гости – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 09:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гости – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Задоцнета, ама уште послатка: Свадбата на Антониа и Роберт ја собра естрадата која за младите славеше во име на љубовта – еве ги најинтересните моменти (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zadotsneta-ama-ushte-poslatka-svadbata-na-antonia-i-robert-ja-sobra-estradata-koja-za-mladite-slaveshe-vo-ime-na-lubovta-eve-gi-najinteresnite-momenti-foto/ Mon, 11 Mar 2024 09:34:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341804

Од содржините на Вистина неодамна имавте прилика први да дознаете дека естрадната брачна двојка Антониа Гиговска и Роберт Спасенцоски ќе прават свадба, а информацијата од прва рака ја добивме од младоженецот. Па така, како најавија, така и направија. Првите објави на Инстаграм осамнаа кај зетот, кој уште во еден напладне заедно со својата машка дружина и семејството почна да слави. Тргнаа по старите обичаи, викнаа музика за по невеста и откако удри тапанот и чукна првата здравица, еуфоријата и возбудата започна уште повеќе. Иако свадбата не им се случува по ред, зашто склучија граѓански брак минатата година, а веќе имаат и плод на љубовта, малиот Киан, свадбата можеби е временски задоцнета, ама уште послатка. Редот тргна со одењето по невеста, која за портебата се врати кај мама и тато,  па откако завршија со сите планирани свадбени адети, младите тргнаа да си ветат љубов и пред Бога, а со тоа со тоа да завршат комплетно како со граѓански, така и со црковен брак. Откако бидна и тоа со светиот чин, следеше она највозбудливото – свадбата во еден познат скопски ресторан. Антониа и Роберт ништо не заобиколија, па сакаа се’ да изгледа како во бајка. Декорацијата од црвени природни ружи го красеше комплетниот амбиент уште од влезот на салата, па се' до главната маса на младите обиколена со стоптици црвени цветови. Првото поздравување со гостите на влезот беше уникатно и посебно емотивно затоа што во рацете на младоженецот беше нивното синче Киан. Дотерано во свечена бебешка облека што го правеше уште посладок за да им го украде шоуто на мама и тато. Секој во свој филм, невестата во тесна венчаница во сирена крој која ја истакна нејзината витка линија, а пак младоженецот лежерен во тренди кежуал парчиња  несвојствени за свеченост од ваков тип. Очигледно и очекувано дека невестата била таа што посветила повеќе внимание на себе, па во текот на вечерта облече уште една венчаница, овој пат куса и повторно од тантела, но со долги ракави, а на нозете носеше патики за да биде што поопуштена за полесно играње и стоење на нозе до крајот на ноќта. Како што претходно најави младоженецот, на сбадбата присутни беа околу 300 гости, а покрај роднините и пријателите на семејствата Гиговски и Спасенцоски, најголем дел од беа соработниците од естрадните кругови, како на невестата, така и на младоженецот. Па така, меѓу оние кои славеа за љубовта и бракот на Антониа и Робет беа: Композиторите Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Роберт Билбилов и саканата Лејла Рамковска, колешките Лина Пејовска, дизајнерката Ива Спасовска, стилистот Даниел Николовски, Александар Дадар и многу други... Камерите од мобилните беа вклучени кај сите кога младите го заиграа првиот танц, а невстата на крајот заврши во рацете на саканиот. За се’ да биде на ниво, а атмосферата плафон, особено за музичкиот дел, беа задолжени група „Арија“ на кои младите им ја препуштија довербата. Социјалните мрежи вриеја од фотографии и видеа од големиот ден на Анониа и Роберт, а во продолжение погледнете ја галеријата од најинтересните моменти. Честитки до младите на кои им посакуваме цел живот да си бидат совршено надополнување еден на друг! фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa/ jokerdam93]]>

ВИСТИНА ексклузивно открива: Бракот на Антониа и Роберт нема да остане само на потпис во матично, викендов се спрема СВАДБА ГОЛЕМА – „Имаме позитивна трема и возбуда!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vistina-ekskluzivno-otkriva-brakot-na-antonia-i-robert-nema-da-ostane-samo-na-potpis-vo-matichno-vikendov-se-sprema-svadba-golema-imame-pozitivna-trema-i-vozbuda-foto/ Fri, 08 Mar 2024 09:13:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341573

Помина речиси една година откако пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот сакан, сегашен сопруг и татко на нивното дете, музичарот Роберт Спасенцоски стапија во брак и ставија параф во матично. Токму кога помисливме дека ваквата формалност ќе биде доволна како круна на љубовта на познатата естрадна двојка, пристигнаа свадбени покани во естрадните кругови. Антониа и Роберт оваа недела, односно на 10-ти март ќе прават голема свадбена веселба. Детали за свадбата, од прва рака добиеме од младоженецот кој за читателите на Вистина.ком.мк сподели како течат подготовките на неколку дена пред свечениот чин и зошто баш сега се решија за свадба. -Со оглед на тоа што поголем број од гостите ни се колеги, некако одлучивме да биде овој период од годината како порастеретен, а сакавме и да ја избегнеме свадбената гужва. Секој месец е посебно убав ако се организира се' како што треба и навреме. Имам некоја позитивна трема, не дека не сум возбуден или еуфоричен, но дефинитинво невестата е повозбудена, открива младоженецот Роберт и додава дали свадбата ќе биде поинтимна или баш голема: - Хмм голема, мала... Сум бил на свадби со повеќе од 500 гости, сум присуствувал и на мини венчавки, така што свадба е свадба, самиот чин е голем без оглед на тоа колку гости ќе брои, еве ние ќе имаме 300, вели Роберт. Довербата за музичкиот дел ќе им ја препуштат на колегите од „Арија“ кои ги почитуваат, а Роберт безрезервно им верува дека ќе направат атмосфера за паметење. -Свадбата ќе биде во еден познат скопски ресторан, а околу музиката се одлучивме за група „Арија“, мои блиски пријатели и колеги, можеби едни од најдобрите, ако не и најдобри, завршува Роберт ласкајќи им на колегите задолжени за музичкиот дел и одличната атмосфера. А за тоа како ќе биде на забавата од големиот ден на Антониа и Роберт, останува наскоро да почекаме фотографии и видеа кои сигурно ќе ги преплават социјалните мрежи... фото:instagram printscreen/jokerdam93]]>

Жика Јакшиќ го славеше јубилејниот 60-ти роденден: Не се штедеше ама баш за ништо, а на гостите им кажа дека на подарок сака само пари (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zhika-jakshik-go-slaveshe-jubilejniot-60-ti-rodenden-ne-se-shtedeshe-ama-bash-za-nishto-a-na-gostite-im-kazha-deka-na-podarok-saka-samo-pari-foto/ Thu, 08 Feb 2024 11:04:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338066

Водителот Жика Јакшиќ го прослави својот 60-ти роденден, а доказ за тоа се фотографиите направени пред ексклузивниот ресторан што го изнајмил за таа пригода. Водителот се потруди за својот јубилеј, не штедеше ни на украси, ни музика, ни храна, а богами ни на број на гости. За одличната атмосфера што ја создаде водителот сведочат бројни гости од забавните, политичките и актерските кругови, но тоа не е она што ја одбележа вечерта. Жика Јакшиќ го прослави својот 60-ти роденден со единствена желба да ги донира своите роденденски подароци, со оваа намера со поканата ги информираше гостите за своите идни активности, поради што сите со плико во рака се појавија на прославата на водителот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zika Jaksic (@zika.jaksic)

Парите веројатно ќе бидат префрлени на оние на кои им се најпотребни. За ова своевремено ќе се одлучи омилениот водител и автор на емисијата „Никогаш не е доцна“, секако најважни се неговите убави желби и хуманитарна цел. Ова не е првпат Жика да учествува на хуманитарни настани, но бидејќи е скромен, ретко зборува за тоа. На крајот на краиштата, тој се води од идејата да помогне, а не да зборува за тоа.
 
Неговата последна акција, сепак, крена толку голема медиумска прашина што за неа ќе се зборува со месеци. Меѓу гостите на Јакшиќ, Милица Павловиќ, Милица Тодоровиќ, Снежана Ѓуришиќ, Боба Живојиновиќ, Ивица Дачиќ кои дојдоа на прославата со синот и снаата Драгана Миќајубаловиќ, Стеван Анѓелковиќ, Саша Матиќ, Аца Пејовиќ... фото:Instagram printscreen/ zika.jaksic]]>

Тамара Тодевска се пофали со својата тајна вештина: За оваа нејзина умешност најдобро знаат најблиските, но кој би рекол!? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-se-pofali-so-svojata-tajna-veshtina-za-ovaa-nejzina-umeshnost-najdobro-znaat-najbliskite-no-koj-bi-rekol-foto/ Fri, 10 Nov 2023 08:37:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326284

За Тамара Тодевска сите добро знаеме дека е еден од најдобрите вокали во земјава. Реализирана жена, посветена на кариерата, децата, на себе... Она што и прави задоволство секако е љубовта кон музиката без која не може да и минува секојдневието и животот воопшто.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Познато е дека неколку години наназад стана страствен вљубеник во вежбањето, ги намали килограмите, од неодамна почна да прави и музика, сака вечерни излегува со друштво, наедно, секогаш немирна ко ветер, со темпераментен дух каков што имаат астролошките близнаци како неа. Токму близнаците, знаат да изненадат со нешто за кое на крај памет нема да ти падне, а тоа секогаш да биде изведено до перфекција, како во случајов. Имено, Тамара деновиве со или без повод засука ракави во кујната и подготви полна трпеза за пријателките и саканиот, а за истото се пофали самата преку социјалните мрежи, а секако ја пофалија и оние што се насладуваа од богатото мени. Од разни видови на салати, сирења, месо, апетисани, ајварче од Драчево кое го превеше со тато Велко неодамна, се’ на се’ гозба за мерак приготвена и сервирана како во ресторан од вештите раце на домаќинката Тамара Тодевска. Со ова се покажа и пред Лука, а за пријателките веруваме дека веќе знаеја колку им е вешта и вредна пријателката. Епа, алал вера шефице!]]>

Домаќини, добри гости ви дојдоа… Тања и Новица во далечната Австралија имаа посета, па со песна ги дочекаа колегите од Македонија! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/domakini-dobri-gosti-vi-dojdoa-tana-i-novitsa-vo-dalechnata-avstralija-imaa-poseta-pa-so-pesna-gi-dochekaa-kolegite-od-makedonija-video/ Wed, 11 Oct 2023 07:10:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321575

Татајана Лазаревска и Новица Василевски, брачната естрадна двојка по летниот престој во родната Македонија кој и тоа како работно го искористија со фестивалски настапи и промоција на две нови песни и спота, се вратија во далечната Австралија каде последниве години живеат и работат. Иако постојано таму се дружат со нашинците,  не помина долго време кога одново нешто одблизу ги спои со родната грутка. На австралиските домаќини добри гости им дојдоа... и тоа колеги од Македонија! Имено, Стојне Николова, Бобан Мојсовски и нивната фолк екипа од Динамик бенд периодов се на турнеја токму низ Австралија, па симпатичната струмичанка и нејзиниот музички компањон по концертот во Емералд во Мелбурн, најдоа слободно време да им отидат на визита на нивните колеги, сега веќе одомаќени во еден од најголемите градови на најдалечниот континент.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by STOJNE NIKOLOVA (@stojne_official)

А кога ќе ти дојдат дома гости, па уште колеги и драги пријатели од татковината нема зборови да се опише убавината... Особено онаа на заедничката дружба, која како поинаку би кулминирала кај пејачите, ако не со песна. Масата полна, нешто да се замези и пивне, а потоа доаѓа време и да се запее. Муабетите немаат крај, ама за песна време секогаш се наоѓа... И тоа за онаа најновата, дуетската и победничка од последниот „Охрид фест 2023“ на Тања и Новица. И тоа насловена токму онака како што и прилегало и на дужбата со колегите и пријатели од Македонија: „Љубов ни е име, а пак среќа ни е презиме, песна место потпис, тоа ни е наш краток опис...“! И сите заедно, цeлото семејство и нивните гости  во еден глас ќе запеат додека го гледаат  настапот во неодамна снимената емисија „Мерак меана“, во која австралиските домаќни пред да заминат од Македонија учествуваа! Ваква дружба и весело расположение ретко се гледа и доживува... Но, тоа е очигледно секогаш така кога се во прашање Татјана и Новица... А дружбата - дај Боже да е секогаш ваква искрена, топла и срдечна, довека! Впрочем и домаќините удостоени и гостите угостени и задоволни, за што говори и јавната благодарност за гостопримството на убавата Стојне до, како што  самата вели, нивните најпозитивни колеги и пријатели. Фото: Инстагрм/tatjanalazarevska_official/stojne_official]]>

Миланка Рашиќ им беше домаќинка во Скопје на Павле и Ружа, родителите на Даниел Кајмакоски: Остана нејасно кој честеше ручек, водителка за добредојде, или гостите за новото внуче?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/milanka-rashik-im-beshe-domakinka-vo-skopje-na-pavle-i-ruzha-roditelite-na-daniel-kajmakoski-ostana-nejasno-koj-chesteshe-ruchek-voditelka-za-dobredojde-ili-gostite-za-novoto-vnuche-foto/ Tue, 25 Jul 2023 07:25:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311390

Последниот ден од месец април, стана еден од најзначајните во животот на пејачот Даниел Кајмакоски и неговата новопечена сопруга Марина,  поради раѓањето на нивното првенче, синчето Стефан. По првичната семејна радост и грижата околу малечкиот првите денови, пејачот полека им се враќа на своите работни обврски, односно на вечерните ангажмани, најмногу во елитниот ноќен кабаре клуб „Ла Фајет“ во Белград.   Во меѓувреме неговите родители кои се уште живеат на релација Австрија - Македонија, летото го користат како и секоја година за посета на родната земја. Павле и Ружа Кајмакоски што заради патриотиските чувства и носталгијата кон татковината, што заради пејачките ангажмани на таткото на Даниел, кој запотсетување исто така е  естраден уметник, односно фолк пејач. „Во есенскиот период секогаш имаме доста работа, заклучно со зимскиот. Летото пак, го поминуваме во Македонија, бидејќи тука се случува се’: Како за одмори така и за свадби, крштевки...“ - ќе изјави во една прилика Павле кајмакоски,чие лице можеби „не ви звучи така познато“ како лицето на син му Даниел, ама затоа неговите песни звучат многу патриотски! Како и секое лето така и ова родителите на Даниел повторно се вратија во родната грутка, но најдоа и време да ја прошетаат Македонија, а со тоа неизбежно да дојдат и во нејзината престолнина - Скопје. А тука, ги пречека никој друг, туку нивната домаќинка, добропознатата долгогодишна ТВ водителка и новинар, Миланка Рашиќ. Можеби некој и ќе се зачуди од каде пак сега ваквата спојка и што имаат тие со неа, но оние кои добро ги познаваат приликите на естрадата знаат дека Миланка долго време го работи ПР менаџментот на Даниел Кајмакоски, со кого е исклучително и приватно блиска. Па покрај пејачот таа близина се пренесува и на семејството, со што водителката станала еден вид и семејна пријателка со фамилијата. Токму затоа на родителите на Кајмакоски во Скопје добредојде прва им посака русокосата Миланка. Разбирливо, неколку фотографии за вечни спомени во центарот на престолнината беа неизбежни. Секако, „семејниот ручек“, ако така може да се нарече, исто така неизоставен во еден угледен скопски ресторан. Едно видување, сто муабети и илјада спомени, меѓудругото овековечени и со заедничка фотографија од летната средба на водителката и семејството на Х-фактор ѕвездата. Повеќе од очигледно средбата била топла и средечна, емотивна и блиска, исополнета со муабети, прикаски, планови, евоцирање спомени и едно ветување... За повторно, скоро видување. Единствено едно остана нејасно: Кој честеше ручек? Водителката за добредојде на гостите или родителите на Даниел Кајмакоски за новороденото внуче Стефан? Впрочем, не и ни важно, важно е да е за арно! Фото: Инстаграм/daniel_kajmakoski/ Фејсбук/Milanka Rasic]]>

Со саканите до себе е уште послатко: Хелена со семејството во Скопје славеше специјален ден (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/so-sakanite-do-sebe-e-ushte-poslatko-helena-so-semejstvoto-vo-skopje-slaveshe-spetsijalen-den-foto/ Mon, 24 Jul 2023 07:20:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311312

На почетокот од месец јули, поранешната ТВ водителка Хелена Роза по четири години заедно со сопругот Игор и синчето Тиан се врати во родната Македонија. Деновите и се комплетно исполнети, веројатно не знае со кого попрво да се види и да помуабети непосредно. Но еден убав ден каде можеше да ги собере најдрагите, беше специјалниот ден, роденденот на нејзиното синче Тиан кој наполни шест години. Роденденската забава се случи во еден познат ресторан во скопски Аеродром, а Тиан имаше необично македонско роденденско доживување. Тета Беки во прв ред му ја отпеа роденденската песна која звучеше посебно, а тука беа и пријателите на мама Лени меѓу кои секако и Зоки Фаци. Возбудувањата не застанаа тука, па специјалностите продолжија со тоа што Хелена беше во жирито за избор на Мис лето Македонија 2023 и на некој начин се врати по стро, барем додека е на гости. Дека и е забавно и испллнето времето, покажуваат објавите, па и нјавите дека деновиве ќе биде гостинка во поткастот на Стефан Лазаров кој го подготвува новото студио, каде сефте ќе гостува Хелена. Со оглед на тоа дека цели четири години не била во Скопје, веруваме дека на Хелена секој момент и е евоцирање спомени на се' она што и беше драго. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Дојде големиот ден за Стефан Лазаров- се вее македонското знаме, се врти оро, ечат зурли и тапани, Марта е негова (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/svadba-e-golema-dojde-golemiot-den-za-stefan-lazarov-se-vee-makedonskoto-zname-se-vrti-oro-echat-zurli-i-tapani-marta-e-negova-foto/ Sat, 08 Jul 2023 14:32:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309472

Викендите, особено во летниот период редовно се резервирани за свадбените веселби во фокусот. Оваа сабота дојде редот и за свадбата на познатиот јутјубер Стефан Лазров и неговата сакана Марта. Како што најави претходно во медиумите, дека свадбата ќе биде со сите македонски обичаи, така и се случи. На пладне тргнаа по невестата, подготвени со сите дарови и секако со полн џеб за да ја земат од родителите. Откако бидна, се залеа и првата чаша за здравица, засвири песна македонска, се развиори македонското знаме и почна да се врти оро. Откако кај нестата направија се’што треба, се нареди колона возила и се тргна кон црква каде младите си се ветија еден пред друг пред Бога. Емоции на тон, посебен ден кој засекогаш се памети, Стефан и Марта ги создадоа своите мигови за паметење. Лазаров иако беше еуфоричен и возбуден, не пропушти да сподели по некоја фотографија пред своите следбениици на Инстаграм. Веслбата на која се поканети многу гости, ќе се случи во еден познат скопски реаторан , а за музичкот дел ако преку дена за по невеста беа ангажирани браќата Нуневци, за големата веселба гостите ќе ги забавуваат „Балкан бенд“.   За потсетување, во месец септември минатата година Стефан ја запроси Марта на стадион на фудбалски натпревар на неговиот омилен клуб Барса. фото:Фејсбук/Инстаграм/Стефан Лазаров]]>

Марјана Станојковска и Вера Мештеровиќ во фустани кои одземаат здив: Македонските водителки го собраа целото внимание на Виенски бал (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marjana-stanojkovska-i-vera-meshterovik-vo-fustani-koi-odzemaat-zviv-makedonskite-voditelki-go-sobraa-tseloto-vnimanie-na-vienski-bal-foto/ Mon, 15 May 2023 07:29:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301876

Гламурот, елеганцијата и престижот, уште еднаш беа попратни синоними на традиционалниот Виенски Бал во Скопје кој изминатиот викенд, односно во саботата се одржа по 22-ри пат во хотелот Александар Палас. По музиката на Штраус и уметноста од легендарниот музички дух на Виена пулсираше Виенскиот бал, настан под покровителство на амбасадата на Република Австрија во Скопје, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус. Балот на едно место го собра дипломатскиот кор, општествениот и културниот живот, како и од деловниот свет, а гостите се дружеа, танцуваа и густираа од богатото мени со избрана храна. Редовно, како и секоја година, па така и оваа требаше да се испочитува традицијата на настанот, односно задолжителниот дрес- код, и тоа, за дамите – свечена долга тоалета, а за господата – темни костуми или смокинг. Водител домаќин на настанот беше Вера Мештеровиќ која смени две црни тоалети со дизајнерски потпис на домашна етикета. Екстравагандна, гламурозна и раскошна, Вера едноставно доминираше, баш онака како што доликува за водител на настан од ваков карактер. Модна кралица во црно која со својата маркантност и впечатлива појава беше една од најгламурозните. Ништо помалку впечатлива не беше ниту водителката Марјана Станојковска која беше гостинка, но ултра впечатлива со бајковидна и драматично црвена волуменозна тоалета во принцеза крој со истакнати раменици. Пуштената долга руса коса, впечатливата шминка, накитот и целосниот моден визуелен приказ и Марјана ја направија да биде рамо до рамо со највпечатливите. Секако, Виенскиот бал беше една модна парада на гламур и авангарда од кој доминираа дамите.
Инаку, според програмата, се претставија Оркестар Јохан Штраус, диригентката Бисера Чадловска, Танцова школа Прима Данца, Танцова школа Врачар од Србија, Свингерси, вокалните солисти Драган Бобиќ – Дексо, Калина Велковска, Вејчеслав Поповски, балетот од НОБ, првенци на балетот Саша Ефтимова и Балаж Локсеи, Мирослав Митрашиновиќ и Христина Наќевска. фото:Инстаграм принтскрин/Вера Мештеровиќ/Марјана Станојковска/wienerball.mk]]>

Мајка и ќерка на прошетка низ Белград: „Тијана и Брана, мала чета одбрана“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/majka-i-kerka-na-proshetka-niz-belgrad-tijana-i-brana-mala-cheta-odbrana-foto/ Wed, 03 May 2023 06:28:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300309

Мајка и ќерка, однос кој нема барири и незгодности, особенои кога и возраста го достигнува тоа ниво. Пејачката Тијана Дапчевиќ и незината мама Брана деновиве уживаат во заедничките моменти и приликата да бидат близу една до друга. Мама и дојде на гости во Белград, прилика која не е секојдневие, па сега уживаат и дишат во ист ритам. Всушност, Тијана најпрвин на гости ја имаше сестра си Тамара која дојде работно, потоа Тијана замина за Скопје за роденденот на внуката Хана, а сега откако се врати дома, повторно има драг гостин – мама Брана. За заедничките моменти Тијана се пофали на Инстаграм додека се шетаат низ Белград. Направија неколку фотографии кои ќерката ги закачи на Инстаграм, а коментарите се редеа до недоглед. Прв беше Џанбазов кој ја најде и римата од нивната дружба: „Тијана и Брана, мала чета одбрана“, напиша тој. Оние што за првпат ги гледаат заедно, коментираа дека мама е убава и негувана жена, па јасно е од кого Тијана ја наследила убавината. Други пак се согласија дека од фотографиите им е јасно на кого личи Тамара. Исполнети денови и тоа заедно со мама, никогаш не се доволни, особено кога како во случајов не живеат така близу. Уживање, спомени и многу љубов! фото:Инстаграм принтскрин/Тијана Дапчевиќ]]>