер, беше нешто сосема друго. Вечната тема по која сите копнееме, за која сите живееме, без која не можеме, која прави луѓето или да се довека вљубени или преку ноќ разведени... На сите нам потреба, задоволство, некому до душа и професија или како што велат „занает“ и тоа најстар на светот... Се' на се', во прашање е сексот, кој ставен во контекстот кој Тони му го наметна на Лазаров го остави  јутјуберот „подзинат“, ама овој пат поучен од  скорешното искуството - „со затворена уста“! Имено, кога дојде на ред муабетот да отиде во насока за машко - женските односи (во секој смисол), глумецот го шокираше јутјуберот со изјавата за своето прво сексуалнио искуство. „Добро што правиме со тоа што моето прво сексуално искуство е со постара девојка која ме силуваше?“ - го изненади со прашањето Тони затечениот Лазаров кој вчудовиден праша: „Тебе? Добро на страна смеењето, како тоа те силувала?“ „Така како што жена знае да силува маж, не е ни прв ни последен случај во животот“ - му врати Тони. „Добро, силување... значи дека не си сакал“? - праша „мртов сериозен“ јутјуберот, поучен од искуството дека „кога ќе се изгориш на млекото, ќе дуваш и на јогурт“, внимавајќи да не го окрка по втор пат на ист штос, па обвинението да не му се дуплира!? „На сила“ - му одговори Тони... па по една -две секунди додаде: „Се шегувам, ама што би било да беше така“? - по што и Лазараов и Тони прснаа во гласна смеа, откако на јутјуберот „му падна камен од срце“, зашто Тони Михајловски за малку ќе направеше на Лазаров „да му се одмили“ сексот... до крај на животот! Погледнете го моментот кога Тони Михајловски го „смрзна“ својот домаќин Стефан Лазаров, во неговиот сопствен подкаст:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

Фото и видео: Инстаграм/lazarovpodcast
]]>

Кога водителката на програмата во живо на „ТВ Пинк“ го виде гостинот побледе: „Не ми приоѓај, бре…!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-voditelkata-na-programata-vo-zivo-na-tv-pink-go-vide-gostinot-poblede-ne-mi-priogjaj-bre/ Fri, 04 Mar 2022 11:14:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241712

За време на емитувањето во живо  на утринската програма на телевизијата „Пинк“  и се случи непредвидена ситуација на водителката Ирина Вукотиќ.
Водителката на емисијата „Ново утро“  секогаш е скромна на малите екрани, но со нејзиниот изглед секојдневно го привлекува вниманието на гледачите. Таа се труди секогаш да биде културна, фина и насмеана, но изгледа овојпат, тоа не и успеа.
Имено, Ирина поканила гостин кој се појавил во студиото со жива змија околу вратот, а таа иако му ветила дека ќе ја држи во раце,  кога ја видела не можела да собере храброст да го стори тоа.
Гостинот првично и  предложил на домаќинката тој да ја држи змијата за глава за таа да може да ја погали по опашката.
Ирина тоа некако едвај го направила, по што гостинот отишол кај неа за да ја убеди да ја земе змијата во раце или да ја стави околу нејзиниот врат.
„Не ми приоѓај, бре!“ - панично извикала Вукотиќ откако претрходно уплашена побледела, по што програмата беше прекината, а на екранот се појави часовник.
Но, и покрај тоа што гледачите повеќе не можеа да гледаат што се случува во студиото, можеа да ја слушнат водителка како набргу се смее, поради што може да се заклучи дека не му се  налутила на гостинот.
Фото: Инстаграм принтскрин/irinavukotic

Фолкерката секси до болка, публиката љубопитна „до коска“: Сани мораше да му попречи да снима со рачето, на ѕиркачот што сакаше да дознае, што ли крие пејачката под фустанчето? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/folkerkata-seksi-do-bolka-publikata-ljubopitna-do-koska-sani-morashe-da-mu-poprechi-da-snima-so-racheto-na-dzirkachot-shto-sakashe-da-doznae-shto-li-krie-pejachkata-pod-fustancheto-video/ Wed, 16 Feb 2022 08:33:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239207

Естрадната професија колку и да изгледа, забавна, весела, опуштена..., оние што ја практикуваат и од неа живеат, знаат дека воопшто не е лесна. Напротив една од потешките, која покрај талентот, работата, вложувањата, среќата... и уште еден куп фактори за врвен успех, естрадните уметници, особено пејачките при работата се соочуваат со низа проблеми и непријатности. Најмногу и најчесто на настапите, каде покрај тоа што морат да ја кренат атмосферата и доведат до катарза, а сепак да останат прибани и свои,  понекогаш мораат и да се расправаат со „неразбрани“ или пијани гости, кои би сакале ако може, пејачката „да ги посвои“! Неодамна јавноста беше сведок на случката при настапот на српската фолк ѕвезда Милица Павловиќ во Охрид, кога момче во првиот ред од публиката се обиде да ја сними пејачката под фустанчето додека таа пееше. Па откако Павловиќ некоку пати го опоменала дека е дрзок, а тој продолжил,  Милица му го зема телефонот од раце и го фрли на бината зад неа: Дека не е само Милица пејачката која се нашла во ваква непријатна ситуација, покажа и нашата фолк убавица, Сања Сани Гроздановска на најновата видеоснимка. Пејачката како што ја дал Бог, убава, згодна, стројна, бујна и со долги нозе, секогаш покрај песната со која многу тоа умее да каже, има и тоа како и што да покаже. Се разбира онолку колку што е дозволено за покажување, без оглед дали е тоа  некогаш длабокото деколте или се долгите нозе под кусото фустанче. Токму ова последново било мета на љубопитниот гостин на еден од нејзините последни настапи. Сани онака стокмена додека седи и со балади ја загрева публиката, му влегла во фокусот на мобилниот на „мераклијата“ кој би сакал да сними нешто повеќе од што смее, додека тече мелодијата. Фолкерката секси до болка, публиката љубопитна „до коска“, па Сани откако прво се поднамести, мораше да му попречи да снима со рачето, на ѕиркачот што сакаше одблизу да дознае, што ли крие пејачката под фустанчето? Или сепак тоа и беше намерата, со мала провокација да ја зоврие атмосферата и на социјалните мрежи со видеото кое истите ги запали, како што тоа Сани редовно го прави на настапите по угостителските локали?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by SANI live (@sani.grozdanovskasanja)

Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja]]>

Се огласи Ѓани, па еве што кажа за пиењето од чевелот на гостинот: „Тоа го направив за добар пријател, а не за дебел бакшиш“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-oglasi-gjani-pa-eve-shto-kaza-za-pienjeto-od-chevelot-na-gostinot-toa-go-napraviv-za-dobar-prijatel-a-ne-za-debel-bakshish-foto/ Mon, 23 Aug 2021 08:33:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216321

По објавата на социјалните мрежи, се крена голема прашина сите зборуваат за приватната прослава на која пееше Радиша Трајковиќ Ѓани, но не затоа што одржа концерт за паметење, туку затоа што пиеше од собуениот чевел на еден од гостите. Ѓани за бакшиш пиеше од собуен чевел на гостинот: Нема толку смрдлив чорап, колку што гостинот може да плати! (ВИДЕО) – Вистина.мк (vistina.com.mk) По некое време се огласи и самиот пејач, овидувајќи се да ја појасни ситуацијата: „Секој работи или зборува и мисли дека тоа е правилно. Не се оптоварувам околу осудите и коментарите на водителите и актерите. Актерките исто така прават се' “– изјави Ѓани по повод коментарот на водителката Маријана Мишиќ, а после тоа откри дали настапот со пиење од тукушто собуениот чевел на гостинот е нешто што го прави на секој настап или ова беше само случајност, односно исклучок: „Не го правам тоа постојано на секоја прослави постојано, далеку од тоа. Тоа беше прослава на мој добар пријател и бев понесен од емоциите, па затоа го направив тоа. Го направив тоа за добар пријател, од чиста шега“ – објасни Ѓани. Фото: Инстаграм принтскрин/djanimusic]]>

Ѓани за бакшиш пиеше од собуен чевел на гостинот: Нема толку смрдлив чорап, колку што гостинот може да плати! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjani-za-bakshish-pieshe-od-sobuen-chevel-na-gostinot-nema-tolku-smrdliv-chorap-kolku-shto-gostinot-moze-da-plati-video/ Tue, 17 Aug 2021 09:30:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215590

Јавна тајна е дека српската естрада, особено трубо фолкерите се подготвенаи на се', па дури и да паднат ниско под сопственото реноме, а на моменти и човечкото достоинство само да извлечат што е можно поголем бакшиш од пијаните гости. Еден од оние што можат да се закитат со најмногу вакви понижувања е турбо-фолкерот Радиша Трајковиќ – Ѓани. На видео снимката од една веселба која кружи по социјалните мрежи,  се гледа како 48-годишниот српски турбофолкер седи на земја среде локалот со грст пари пред себе и во рацете, па дури и залепени крупни банкноти евра на челото, додека еден од пијаните гости му дава на пејачот да пие нешто, веројатно некаков алкохол, ни помалку ни повеќе, од неговиот тукушто собуен чевел. „И што велите, корона, децата не можат на училиште“? - гласи во описот на објавеното видео. Образот велат нема цена, но очигледно кога е во прашање српската турбо-фолк сцена сѐ има своја цена. Со реномето се брише подот, а  достоинството се голта и од туѓ чевел... за некое евро повеќе! ]]>

Српската фолк пејачка раскажа како се брани од „непристојни додворувачи“: „Тој ме фати за задникот, а јас го нокаутирав“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-folk-pejachka-raskaza-kako-se-brani-od-nepristojni-dodvoruvachi-toj-me-fati-za-zadnikot-a-jas-go-nokautirav-foto/ Wed, 17 Mar 2021 09:49:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194591

Српската фолк пејачка  Милена Ќераниќ откри дека во една прилика доживеала непријатна ситуација што и се случила за вренме на еден нејзин настап, кога непознато момче се обидело да биде непристојно. Како што открива, тој  се однесувал премногу слободно и во еден момент ја фатил за задникот. „Се случи непријатна, глупава сцена.Ретко настапувам во кусо фустанче, што веројатно го испровоцира поднапиеното момче кое беше гостин, па тој ми пријде и ме фати за задникот. Но и не помина баш  добро. Така го удрив, што тој падна, па собра две маси со себе и сруши сè. Го нокаутирав! Неговиот  пријател праша во стилот: „Што е работата?!“, а јас му реков: „Да не сакаш и ти?“ - раскажа пејачката во емисијата „Премиера“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Milena Ceranic (@ceranicmilena)

По Северина, Кеба прибра уште еден гостин во својот дом: Членот на семејството има необично име (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-severina-keba-pribra-ushte-eden-gostin-vo-svojot-dom-chlenot-na-semejstvoto-ima-neobichno-ime-foto/ Fri, 15 May 2020 09:02:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149750

Откако најпрвин ја прибра снашката Северина за време на корона опандемијата да седи во 28 дневна изолација во неговата куќа во Белград,  Драган Којиќ - Кеба ги изненади своите следбеници на Инстаграм кога покажа дека повторно има нов член во својот дом. Имено, тоа е новото милениче на пејачот, кое дони многу необично име - Пако. Кеба го фотографирал кученцето додека се одмара на прагот од прозорецот, а коментари не стивнуваат. од оние пофалните и слетки на сметка на новиот куќен љубимец, до оние „зајадливите“ од типот: „Кеба, конечно си приминил вистински гостин дома!“ ]]>